Мислам дека е добро да си најдеш свештеник кој што ќе те води во постите. Добро е да се побара благослов за причесна од духовникот, и тој ќе ни одреди според нашите можности како треба да постиме. Причесната е Тело и Крв Христова, треба да пристапиме со страв и покајание. Пред Причеста и потоа треба припрема, не би било добро после причесната да мислиме кога да јадеме мрсно што побрзо, но затоа пак ќе кажам најдобро е да имаш свештеник/духовник кој ќе те води и ќе ти благослови што и како треба да постиш, и ако ти е тежок постот ќе ти го одреди според силите.
Неколку забелешки од пораките што ги прочитав. Според манастирскиот ерусалимски типик се пости без масло и храна се јаде по 15 часот. Луѓето што живееме (и работиме и се бориме со разни искушенија) во светот ниту можеме да се молиме ниту да постиме како што постат монасите. Впрочем и типикот на Великата Црква (т.н. Цариградски, кој е предвиден за црквите во градовите и селата) предвидува пост без масло во првата и последната недела од постот без масло, другите со масло. Но, верувајте ако не се молиме редовно во постот, не читаме од Свештеното Писание, не одиме барем еднаш на богослужба в црква (нормално и в црква треба да се држиме до противпандемиските мерки, односно да носиме маски и да стоиме на растојание; иконите можеме да ги целиваме дома, непридржувањето до противпандемиските мерки е гордост и себичност. Тие што безодговорно, безљубовно и безобразно викаат да не се носат маски во храмовите се поддржувачи на сатаната, кој Го искушуваше Христа во пустината. Забораваат, дека убиството, макар и несакајќи со ширење на заразата, и самоубиството се огромни гревови, а и да не` заразат ќе си ја чистат совеста со изговорот, дека тоа било волја Божја. Волја Божја не е да бидеме убијци и самоубијци! Единствено во што не смееме да се сомневаме е Светата Тајна Причесна - Вистинските Тело и Крв Христови, само таа не пренесува зараза, а инаку од непридружување до мерките, како неносење на маска и непотребно гушкање и бакнување со оците, браќата и сестрите можеме да се заразиме), џабе и цело време тримир да држиме. Ѓаволот не јаде, ама не се ни моли. Постот и молитвата се крилја на душата. Ама ако едното крило е големо, а другото мало, не можеме да летаме... Ќе стоиме в место. Подобро двете помали, ама еднакви. Нормално, пред да се причестиме, треба да се подготвуваме со пост без масло (нормално во сабота и недела се јаде барем по малку масло). Желе бонбоните се главно посни и тоа без масло. Не содржат желатин, туку средство за желирање. Гумените бонбони се со желатин. Секоја терапија се зема. И оние, на пример, кои ќе заболат од ковид, најдобро во консултација со свештеникот одма да почнат да јадат млеко, јајца и риби, освен во среда и петок. Ние мора да се грижиме за нашето здравје и за нашето тело, кое е храм на Светиот Дух. Млечната киселина не се добива од млеко, туку е од растително потекло. Впрочем и да се омрсиме по грешка, не треба да се обесхрабруваме и да го прекинуваме постот.
Се согласувам дека треба да се пости како и со јадење така и духовно со молитва. Но за деновите со масло и без масло мислам дека е добро да се водиме по календарот за пости од црквата што го споделуваат секоја година. Мислам дека за да се допушти со масло, духовникот треба да благослови во неделите измеѓу дали може со масло. Можеби сум грешка незнам, но еве тука пак ќе го споделам.
