Девојки првата недела ја постев и се причестив и оваа недела ја постев цела али вечерва се напив пиво и сега не знам за поната што да правам како дали да продолжам или не?
Да продолжиш! Пивото не е ни мрсно, но и да се омрсиш по грешка, не значи дека треба да го прекинеш постот.
@Orthophill сакам да те прашам дали ако изедеш некој производ за кој мислиш дека е посен а во составот му пишува дека може да содржи трагови од млеко и јајца, си се омрсил?? Ти благодарам однапред.
Не си омрсен бабе По закон мора да пишува дека може да содржи трагови од јајца,млеко бидејќи во истите садови се прават истите работи посни и мрсни но претходно се чистат.Но доколку свесно јадеш мрсен производ ,а постиш секако дека си омрсен.
Ако е без масло - да. Макаршто ако ти е проблем да нема што да јадеш, јади и со масло. Зависи со кого. За оние кои се во црковен брак - дозволено е секогаш (и во пост и во мрс), за оние кои не се во црковен брак - не е дозволено никогаш (ни во пост, ни во мрс).
А постиш? Ако постиш, знаеш дека не можеш, аман бре човек, ќе издржиш неколку дена или недели. Не знам како некои постат а имаат секс за време на пост, не осудувам, само не ми е јасно. Ок и јас сум грешна, сум имала односи а не сум во брак, ама барем кога сум постела никогаш немав односи А од друга страна, знам доста кои се во врска, си постат и си имаат секс, и тоа пази со дозвола на поп
Мислам дека не си во право. Не верувам дека некаде е регулирано ова и си го толкува кој како сака. Логично е кога постиме, да постиме со тело и душа. Во тоа е и суштината, да се воздржиме од телесни задоволства. Како што храната е потреба и задоволство така е и сексот, без разлика дали е во или надвор од брак. Се пости со душа и тело.
Тешко на тие што мислат, дека постат и си тераат полови кефови, ама уште потешко на поповите кои им дозволуваат да прават такви гревови. Јас знам за еден архимандрит(!) кој дозволува такви работи, за поп не знам. Храната е неопходна за телото, половото општење не е. Но, во бракот телото на мажот и` припаѓа на жената, а телото на жената му припаѓа на мажот, зашто едно тело се. Затоа ако брачниот другар сака да општи телесно, а другиот пости, не е грев за тој што пости и да имаат односи.
Ти ги почитувам мислењата околу религија, ама ова е чиста глупост. Ми изгледа како изговор и оправдување за конзумирање на секс за време на пост на телото и душата. И самиот си даде одговор во првата реченица, Храната е неопходна за организмот а сексот не е (барем за време на пост).
Точно дека е најдобро да се нема односи за време на постот, но доколку и двајцата брачници постат. Ако едниот пости, а другиот не и сака односи, тој/таа што пости ако има односи со својот брачен другар, по барање на брачниот другар не го нарушува постот. Сепак јас ниту сум бил, ниту сум во брак, ниту сум имал односи. Затоа повеќе не коментирам.
Хахахаха добар си со субјективново гледиште. Ако двајцата постеле не смееле да имаат секс а ако постел само едниов од нив, на другиов ако му се сака може да го искористи другиов, кај е логиката тука.
Се извинувам, погрешно сум разбрала де. Се надоврзав на твоето прашање, ама се што ти кажав тебе, се до збор го мислам општо истото, да не се повторувам. Ортофил ти го почитувам секој збор на темиве за религија, и знаеш дека со тебе се имам многу советувано за многу работи во врска со верата. Да не грешам душа сега, не знам како е најдобро, ама мислам дека кога се пости ни во брак не треба да се имаат односи, нели Апостол Павле им кажува на сопружниците да се разделат на некое време, и после повторно да се спојат, јас мислам дека тоа се однесува токму кога е времето на пост.
Ако едниот партнер пости и не сака односи поради постот, другиот не треба ни да помисли да го присилува, уценува или да му се лути поради тоа. Не само во пост, туку кога и да е.
Во врска со причествувањето, дали има нешто последната недела пред тоа што треба/не треба да се прави, или како што си постев до сега со зејтин и да одам да си се причестам во блиската црква на 27ми рано наутро?
Да си појдеш в црква деновиве, да си најдеш поп и да се исповедаш и нему да му го поставиш ова прашање. Ние овде не сме попови и не можеме да ти дадеме дозвола да се причестиш или пак да ти кажеме како да се подготвуваш во деновите пред причесна.