Сериозен си?! Инаку во среда од еден обичен предавник по име Јуда,беше предаден Исус Христос,а во Петок беше неправедно и кукавички распнат. (Сето ова,всушност се случи за спасение на човештвото Милостивиот Господ стана жртвено јагне за нас-грешните,и ти кажуваш дека ова се само обични денови?) Постот во среда и петок,е установен уште од првите векови,за време на првите вселенски собори! Срамота е да не се испочитуваат и да не им се придаде важност на овие денови.
А дали ти се помили од јадење на вкусно гравче тавче или вкусно рипче во петок? Ако во Среда Исус беше предаден од само еден ученик (Јуда), во Четвртокот беше оставен од сите останати 11 (единаесет!) ученици сам да се моли во Гетсеманската градина и покрај тоа што ги замоли да бидат будни со Него. Дури ни Неговите тројца најблиски ученици (Петар, Јаков и Јован) не сакаа да се молат со него и да го тешат додека тој ронеше крвави солзи, туку помило им беше да си спиат. Зарем заслужува Господ да не го испоштуваш и тој ден - Четврток? Зарем ти се помили маслото и виното од, како што вели Ортофил, од Бог и спасението? А што е со Понеделникот? Во Понеделникот Исус се разгневи како никогаш порано кога ги виде менувачите на пари и продавачите на гулаби во храмот? Тој ден - Понеделник беше обесчестен Божјиот свет Храм и од дом на молитва беше направен во разбојничко дувло? На тој Понеделник Исус најмногу се разгневи! Како можеш и ти @Orthophill да јадеш риба на тој ден? Зарем рибата ти е помила од Бог и Спасението? Ах таа мртва Сабота... Саботата беше денот кога Исус беше се уште мртов. Учениците беа нажалени и обесхрабрени без својот Господар. Како можете да јадете мрсите прсти и усти со риба во денот кога учениците беа нажалени и обесхрабрени немајќи го при себе својот Господар? Зарем рибата ви е послатка од Бог и спасението??? Гледаш кон каде води оваа такозвана „логика“? За секој ден можеш да си најдеш нешто лошо што се десило. И дали тоа значи дека треба да донесеш правило дека заради тоа лошо, мора сега сите да јадат храна што на некој таму рибарџија му текнало дека е „дозволена“ за тој ден, а да не јадат храна што на него не му била по ќеиф и ја прогласил за забранета?
@EvAngelos Значи Исус беше предаден во Среда,без разлика што во четвртокот се молеше во Гетсиманската градина,впрочем таму и го "уапсија" па во Петокот беше распнат. Е сега,не дека донекаде не си во право дека секој ден има одредено значење за служба кон Бог,но постои едно големо НО,за нас православните среда и петок се востановени како обавезни(морални)денови за пост,и тоа со векови наназад. И не,не е рибата "мрсна" до толку за да се чувствуваме неубаво додека ја јадеме во пост. Ако не знаеше,рибата е еден од најстарите симболи на христијанството
Повеќето риби имаат повеќе маснотии отколку јајцето. Сепак во списоците што ви се наложени рибата ја рачунате за посна, а јајцето за мрсно И виното исто така. Затоа удри на весеље у сред пост
Бигорски вели дека нема секс за време на пост зошто постот се однесува на сите телесни задоволства. А нетрпеливоста заради немање секс е тест на ментална, емотивна и духовна исполнетост. Бигорски вика дека нема разрешување кога секс е во прашање. (иако познавам личности кои викаат демек духовниот татко ги разрешил јер постеле не знам колку пати во животот и за нив немало проблем, као немој те молам... ти фати врски кај Господ? Вакви глупости кој гаи религија и духовност (не секој кој пости е духовен) нема да си дозволи ако е здрав и прав, прво лаже кај духовниот татко за својата слабост) Се разрешува во однос на храна кога е болест во прашање. А Лела е во право... брачна должност. Може да не постиш и да не ти е до секс, на другиот да му е, тој што ќе се налути он нека гори во пеколот. На крајот гревот на искушувачот него ли на искушеникот. Не може да има грев тој што се предал на некакво ветување кон себе и при тоа сака да успее во тоа. А бракот е света тајна и не сфаќаш и нема ни да сфатиш, да ми простите ама остај тоа што е само и силување, туку и манипулација. Извинете ама ај што ви нема муабетот врска со религија, туку и со необразуваност, мислам дека одамна научивме дека добар однос со маж не се гаи само низ со опростење јер постите женски полов орган. Ова како рекламата со еманципацијата... Душленце знаеш дека е грев да отрфлаш некој кој сака да ја запознае својата религија? Ако ти си во тој свет ничие однесување нема да те помести, туку ќе бидеш наградена со трпеливост и добродушност да го воведеш тој што прашува и нема да бидеш изиритирана. А нашата религија е мошне себичен израз. Религијата не е себична работа. На темава повеќе зборувате за нешта од традиција, него ли од гаење на духовност.