Како што си пишува таму, ова важи за Европската Епархија, со која раководи дедото Пимен. Сличен ваков “типик“ има издадено уште само Брегалничката Епархија, со која раководи дедото Иларион. Во другите епархии, нема ваков “типик“, така да секој, кој од оправдани причини не може да пости без масло може да си јаде масло освен првата и последната седмица. За да го следиме достојно “типикот“ на постот, треба да го следиме и типикот на богослужбите. Ќе повторам едно без друго не одат. Ако не можеме да одиме в црква секој ден, а реално не можеме, можеме секој ден да се молиме. Да ги читаме утринските и вечерните молитви, ако не можеме и едните и другите, тогаш барем едните. Да читаме барем по малку од Светото Писмо или друга божовна литература. Да се трудиме да се помириме со тие што сме скарани итн. А, кој не може без масло, нека јаде, гревот за јадење на масло на мене нека падне! Текстов од Гевгелија е прекрасен!
Дапрашам јас пред да почнам да постам не одев кај свештеник и цел пост постам со масло и сега ми е прашањето дали кога ќе заврши постот да одам кај свештеник или грешка сум направила? Инаку прв пат постам.
Не си направила грешка. Пости си со масло, неделата пред да се причестиш ќе си постиш без масло, ако си во можност. Пред да се причестиш, ќе појдеш кај свештеникот да ги исповедаш гревовите што си ги направила во животот. Можеш да се исповедаш и причестиш било кога, во текот на постот, само внимавај да немаш во тие денови крвотечение. Ако си тинејџерка, немој ни да помислуваш да го постиш цел пост без масло. Толку од мене.
Јас бев да се причестам за Први пат и навистина сум благодарна на Бога затоа. Пред тоа се исповедав и сега еве сега постам па ако можам и до крајот да издржам.
Јас Зборев со Поп, се исповедав ими рече дека убаво е да постам ако можам до крај, мислам дека ми рече првата и последната недела без масло, освен сабота и недела, риба за цветници и благовештение и ми рече секој среда и петок без масло. Ја така правам кој како си може така. Ако си можете може и секој ден без масло.
Зошто? Пред некој ден бев во "оние денови" си постев најнормално без масло. Во саботата не отидов да се причестам, погрешив?
Значи, ако си во тие денови почекај да ти поминат пред да се причестиш. Зашто кога се причестуваме нашето тело се соединува со Телото Христово, и нашата крв се соединува со Крвта Христова. Така да не смее да се пролева Христовата крв. Ако си во тие денови ќе постиш, но не смееш да се причестиш, за да не се унижи светињата. За тинејџерите и постот. Дури и во богословијата (средно училиште) каде што се школуваат идни попови, јадат масло во текот на постите. Затоа што се деца во развој! Се` што е претерано не е од корист. На здравје и спасение да ти е причесната!
И јас го делам мислењето со @BY<3 дека за сѐ треба да си се консултирате со свештено лице, односно да најдете ваш духовник, кој ќе ве води низ духовниот живот и ќе ве поучува што и како да правите. Не ме интересираат политики кој со што управува и за што дал одобрување или не. Канонски овие пости се постат без масло од понеделник до петок, а риба се јади за Св. Благовештение и за Цветници. Што не значи дека некој духовник нема да му даде поинаков начин за постење на своето духовно чедо. Духовникот сам ќе процени за колкав подвиг е спремно неговото чедо и за телесен и за духовен пост. Кажете ми некое рецептче кај да споделам? Тука или во темата за пост без масло?
