Јас имам духовен водич и тој ми кажа вака да постам. Мислев дека така е правилно,но ете не било. За секој различно, веројатно проценуваат колку може човек да издржи.
Фала за информацијава. Значи ништо животинско и без масло освен сабота и недела и риба за двата празника. Мене лично ми е прв пат да постам и стварно сакам да знам што е правилно иако другите варијанти не се нешто помалку правилни, нели исклучоци... Сега немам духовник мојата другарка одамна ми има препорачано да имам, но искрено не знам како... Дали е доволно да прашам некој во црквата која ја посетувам и како иде сето ова во време на корона?
Тука ќе ти го ставам календарот на Велигденските пости за 2021. Има и некои празници каде што е благословено масло и вино. Можеш да се водиш според ова. Да, можеш да прашаш во црквата која што ја посетуваш за духовник.
И јас знам дека само прва и последна недела се без масло. Лани само Велики четврток, петок и сабота постев. Се чудев какво е тоа постење со зејтин. И во право сум била.
Мислам дека ако главна состојка е желатин, не е дозволено бидејки желатинот е од животинско потекло. Сепак провери си состав за секој случај на кутијата.
Од денеска почнав и јас со велигденскиот пост. Сакам да ве прашам сега кога се оди за првата причест во сабота или недела? И дали денот пред причест треба да одам да се исповедам?
Еве овде може да си видете подетално за храна. https://www.crkvenikalendar.com/index_mk.php?year=2021&month=3
Ако имаш духовен отец, најдобро би било да побараш благослов за причест, и ќе ти каже кога да се исповедаш, обично исповедаат пред причест.
Немам духовен отец. Никогаш се немам исповедано, оваа година без зејтин почнав да постам, цигарите ги оставив и сакам да се причестам и исповедам. До сега одев вечерта на Велигден да се причестам.
Сабајле баш тоа јадев. Смотана сум како точак. Вода немам пиено. Гладувам. Уште ова ми фалеше за јадење да се нервирам.
Pa dobro ne si znaela. Ovoj post e najtezhok bash poradi toa, oti mnogu e razlichno da postish na voda i da postish na zejtin.
Женски Планирам за прв пат да постам бар недела дена до Велигден. Да ме просветли некоја што смеам и што не смеам да правам? За некои работи знам ама сепак, да испочитувам сакам
Рецепти со посни јадења без масло. Можеби ќе искористите некоја идеја. https://sezahrana.mk/5-посни-рецепти-без-масло-солени-и-слат/ https://preminportal.com.mk/manastirski-posni-recepti https://moirecepti.mk/tag/без-масло
Душо немој преголем товар на своја рака да си ставаш на себе. Најубаво да се консултираш со свештеник кој може и да ти го олесни постот со оглед на тоа што прв пат постиш и поради други околности, башка и мислам ќе ти помогне ако збориш со него за се што те мачи, ќе ти даде совет. Некои линкчиња и од мене: https://www.instagram.com/acquiring_peace/ https://bigorski.org.mk/magernica/ http://www.orthodoxmom.com/orthodox-kitchen/ https://www.asceticlifeofmotherhood.com/