Да и вино е дозволено,ама само црвено И си пијам да ти кажам,ама во одредени денови само Знаеш оти? Оти се водам по типици и правила,стари со векови,од Духовни Отци и световни лица,не дека на некој си "рибарџија"(како што рече ти) оти му текнало така.
Од кого дозволено? Од некој што си немал попаметна работа па седнал да измислува мени за дозволени и забранети пијалоци? Слободно напиј се и пивце, ти гарантирам дека нема гром да те мавне, ниту пак Господ ќе ти пише минус затоа што си го сменила менито за пиење Башка во пивото има многу помалку алкохол, па нема и глава да те боли ако претераш, плус ќе си ги переш бубрезите. Реков рибарџија затоа што во менито за постење што тој човек го пишувал преовладува риба. Оттука е јасно дека тој човек си бил мераклија за риба, па затоа си ја пишал рибата најмногу во менито. И како сакаш наречи го, сепак тој бил обичен човек од крв и месо. Тие мениа не се регулативи на Господ. Тоа се човечки измислици.
Скроз е нерелеватно што вели Бигорски. Што е Бигорски, советувалиште за фреквенцијата и интензитетот на телесните односи на брачните мирјани? Тоа е исто како да кажеш, Водоча вели, Свети Јоаким Осоговски вели, Вељуса вели, Лесновски вели. Тоа се манастири со по неколку духовници, сите имаат еден куп духовни чеда и односот меѓу духовникот и духовните чеда е уникатен и неповторлив, не дека има едно „правило“ во однос на телесните односи за сите духовни чеда на манастирот. Тоа не ни може да ти одреди некој трет, тоа е прашање кое се решава меѓу сопружниците. Погрешен впечаток е дека некој трет меша прсти во бракот на дотичните духовни чеда. Така да, не постои „Бигорски вели“. Се потенцира конкретен духовник, а бидејќи темата е чувствителна, најдобро е да НЕ се потенцира конкретен духовник.
Вашите реакции не доликуваат за жени во пост. Ништо не сте научиле иако се фалите со знаења, а реакциите се вакви. Петра, "силувајте" си се. Ја сфаќам светата тајна брак, ама и мал милион додатоци околу неа. Секс за пост нема. Зошто според христијанството брачните партнери не се поврзани во основа само физички. А недостаток на секс може да направи проблем само кај лабилни бракови. Постот е физичко, ментално и емоционално испостување. Бигорски и Света Гора не поддржуваат, а секс со благослов е глупост кажана од локални попови. Некогаш е ок и да прифатите, може ќе научите, поентата не е секогаш да сме во право. А за вакви работи не е нешто што ние мислиме па да се натегаме.
Истото од пред неколку минути: Тоа не ни може да ти одреди некој трет, тоа е прашање кое се решава меѓу сопружниците. Погрешен впечаток е дека некој трет меша прсти во бракот на дотичните духовни чеда. Сорпужниците можат да се одлучат на целомудрен и чист брак, што нема да подразбира исклучување на телесни односи само во пост туку и во целото времетраење на нивната брачна заедница, и соединување по договор во служба на умножувањето на семејството т.е. репродукција (да не звучи стерилно, паровите од примеров што го посочувам, а не се малку вакви во Црквата, се сакаат повеќе од било кои други, имаат најдобри семејства во секоја смисла на зборот) или било која друга опција која повторно, само и само тие можат да ја одредат. Се разбира, претходно можеби (не) добиле благослов од духовникот, исчитале еден тон свеототечка литература по однос на прашањето за телесните односи во брак/ во пост но крајното решение е нивно. Како што е исклучиво нивно (на секој од брачните партнери) одговарањето пред Христа во Судниот ден за тоа дали згрешиле или не. Нема за нив да одговара нивниот духовник. Каков термин е локален поп? Ако е локален поп треба да е инфериорен во однос на јеромонасите од манастирите? Не е така. И локален поп е духовник и тој исто како јеромонасите го гради односот со своите духовни чеда, советува, извршува Свети Тајни итн. Ништо помалку вредно.
Види, релевантноста оди со чинот. Ти и јас не дискутираме за тоа што ние мислиме. Она што јас мислам и она што свештеник учи, може да е скроз различно. Јас сум тука за лицемерието, христијаните и подобноста, нивната ароганција и така натака. Иако се согласувам во нешто кое нема религиозна смисла и стојам само зад она дека свајца партнери најпрво се поврзуваат на духовно ниво за да бракот трае, а тоа е светата тајна во религиска смисла, а не да си скокаат еден на друг кога нив им текне макар се силувале или дека другиот мора секогаш да е спремен. Ако се водат според светите книги пре ќе им поверувам дека имаат секс само за да се множат, него ли дека е света тајна да имаш секс и кога не можеш или не сакаш. Лицемерие до бескрајот. Ако веќе правиш, прави го како што треба до крај, а не со она само кое ти одговара.