Еве еден рецепт и од мене за посна торта без масло 400 мл вода (или кисела вода) 12 лажици шеќер 20 лажици брашно 4 лажици мармалад 8 лажици мелени ореви 1 кафени лажиче сода бикарбона 1 пециво Се мешаат сувите состојки, па се додава водата постепено додека се добие хомогена смеса. Се става на хартија за печење (или ако немате во моментот може да ја набрашнете подлогата) Се пече на 180 степени 30/35 мин. Наросувате по желба ореви, шеќер во прав или мармалад. Јас додадов во смесата и јаболко рендано, кокосово брашно и ванила. Можете да го следите и оргиналниот рецепт како што е, или да додадете некои работи како овие што ги наведов или други што имате прирака вие. Слободно споделувај и тука рецепти, би сакала и јас некое рецептче ако може
Без масло затворени пици/пирошки/панцероти СОСТОЈКИ: 1кг брашно 1 коцка свеж квасец 1 мала лажичка шеќер 1 мала лажичка сол Млака вода по потреба ФИЛ: 400гр свежи печурки 40тина поголеми црни маслинки без масло 10 супени лажици доматно пире Сол и оригано по вкус (печурките и маслинките рендани или во блендер). -По желба филот може да се смене со варени соини трошки, спанаќ, праз.... што ви душа сака ПОСТАПКА: Во сад се става квасецот со шеќер и 100мл млака вода, се меша додека да се растопи квасецот и се остава да отстои 10тина минути. Потоа се додава брашното, солта, се меша и се замесува со постепено додавање на млака вода, додека тестото добие доволно мекост, а да не се лепи (меко да е како ушната ресичка ). Се остава да надојде 30тина минути и на набрашнета површина се рассукува тестото. Јас бидејќи немам калап за панцероти, формирав кругови со чаша (како крофни) и секој круг го рассукував за да го направам поголем, а тестото потенко, го полнев со околу 1 супена лажица фил (многу беше, преполни беа за мој вкус), ги преклопував и со виљушка ги стегнав краевите за да не излезе филот од нив. Се редат на хартија за печење. Друга варијанта е на рассукано тесто да се намачка филот и да се срола како ролат и да се стави во замрзнувач 20тина минути да се стегни за да може да се сече на парчиња. Парчињата се сечат со дебелина од околу 1цм и се редат на хартија за печење. Одозгора се премачкани со кечап, разреден со малку водичка и наросени со сусам. Се печат во претходно загреана рерна на 250°С околу 15-20тина минути (за времето не ме држете за збор, мене рерната ми е многу силна, можеби кај вас ќе треба повеќе/помалку време). Кога ќе се заруменат се готови. Се вадат и се ставаат во најлонска ќеса, покриени со чаршаф/крпа и за 10 минути можат да се јадат. Спојлер: Слики од двете варијанти
Паштета од компири 4 парчиња компири 200 гр ситно сецкани или мелени јаткасти плодови (мене со печен бадем ми е најубава) 2 лажици доматно пире или кечап 2 лажици сенф Сок од лимон Лук по желба (јас многу сакам лукче и ставам 3-4 чешниња) Сол и бибер по вкус Компирите се лупат, се варат (како за пире), се пласираат, се додаваат јаткастите плодови и другите состојки. По потреба се додава и дел од водата во која се вареле компирите. Се меша со блендер/соковник/миксер и се става во стаклен/пластичен сад во фрижидер. Посни пици Готово тесто од пица (без масло) или парчиња леб се премачкува со доматно пире/кечап, се става сусам по желба, печурки, црни маслинки без масло, златна мешавина, домат, пиперка, брокула, кромид (сѐ по ваш вкус). Се посолува и се става оригано и се печи. Тестенини -Тестенини без масло се варат и како додаток се додава сос од тиквички, печурки, доматно пире/кечап, лукче и магдонос (сосот се пржи на доматното пире со постојано мешање на потивок оган или можете најпрво мелено ленено семе или разреден таан да запржите). -Тестенини без масло се варат и се сервираат со варена златна мешавина, ситно сецкано јаболко и лимонов сок. Зеленчукова чорба Во вода со вегета и сол се варат кромид, лук, моркови, компири и ѓумбир по вкус. Сварени (јас кромидот го фрлам) се блендираат со дел од водата во која се вареле и се става на оган уште еднаш да проврие. Може да правите варијации со брокула, тиква, печурки или сѐ заедно да измешате. Ако ми текне уште нешто, ќе напишам.
