Ама сте се размуабетиле на темава ... Убави мислења и искуства од сите. Јас мислам дека како што сите си имаме матичен лекар така сите си имаме и поп на кој се исповедуваме кој не познава добро итн итн. Барем тие што сме поупатени по цркви така сме. И како што на сите секој лекар ни дава за иста болест иста дијагноза но различен лек така и ова. Спрема пациентот (верникот) Си кажуваш на свештеникот што и како, си прашуваш таму и тоа е. Јас порано работев во лабораторија за храна. Сакаш нејкеш храната мора да ја пробаш тоа ти е работа. За среќа кога правевме анализи на месо пробуваа колегите, но еднаш ми се случи анализа на пиво да треба да правам и мораше јас за пробам . Се консултирав со попот ми вика немаш мака за една голтка, таква ти е работата. Јас пиво не пијам воопшто ни кога не постам, но ете сега мораше. Се напив само за да го пробам вкусот и толку. Попот може да ти дозволи и пост со јајца на пример или пост со млеко/јогурт/ сирење. Ако некој има здравствен проблем или недостаток во крвта и мора некоја храна да конзумира а сака да пости тогаш секако дека ке ја внесува и таа храна и покрај тоа што не е посна. Ако имате и некоја храна кон која сте зависни (на пример ете КОка кола) и таа може да си ја ставите во постот. Значи целта на храната не е само да се испости телото туку и да се одвикнеме од зависноста од одредена храна . За сексот за време на пост не знам, не сум мажена сеуште и не ни сум прашувала за таа тема. За духовната страна на постот , ептен ми е тешка првите денови, некако тешко ми е првите денови да се навикнам на некои рестрикции како ситни кавги, повишување тон , оговаарње и слично но кај и да е за некој ден ќе се навикнам.
Што толку сте се фатиле за сексот за време на пост. Па не се пости секој ден па да не може да се издржи. Сексот за време на пост не е дозволен. Еве јас постам секој петок и во петок никогаш немам односи. И не се пости само со храна. Се пости и со мисла. За време на пост треба да ги исфрлите лошите мисли, пцофките, клетвите.
Тука си грешка. Зависност кон храна= страст. Така и јас имав проблем, не јадам месо многу, ама "зависна" од стек. Се е до психа. Инаку за болен човек, или еве како мене прв пат да се впушти на подолг пост се разрешува според она што ќе процени свештеникот. Како што кажа ти, некој си ги кажува маките на психолог/психијатар (шансите да те забега се големи, давајќи разни дроги), а ние од другата страна се искажуваме кај свештено лице. Чувството кога се олеснуваш од тој терет ни еден седатив не може да го замени, ама тука не сфаќаат. Како што кажа и Битер, кој не пробал не знае.
Petra777 на истото мислев. Можеби малку грешка е напишано. Мислев на тоа дека ако си зависен од Кока кола, кафе или било што , за време на пост истото не го пиеш/јадеш иако тоа е посна храна/пијалак. Јас си ставам во постот секоја година и некоја моја лоша навика или размислување што сакам да го сменам . Пример ако сум имала предрасуди или омраза спрема некој/нешто/група луге за време на пост си барам начини да ги надминам. И ми успева . Од секој пост излегувам со една лоша особина помалку. Како што кажавме, како ке се одвива постот зависи од нас самите и од свештеното лице кое не упатува според религиските норми. А чувството после тоа... Прекрасно!!!
@EvAngelos постот ни помага постепено, едно по едно да елиминираме дали пцовки, клетви и ред други погрешни работи....
Затоа што не сме способни за таков подвиг. Само многу мал број луѓе се на тој духовен степен. Ние сме обични луѓе, со обични животи. Живееме таму каде и ти, во светот за кој е потребна и физичка сила.
Дечки може прашањево не е за тука ама се носи ли сега зејтин во црква? Реков ќе однесам ама дека пост и не знам дали може.
