@Feminka22 Не смееш месо и никакви производи од животинско потекло, тоа значи ни јајца, сирење, павлака, буквално ништо. Во одредени денови не смееш ни храна која е готвена со зејтин. Исто алкохол не смееш, само во одредени денови . Риба исто само одредени денови се јаде, зависи кога постиш. Освен храната важно е таа недела да ја поминеш без кавги, без секс и мастурбирање , без лоши мисли, без пцовки и клетви, без оговарање. Убаво е да правиш добри дела и да се молиш и да го читаш Светото писмо. Првите денови е тешко, посебно ова со оговарањето на нас жените ни е најслабата страна. Седнеш со другарки и почнуваш од глава до пети сегашната на бившиот да ја коментираш и ти текнува дека постиш и се сецнуваш.
Se blizi veligdenskiot post. Simnav aplikacijata - pravoslaven kalendar da sum vo tek Koga sto se jade (prv pat postam za veligden) vo aplikacijata pisuva prvata nedela se vozdrzuva od sekakvo Jadenje I pienje a lugje mi kazuvaat deka prvata nedela se posti bez maslo. I Sega "Koj pat da go fatam"?
Првата недела е без јадење и пиење но човек кој работи не го може тоа. Тоа го практикуваат монасите. Доволно е без масло да биде само бидејќи прв пат постиш. Човек кој тоа го практикува ми кажа дека тешко е само првите 3 дена, после тоа не чувствуваш глад.
lani pojdov pred postot da razgovaram so svesteno lice I ne samo sto nisto konkretno ne mi objasni tuku I toa sto go kaza ne bese logicno. Si zaminav zaprepastena. I uste nesto sakav da prasam. Treba li ispoveduvanje pred da se pricestime?
Побарај друг свештеник или ако имаш некој манастир во близина побарај таму јеромонах.Најубаво е да си најдеш духовник кај кој ќе ги разрешуваш сите дилеми, прашања, ќе ти каже како да постиш и секако мора да се исповедаш пред да земеш причест.
ВЕЛИГДЕНСКИ ПОСТ Светата четириесетница е востановена во чест на страдањата и Воскресението на Господа Исуса Христа. Според Типикот на Православната Црква се пости вака: За цело време на постот од понеделник до петок без масло, во сабота и недела е дозволена употреба на масло. Риба се употребува само на Благовештение и Врбица (Цветници). Ако Благовештение падне пред Врбица (Цветници), тогаш на денот пред Благовештение се разрешува на масло и вино.
Годинава свето Благовештение се пости без масло, бидејќи паѓа на Велика Сабота. Можно(дозволено и полезно) е Светиот Архијерејски Синод да го премести празникот на Втор ден Велигден. Имендените и славите на свето Благовештение пожелно е да се префрлат на Втор ден Велигден.
Јас не сум чула да имало ваква практика претходно. Празник си е празник. Доколку некој слави за поставување на трпеза си се придржува до денот, среда и петок се знае, во пости се знае... Сепак вие си знаете. Со лесно да и е постот на сите што ќе постите од утре, во мир и без искушение да ви помине.
Јас сакам да постам една недела од овој пост.За храната не е проблем да видиме само со пцовките како ќе стојам.Дај Боже да издржам цела недела без никаков исклучок.Има ли негде или може да ми каже некој која недела што не се јаде/пие.Се мислам од 24ти да почнам.
Дали е дозволен пост со масло првата недела? Зашто јас планирам да постам првата и последната недела.
Да сте здрава и жива. И Вие заедно со целиот Ваш дом во мир да го поминете периодот на Постот и со радост да го дочекате Христовото Воскресение. Постот на масло е подобар од постењето со риба. Постењето со риба е подобро од јадењето млеко, млечни производи и јајца. Јадењето млеко, млечни производи и јајца е пододбро од јадење месо. Убаво е да се пости, па макар да не се јаде само месо, а во среда и петок макар да се јаде масло. Нормално, за да се причестите потребно е да се исповедате.