1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пост

Дискусија во 'Религија' започната од Lovely, 13 февруари 2010.

  1. adventurous

    adventurous Активен член

    Се зачлени на:
    3 март 2020
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски
    Немам уште пробано од тие во ќесичка, нови им се, ама да дотрошам што имам па ќе купам од овие со посно. Сакам да си го истерам постот како што треба па нека ни мине со лесно.
     
    На kuc му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ynboo

    ynboo Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2018
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    115
    Производ на кој пишува ПОСНО позади пишува дека содржи млечна киселина. Ме буни ова... се разбира некој?
     
    На kuc и Orthophill им се допаѓа ова.
  3. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.397
    Пол:
    Машки
    Млечната киселина ја има и во други производи освен млекото. Најчесто се добива од растенија. Нека не Ве буни името. Слбодно јадете ги производите на кои пишува, дека се посни.
     
    На adventurous, kuc и ynboo им се допаѓа ова.
  4. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Машки
    Intimni odnosi za vreme na post.

    Многумина мои ФБ пријатели ги интересираше и имаа дилема околу интимниот живот на мажот и жената во благословениот брак и воздржувањето во текот на постот.

    Поконкретно, за нив е од пресудно значење за да одлучат дали ке живеат како вистински членови на Црквата, следново:

    Доколку верникот со претходно покајание, молитва, пост, борба со …страстите, редовна исповед ,
    добие благослов за редовна причест секоја недела во текот на годината, ДАЛИ
    е дозволен нормален и редовен интимен контакт со брачниот другар без ограничување и ако НЕ,
    дали и колку денови пред неделниот ден и богослужбата би требало да се воздржуваат?

    [​IMG]Отец Ивица одговори вака:

    Коринтјаните. 7, 3 – 6

    3 Мажот да ја извршува својата должност спрема жената, а исто така и жената – спрема мажот.

    4 Жената не е господарка на телото свое, туку мажот; исто така и мажот не е господар на телото свое, туку жената.

    5 Не лишувајте се еден од друг – освен по договор за некое време , за да ПОСТИТЕ и да Му се молите на Бога и пак да бидете заедно за да не ве напаствува сатаната, поради вашето невоздржување.

    6. Ова, пак, ви го велам како допуштање, а не како заповед.

    Објаснување:

    Во период кога Црквата (црковната зедница) е во Пост, односно, кога духовниот раководител на сопружниците, од разни причини, ќе им определи Пост ( се мисли на телесниот Пост, на воздржување од некои видови на храна) тогаш сопружниците, преку взаемен договор, за некое време се воздржуваат од интимни односи.

    Ова воздржување има за цел сопружниците по активно и по задлабочено да го практикуваат подвижничкиот (аскетскиот) духовен живот за, преку истиот, да можат:

    1. духовно да се воздигнат, за да надминат некои слабости или грешни настроенија,

    2. личносно да созреат, за по спасоносно да чекорат по Патот на спасението

    3. да се издигнат над секојдневните активности и обврски кои знаат да го затапат сопружничкото живеење и да го испразнат од љубов, нежност, душевен допир, взаемно воодушевување.

    4. Особено е препорачливо во периодот (накаде околу три дена) пред пристапувањето да се Причестиме – да го засведочиме нашето единство со Христос, а и со неговата Црква – да го зајакнеме нашиот духовен подвиг.

    5. Интимните односи, во рамките на благословениот брак, во животот на Црквата не се доживуваат како нешто грешно или неприфатливо, напротив, истите се битен фактор во љубовниот живот на сопружниците.

    Во периодот на Пост се советува сопружниците да се воздржуваат од интимните односи– не затоа што истите се грешни – тука затоа што во тој период сопружничкото живеење со воздигнува на еден повисок, духовен степен, односно, повеќе се преферира духовниот – личносниот контакт од телесниот.

    Искуството потврдува дека зајакнувањето на овој духовен контакт помеѓу сопружниците позитиво делува и на телесниот контакт.

    6. Интимните односи, надвор од благословениот брак, во животот на Црквата се доживуваат како грев – љубовно промашување.

    Тоа е така, зато што надвор од благословениот брак, интимните односи знаат многу да му наштетат , како на духовниот, така и на телесниот живот на човекот.