Оваа година не сум во можност да постам,поради икс причини Започнав неколку дена,но прекинав... На вас,кои постите ви посакувам лесен и Богоугоден пост
Денеска се слави зачнувањето на Пресвета Богородица од страна на светите Богоотци Јоаким и Ана. Значи е голем празник и е разрешено на масло. Ова зачнување било по природен пат и Светата Девица Марија, до Благовештение го носела во Себеси првородниот грев, од кој се избавила со прифаќањето на Божјата волја и воплотувањето на нашиот Господ и Спасител Иисус Христос - Бог Слово и Бог Син во Нејзината пречиста и секогаш девствена утроба.
Оваа недела од постот многу тешко ми дојде. Кој рекол дека на човек му требаат 21 ден за да се одвикне од нешто лаже. Цигарите, пивото и сирењето на сон ми идат веќе... Имав еден оброк кикс во ресторанот ставиле млечен кашкавал и дури после ми кажаа ама не си го осекам тоа за грев Тежок пост овој пат. Цело време бев по ресторани и пијанки ама ај тоа не ми беше тешко. Дал Господ компир на 200 начини што може да се прави. И секоја година најтешко ми беше да не оговарам, ама ете барем се издресирав добро, ако имам нешто добро да кажам кажувам ако не кутам. Ама срекна сум бе дечки , многу сум среќна Годинава како предизвик за пост си ставив дека секој ден ке му помагам на некој. Првите денови ми беше тешко, како да им помогнам на лугето ако од мене не се бара помош. После сама почнав да им се нудам и успеа. Едноставно на сите им го понудив тоа што мислам дека им треба. - Како секој пост така и овој ги посетив сите стари луге кои се осамени и оваа година, предходно ги прашав кое им е омилено јадење, и тоа им однесов. - Смирив раскарани членови во фамилијата. Разбраа колку изгубиле со тоа што не контактирале со години. - Помогнав да се вработат двајца луге што воопшто не ми се блиски - Мојата најдобра другарка живее во австрија и секоја година за роденденот е многу осамена. Ама не и годинава, и направив изненадување кога се појавив пред вратата на сам ден роденден заедно со мајка и и татко и кои прв пат доагаат кај неа на гости. - После неколку години конечно му простив на мојот најдобар другар и сега пак сме пријатели. Јас му се јавив прва иначе, и сега солзи ми течат кога ке помислам на средбата - Им поклонов нови ташни и штикли на моите шмизли. Тие се девојчињата на комшиите што многу сакаат да се шминкаат и дотеруваат ама немаат пари ич. Секогаш кога ке ме видат во влезот дотерана, кажуваат дека сакаат да се како мене кога ке пораснат и ми го забележуваат секое парче облека. Сега се веке поголемки слават и они со другарки, па ги викнав кај мене им реков што сакаат да си одберат од шкафот а после заедно бевме на шопинг. Каков ден поминав со нив, нема никогаш да го заборавам . - Исто шмизлите мои што не ги бива за учење а и никакви родители имаат што не им се замараат, ги учев математика и јазици оти имаа единици. Учевме редовно и стигнавме до тројки и четворки Едната бев и на приредба да ја гледам, цело време во мене гледаше, се фалела пред другарките дека ке дојдам , сега е и она фаца во друштвото не е веке Пепелашка. - Бидејки немам услови за чување куче а и нејкам да чувам , вдомив едно повредено кај еден познаник под услов јас да му купувам храна . И уште еден куп такви ситници кои им мамат насмевки на лугето. И знаете што забележав? Во право била мајка Тереза дека на лугето најмногу од се им недостига љубов. Што не успеав? Да победам некои стереотипи и предрасуди што ги имам, но ајде тоа нека е за другиот пост. Ке ми недостига целава позитивна енергија што си ја создадов од постењето. За мене е ова најубав дел од годината . Подобра јас и подобар свет !!! Thank you God
Планирам да постам една недела после прочка.Прв пат ќе го правам тоа. Дали може некој да ми каже што не смеам да јадам освен млечни производи?