Тука сум и јас, од утре постам 1 недела вез зејтин, и последната такоџе без зејтин Инаку без зејтин ми е прв пат вака по цела недела. За споделување дневно мени, оброк што и да е е супер идеја за некои што можеби прв пат постат да бидат по упатени а и за другите општо добро ќе дојде некој нов рецепт , идеја. Со лесно нека ни е на сите !
И најосновно нешто е не е битно што јадеме ...битно е да не се јадеме меѓу себе... Од Бога Благословен да е Великиот Пост!!!
На сите што постите, било со масло, било без масло, било со риба, било дури и само без месо, ви посакувам лесни и богоугодни пости. Но, постот без молитвата е како птица со едно крило, која не може да полета! Би посоветувал и замолил, да не забораваме во текот на денот да измолиме барем по едно „Отче наш“, „Богородице Дево“ и „Верувам“, кои ги има во сите календарчиња. Ако сме слободни да посветиме и уште малку повеќе време на Бога, да ги читаме утринските и вечерни молитви, да прочитаме нешто од Новиот Завет, од Псалтирот и некоја друга божовна книга. Тие што ќе се причестуваме, да не се причестуваме без исповед и без цврста вера дека Тоа што е во Путирот не е обично вино и обичен леб, туку вистинско Тело и вистинска Крв на нашиот Спасител и Господ, Богочовекот Иисус Христос. @ribabiba би те замолил, да отвориш нова тема за јадења во текот на постот. И таму ќе си споделуваме јадења, рецепти и идеи за посна храна.
Еве ме и мене, постам и јас без масло само оваа недела. Освен воздржување од храна, да се воздржиме и од лоши помисли, кавги и да се посветиме на молитва кон Бога. Со лесно нека е Великиот пост.
Од 11 Март до 27 Април Понеделник до петок без масло. Сабота и недела со масло и вино. Риба е дозволено само за Благовештение и Цветници. Благовештение се паѓа на 7ми Април(недела) Цветници се паѓа на 21 Април(недела).
Ако сакаш да постиш, а проблем ти е да (не) јадеш риба, слибодно јади. Нормално и масло. @LegallyBlonde13 го кажа правилото монашко, ама и ако не можеш да го држиш толку строго, слибодно јади си и масло, па дури и риба.
Lesen post na site Jas prv pat slusam deka ne e dozvoleno da se jade meso edna nedela pred post. Jas planiram da postam bez maslo i sakav da ve prasam za kecapot dali mozam da go jadam? Kako sto citam na ambalazata ne pisuva za maslo, ama da si prasam
Оваа година за првпат постам. Првата недела без масло, потоа со. Постиме заедно со партнерот. Бидејќи не најдов тема, дали овде може да се даваат предлози за посна храна? Исто сакав да прашав, зошто не ми беше јасно, дали е задолжително при постот да не се конзумира алкохол? Секако немав намера да пијам но љубител сум на вино па да знам дали некад можам да си приуштам една чаша и кога ако е дозволено? Со масло можам да почнам од сабота наутро?
Имаш одговор на четвртото мислење пред прашањето. А што се однесува за тоа кога да почнеш, бидејќи сакаш да постиш со масло после првата недела, а бидејќи сабота и недела е на масло така да почнуваш од сабота.
Mislam deka ova e mnogu dobra i korisna idea Da pocneme tuka ili da otvorime nova tema, za da ne ja natrupame ovaa tema so jadenje ?
Prvo na site sto postat samo so verba vo boga i silnoto bozjo slovo neka se spokojni postite . Me interesira dali nekoj bi znael kako mozes da se iskupis ako prekrsis post bog ni ja dal svesta da se ogresime no i da se pokaeme i iskupime , sega dali ima nacin na iskupuvanje dokolku go prekrsis postot da prodolzis ?
Видов во Кам едни колачи Ocake со портокал на кои пишува "посно", но кога го прочитов составот, пишуваше дека е можно да има млеко. Дали смеам да ги јадам?
Мислам дека можеш. Така се обврзани да напишат, бидејќи во фабриката се употребува млеко и млечни производи, па може да има траги во тој производ. Тоа повеќе важи за алергични што треба да внимаваат и на траги. Во производот нема млеко, туку е можно да е контаминиран. Постите не се до толку комплицирани. Јади едноставно колку што можеш, и не се замарај со такви ситници.