    7. За позадлабочено запознавање со оваа проблематика обратете се кај вашите духовни раководители/ парохиски свештеници.

    https://pokajanie.mk/2020/02/28/26805/
     
    На Rama и kuc им се допаѓа ова.
  5. AcoVeliki

    AcoVeliki Нов член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2020
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Ako slucajno nesto zgresime vo tekot na postot vo delot na hranata dali sme go zgresile celiot post dali moze da se precestime i kak
     
  6. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.397
    Пол:
    Машки
    Ќе си продолжиш со постот. Секако пред причесна треба да се исповедаш, па на исповедта ќе си кажеш и дека си се омрсил.
     
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Значи да оди пред причесна да се исповеда дека каснал чоколадце :rofl:
     
  8. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.397
    Пол:
    Машки
    Па сега ако ни е најголем грев чоколатцето нема шо да се исповедаме...
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Nebitno21

    Nebitno21 Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2020
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    47
    Во овие неколку слики пишува што е пост и зошто е потребен. :) IMG_20200630_094544.jpg

    IMG_20200630_094629.jpg

    IMG_20200630_094713.jpg

    IMG_20200630_094737.jpg
     
    Последна измена од модератор: 27 јули 2020
    На edna_malecka, KittyAgnes и afrodita94 им се допаѓа ова.
  10. La-loca

    La-loca Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    3.964
    Пол:
    Женски
    Ајде да ја активираме темава. Во понеделник започнуваат постите. Дали некој пости дали се исповедате, дали постите без зејтин како што е правилно и се разбира дали имате односи. Би можеле да споделуваме овде предлози за јадење зошто стварно немам идеја што ќе јадеме посебно неделите без зејтин :)
     
    На edna_malecka, Garf1eldMo, KittyAgnes и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Јас ќе започнам да постам.
    Овошје зеленчук повеќе се внесува.
    Ајвар. Компир варен, печен.
    Салати ама без зејтин.
    Млчни и месни производи не.
     
    На tina2018, hermosa и La-loca им се допаѓа ова.
  12. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    1.197
    Пол:
    Женски
    Ме интересира, дали тие што ќе постат без масло правилно е следново- Се пости на вода, освен во сабота и недела, кога се дозволува масло (зејтин) и вино?
     
  13. La-loca

    La-loca Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    3.964
    Пол:
    Женски
    Се пости првата недела без зејтин до петок, сабота и недела со зејтин. Последната недела се пости без зејтин и саботата и неделата се причестуваш. Велики петок е најстрог пост тој ден кој може да издржи се пости само со вода.
     
    На hermosa и KittyAgnes им се допаѓа ова.
  14. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    А после првата недела?
     
  15. La-loca

    La-loca Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    3.964
    Пол:
    Женски
    После првата недела си постиш со зејтин се до последната.
     
  16. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Без месни и млечни производи?
    Така?
     
  17. La-loca

    La-loca Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    3.964
    Пол:
    Женски
    Веганска исхрана буквално. Ништо од животинско потекло не смее да се внесува. Риба само за два празника може само точно не знам кој беа:)
     
    На edna_malecka и KittyAgnes им се допаѓа ова.
  18. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Еве кои два празника.
    Благоваштение и Цветници.
     

    Прикачени фајлови:

    На KittyAgnes, La-loca и Vikktorr им се допаѓа ова.
  19. Crna Dama

    Crna Dama Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    21.843
    Пол:
    Женски
    Јас искрено не сум постела никогаш, а сакам да почнам убаво е да постиш
     
    На BY<3, KittyAgnes и edna_malecka им се допаѓа ова.
  20. BY<3

    BY<3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    2.218
    Прости што ќе надополнам, но не е точно дека само првата и последната недела се пости без масло. Сите овие недели до Велигден се пости без масло, освен во сабота и недела е благословено со масло и вино, а на Цветници и Благовештение благословено е риба.
    Сепак е добро да се има духовник, и да ви благослови како да постите, тој ќе одреди дали ќе постите цел пост како по правилото. Има исклучок каде на болни луѓе, трудници, доилки и др. Им се олеснува постот. Или ако на пример постите за прв пат исто можат да ви го олеснат постот.
     
    Последна измена: 15 март 2021
    На IRBBB, Lady D ❤️, KittyAgnes и 1 друга личност им се допаѓа ова.