Знам како звучи напишаното во погорните редови во однос на согласноста за полово општење. Во брак кој се заснова на љубов не постои простор за присила, најмалку за присилен телесен однос. Тоа е јасно ко ден. Се работи само за погрешни интерпретации. А што е со паровите кои не можат да имаат деца? Што со нивниот телесен однос во благословена брачна заедница? „Релевантноста оди со чинот“ Чинот на сите нив произлегува од Светата Тајна Свештенство. И локалниот поп е свештеник и калуѓерот е свештеник само што е монах плус. Сакам да ти кажам дека нема разлика во чинот, оттука би немало и во релевантноста. Пошто тие не проповедаат од себе, туку ја шират Благата вест (Евангелието) која е иста за сите и она што Господ ќе им даде да го кажат. Разликите се од начинот на живот, кој живее во Евангелието, евангелски ќе мисли, проповеда и делува. И обратно, та бил локален, та бил манастирски
Така де, а што ако не можат да имаат деца? Ти пишав, ако пишувам јас што мислам, друго ќе биде. Пишувам она кое што изречно го кажуваат и ако била религиозна од таму би добивала знаење. И повеќе би верувала на некој кој е изолиран во манастир и живее онака по прописи. Некој ја споделил мислата на фб и како порачана ми дојде под рака за муабетов: Единствено нешто што човекот го прави најискрено е тоа кога е во заблуда. Ако една заблуда е својствена за целото друштво и при тоа му помага да живее, тогаш таа станува вера. А ако верата ја губи искреноста, тогаш веќе не е заблуда, па така веќе не е ни вера, туку е лицемерие и лага, кои само можат да го уништат друштвото.
Јас немам проблем за некој кој не знае а праша да му објаснам но ширење дезинформации и сама донесување на заклучоци со кои се шири омраза во овие денови ќе те молам драга не е исто. Еве гледам за тебе лела е во право затоа ќе ја напуштам темата. Имајте мирен и лесен пост.Бог да ви помогне лесно да го завршите.
Не гледам зошто би ја напуштила темата се додека имаш да споделиш нешто на неа. Не е расправија, ни па е на лично ниво, напротив. Освен што лично сметам дека Лела е во право од еден агол кој нема врска со религија (што е и мое стојалиште, се што е под присила е силување, но овој пат силување под капата на религијата и уште и виновен да се чувствуваш), се поклопува со ставот на Бигорски - нема секс во пост...
Интересен ми е овој хаос на авторитети во православието по однос на религиските прашања. Тоа го гледаме во многу сфери, па и по прашањето на постот како што можеме да видиме на темава. На пример на верникот му се појавува прашање во главата: Како да постам? И потоа го има следниов хаос во главата: 1. Дали да се држам до тоа како постеле родителите, дедо ми баба ми и нивните предци? 2. Дали да го слушам локалниот поп? 3. Дали да се водам по календарчето? 4. Дали да се водам по мобилната апликација? 5. Дали да го слушам форумџијата што има најмногу лајкови на форум и што има икона на профилната? 6. Дали да ја слушам комшиката од 3ти спрат што самоуверено ми вели дека вака и така треба да постам? 7. Дали да ги слушам овие од великодостојничката фела во хиерархијата (владиците, монасите)? 8. Дали да слушам што Господ вели во Библијата? (ова најчесто е најмалку битно) 9 Друго.. п.с. Кај христијаните кои се држат до Исусовото учење е многу просто и едноставно: Едноставно гледаш што вели Библијата на тоа прашање и не се замараш со човечки самопрогласени авторитети.
Ако знаат дека не можат да имаат деца, а половото општење е заради множење, тогаш кој кого ќе присилува/убедува на полово општење? Целомудрието е идеално, ама не е за сите.
Деновите на пост се воспоставени да не научат на трпение, на воздржување, како вовед во духовно и телесно чистење, кое е пат до смирение и соединување со Бога. Пред неколку години на драга личност и направив роденденска торта, иако знаев дека пости. Тортата не беше посна, но направена беше со многу љубов. Намерата ми беше чиста, не знаев многу за верата, сметав дека треба да се почести по повод роденденот. Таа тоа и го направи, без збор, без прекор. Секако дека немаше да проба ако почувствуваше дека имам намера да ја испровоцирам, да ја испитам силината на нејзината вера. Не е црно бело, иако секако правила постојат и треба да се почитуваат, бидејќи и постојат да не учат. Но, постојат и разлики меѓу верните, секој во своите граници на духовен развиток. И без лоши мисли кон оние кои не ја запознале убавината која љубовта кон Бога ја пружа. Треба да се говори за вистината сепак, а познато е дека за време на постот, искушенијата во вид на напади неочекувани се зголемуваат.