Веќе втор ден како постам. Мислев среда и петок е без масло но најдов на денови.мк дека и вчера било строг пост. Не знаев Имам испит во Петок значи нема да стасам на литургија па се мислам дали може да се земе причест во недела. (Не сум во Мк малку ми е шубе тука да го прашам попот) Гледам пишува строг пост и без масло. Ја мислев исто е. Ако знае некој нека објасни што е разлика.
Немај гајле пости како можеш, ама задолжително исповедај се. Строг пост - значи јадење само леб и неварено овошје/зеленчук после 15 часот.
Дај помогнете. Денес почнав да постам но ме интересира еднодневната пости што се секоја Среда и Петок што смее а што не смее да се јаде. Објаснете нешто повеќе околу причест после овие пости... не знам што да правам кај да одам..... и кажете ми за куќна слава ако се паѓа ден среда а не е перјод на пост дали славата мора да биде одбележана без масло?
Денес почнаа Богородичните пости, и масло смееш да јадеш само во сабота и недела, нормално не смееш да јадеш месо, јајца, сирење и млеко, ама ако си болна или пиеш лекарства, ако си бремена или доиш, дозволени се исклучоци, ама за тоа ќе си зборнеш со попот кој ти е во близина, односно на парохијата каде што припаѓаш...не можеме да ти кажеме ние каде да одиш, можеш да одиш и во подалечна црква или манастир, ама по непишано правило обично сите одиме таму каде што ни е најблиската црква и се правиме таму. За славата исто ќе си прашаш поп, сепак тие знаат повеќе од нас. Јас денес почнав да постам, сакам да се причестам, не сум се причестила повеќе од една година сигурно... Нека ни се лесни и благословени Богородичните пости
Убаво објаснила @Rama , ќе се обидам само да ја дополнам. 1) Во среда и во петок, кога не е пост, се јаде секаква растителна храна и масло, дури и риба да се јаде не е грев, макаршто подобро е да не се јаде. 2) Причеста во сите пости е иста. Покрај постот, задолжително е пред свештеник да ги исповедаме нашите гревови и да се покаеме за истите. Најдобро да си појдете во најблиската црква (тоа не е непишано правило, туку е правило на Православната Црква) и да го побарате вашиот парохиски (реонски) свештеник. 3) Славата што паѓа во среда или петок, а ако не паѓа во Велигденскиот пост или Богородичниот пост, секогаш се слави со риба. Нормално и на Благовештение, Цветници и Преображение се јаде риба.
Здраво дечки, со лесно на сите кои веќе започнаа со пост. Јас денеска започнав да постам без зејтин па сакав да ве прашам дали овесните снегулки би можела да ги приготвам со вода и дали маслинките се посни? Гушкањееееееееееее
Се разбира дека овесот и маслинките се посни☺ Но внимавај купувај само затворени пакувања на маслинки,оние што се продаваат по пазарите и маркетите на мерење,самите продавачи им додаваат зејтин. Инаку самата маслинка,јаткастите плодови,ленот,сусамот и други,содржат природна масленот(омега3).Важно е да не внесуваш од Понеделник до Петок рафинирано/нерафинирано масло и храна од животинско потекло. Консумирањето на храна треба да биде умерено,не прејадување,цревоугодие. На крајот и не е толку важно што ќе внесеме во себе и да направиме некоја грешка не е толку страшно,поважно е што ќе излезе од нашата уста. Ако имаш духовник консултирај се со него или прашај било кој свештеник. Би ти препорачала да ја купиш книгата"пост,покајание,причест,"-ја има во нашите храмови.Еден вид на прирачник е. Не го изоставај и духовниот пост и молитва!☺ Со лесно нека ти е и на сите што го отпочнаа Велигденскиот пост.
Слободно можеш овесни снегулки со вода да приготвиш. Уште поубави се. Во Кам има кокосово млеко во конзерва, супер е. Можеш да ставиш две лажици од тоа за вкус, ама и само со вода се ок. Имаш путер од кикиритки на Меџик, нема никакви дотатоци - само мелени кикиритки. И тој од Кам мислам дека е таков по состав. Стави си една лажица во овесот, за протеини.
Важно е да се пости и да се молиме на Бога. А, дали ќе се јаде или нема да се јаде масло не е толку битно. Типикот на Великата Црква, т.н. Цариградски типик предвидува да не се јаде масло само првата и последната седмица од Велигденскиот пост. Нејадењето на масло во текот на целите пости е од Ерусалимскиот (монашки) типик. Кога некој ќе ви наметнува да не јадете масло, прашајте го како предвидува да се молиме во текот на постот, манастирот на свети Сава Освештен и нормално дали и тој така се моли. Патем, кај Грците и Арапите под нејадење на масло се подразбира нејадење само на маслиново масло, сончогледовото масло за нив не е масло, како што кај нас таанот и сенфот не ги сметаме за масло. Оние кои што се финансиски и здравствено стабилни и немаат тешка физичка работа, пожелно е да постат без масло. Оние кои не се финансиски или здравствено стабилни или работат тешка физичка работа нека не се плашат, дека грешат или дека го нарушуваат постот ако јадат масло. Старите, децата, сиромасите, тешко болните и тешките физички работници не треба да се плашат и ако јадат и млеко, јајца и риби. Впрочем во постите треба и почесто да се молиме и да ги посетуваме богослужбите. Подобро да ги читаме предвидените утрински и вечерни молитви од молитвеникот и да читаме секојдневно од Новиот Завет и Псалтирот и да јадеме масло, отколку да седиме пред телевизор, мобилен или компјутер и да ги бараме остатоците од масло во маслинките или во муслите. Не е постот само во јадењето и пиењето! Нормално, здравите луѓе пред да се причестат треба да постат без масло и по можност да се воздржуваат од брачните односи од понеделникот, да се исповедаат кај својот парохиски свештеник, вечерта пред причесната да си ги прочитаат молитвите пред причест и утрото на време да дојдат на светата богослужба. Повторувам: Јадењето на масло не го нарушува постот! И најбитно, Бог не гледа колкава количина на масти сме внеле во организмот, туку го гледа пред се` нашиот однос со луѓето кои се околу нас.
На соиното млеко му ја смениа амбалажата и ова во составот е мрсно.Тоа што беше во кутија тоа беше посно .И овесните снегулки можеш да ги јадеш и со какао.. Лесни и Богоугодни пости ❤️
Провери овде https://www.e-tinex.mk/default.aspx?e=602179 Ама и новиве во ќесичка сега им го читав составот Извини што те потпрашувам ама го пијам и не знам што е разликата со ова во кутија за да не е посно?
Провери си во состојки, ако пишува посно значи е посно. Не може да напишат без јајца, а да е со јајца и некој да добие алергија. Ама пошо постот велигденски и секој друг е период каде се воздржуваме од животински производи вклучувајќи и насилство кон животните, треба да знаеш дека томи мајонез тестира на животни и прави ужасни експерименти. Со секое купување го поддржуваме тоа насилство, јас не би купувала, особено не во пост
По работа бев во маркетот се распрашав за посни млека во прав и бев упатена на рафт да земам некое од овие @kuc фала за известувањето дека има други продукти со назнака посно.
И кај нас овие ги продаваат за посни,јас на тие во кесичката читав во состав обрано млеко во прав и мирисот му мириса на млеко што и по него го сетив...