Затоа што со причестувањето ние се соединуваме со вистинското Тело и вистинската Крв Христови. Оние кои се крвоточиви од било која причина (без разлика дали е месечнина, или од рана) не смеат да се причестуваат за да не се оскверни Крвта Христова, преку истекувањето на нашата крв.
Или илииии можеби поради тоа што, жената во оние денови се смета за нечиста ?!?! Свештениците ширум православието се поделени по ова прашање, никако да се договорат. Неколку векови уназад, жените нормалнo немале влошки ниту хигиенски услови за да се справат со циклусот, па така менструацијата им течела по нозете. Уште во третиот мислам век од христијанството, запрашан за ова бил свети Дионисиј , кој рекол дека жените во тоа стање, ако се верни и побожни нема ни да им падне на памет да се доближат до светата трпеза ниту да го примат неговиот дух. На господ му требале ЧИСТИ, СО УМ И ТЕЛО. Во новиот завет, поблаго се гледа на ова. И е неверојатно смешно, една вера милион варијанти, апсурд во секој поглед
Не пред неколку векови... во времето на прабаба ми, еден век поназад, не ставале ништо и им течело по нозе, а неколку години пред тоа, во шупа/штала спиеле за време на циклус...
Јас многу сакав да постам овие пости ама неделава пред постот јадев салами. Знам месо дека не се јади ама не знаев за саламите. И не почнав. Може некој да ми каже да си знам за друг пат? Само месо не се јаде или и салами не треба да се јаде?
Можеш да постиш ако сакаш, можеш да почнеш од сега, иако е почнат постот. Саламите се месни производи и не се за јадење во пост. Инаку нема врска тоа што си јадела салама во неделата. Веројатно си слушнала нешто за тоа, но се однесува на постот пред Велигден, пред да почне постот, таа недела не се јаде месо. Поздрав
Незнам дали добро те разбрав, само пред Велигденските пости таа седмица не се јаде месо? А пред другиве пости нема такво правило? Ако е така баш ми е криви што не прашав порано. Јас сакав да постам без масло за да се причестам.
Што вели религијата кога ќе се омрсите (секако не намерно, инаку не сфаќам која е поентата да почнувате пост)? На баба ми и' подготвував саламура за пиперките со масло, оцет и сол и онака несвесно во муабет дали е доволно солено лизнав и веднаш ја исплакнав устата пошто се свестив што правам. Не сакам постов да ми звучи како оправдување. Секако после ова не планирам да се причестам, а со постот ќе си продолжам до крај.
Дури и месо да си лизнала, нема потреба да не се причестиш. Ова е обично претерување. Да си најдеш свештеник пред да се причестуваш и да си ги исповедаш другите гревови, кои си ги правела во животот(сите сме правеле сериозни гревови и правиме), а ова и заборави го. Ништо страшно.
Vaka, si gi postam jas bozhiknite posti i vo nedela na 30 planirav da se prichestam oti na 31vi ng a jas sum dete nema smisla da se stegam za ng taka pram prethodnata godina e sega ko za maler denes mi dojde i poshto mi traj po nedela dena nema da mozham da se prichestam.. Sho da pram sega? Planiram da si prodolzham do nedela so postot kako sho si planiram oti sepak recheno ne se prekrshva ama bez prichestuvanje posle da si prodolzham normalno.. Vo red e ili?
Значи во ред ќе биде и да се причестиш на Божик, ако после Нова Година го продолжиш постот. Постот не е најбитното нешто во верата Православна. Јас ти давам совет, ако го прекршиш постот, да надокнадиш со тоа што ќе прочиташ некоја божовна книга, како на пример оваа: https://www.dropbox.com/s/bnt5jaebmcb0k6t/KatihizisElektronskaKOE.pdf?dl=0
Добра идеја за некој што незнае што да јаде, да не јаде се исто..Може и тема за тоа да се отвори секој да пишува што јаде секој ден и што припрема за време на пост.Ќе научиме нешто повеќе што да јадеме за да го поминуваме полесно постот.
Јас планирам да постам со масло, а последната недела без масло за причестување. Имајте убав и лесен пост.