Темата за рецепти е овде: https://forum.femina.mk/threads/Посни-јадења-без-масло.5404/ Би ве замолил, иако не сум ни администратор ни модератор да не ја спамирате оваа тема со посни манџи. По кој канон овие пости се постат без масло? Канонски (Петто-шести Вселенски Собор) е забрането во овие пости да се јаде месо, млеко и јајца, освен во болест (но и во болест не се дозволува месо). Еве што вели Цариградскиот Типик, кој е издаден со благослов на Светиот Архијерејски Синод на МПЦ-ОА (во мојот примерок е на стр.445 и 446): Што значи, кој што сака нека не јаде масло и јас не јадам масло, но тој што не јаде масло да не им наметнува на тие што јадат правило, дека маслото е забрането или дека ќе се прекрши постот ако се јаде. И сите оние, кои што не можат да постат без масло, слободно нека постат со масло. Зашто има многу случаи каде луѓе кои не можат да постат без масло, го прекршуваат постот. Тоа не е за пофалба. Дури и оние кои што не можат да постат, нека пробаат да се воздржуваат барем од производи од заклано. Т.е. нека јадат и млеко, сирење и јајца. Секој подвиг и припрема за Пасхата Господова, Господ ќе ја прифати како наша жртва.
Мислам дека никој не наметна ништо на никого тука, ние го споделивме типикот од црквата. Нити тераме, нити фаќаме некој за гуша дека треба строг пост да се пости, нити сме духовници правила да поставуваме тука на форум, нити треба одредуваме кој колку недели со масло или без масло треба да пости. Со сета моја почит кон тебе но типикот од црквата е еден, барем кај нас во МК од кога знам јас така се пости. Баш мајка ми во црква беше пред некој ден и баш кажа дека и свештеникот им нагласил на луѓето и рекол : Се знае како се пости, од понеделник до петок без масло сабота и недела со масло. За тие што не можат така може да благословиме со масло. Ако некој не може, ќе си праша духовник како треба да пости, и според силите ќе му одреди, или ако нема духовник и не е во можност да најде некој или е во странство на пример нека си пости според силите. Нека си одреди самиот колку му е силата дали со масло или без. Ние не можеме тука да им кажуваме кој колку треба да пости и како. Се знае дека за тоа има свештени лица, ќе се обратат кај нив. Послушанието пред се е најбитно.
Прво да бидеме јасни, овде дискутираме, не се караме. Има разлика меѓу дискусија и карање. Карање е кога се расправаме со некого без љубов, дискусија е когас о љубов си разговараме за одредена тема. Не сакам да бидам сфатен, дека не ве почитувам или слично. Ова што ви го споделив што е? Нели е типик? Типик е. Официјално одобрен и од Македонската Православна Црква, а по него се водат Вселенската Патријаршија, Александриската, Антиохиската, Ерусалимската, Бугарската Патријаршија и Кипарската и Грчката Архиепископија. Ако Синодот дозволил да се испечати ова што го споделив, значи нема што ние да го отфрламе. Патем од кога знаеш ти, дека е без масло? Да го оставиме маслото, и да земеме малку да се помолиме, да направиме и по некоја метанија, да прочитаме од Свештените Писанија, поамлку да грешиме и ако сме во можност и некое добро дело да направиме. Доста се држиме за масло/без масло, има побитни работи во постот од тоа.
@Orthophill еве вас ви се извинувам што спамирав манџи, очигледно само вас ви присметаа, а претходно бев фина и прашав. Нема веќе, ветувам. Во однос на постот, по илјадити пат, тоа сакам да потенцирам дека ни јас, ни вие, ни никој на форумов не можеме да му кажеме на некого како да пости, дека мора без масло или пак ако е болен дека мора да јаде сѐ, освен месо. Поентата е да се најде духовник, кој ќе те води. И секако дека ако нешто е тешко или не можеме да го издржеме, му го кажуваме него и тој ни кажува или начин како да се избориме или ни дава благослов за поинаку (барем мојот духовник). Секому се дава товар колку што може да носи. Ама не му го одредувам товарот јас. Истото е и со молитвата. На некој не му е тешко да се моли наутро, навечер, пред и по јадење, да оди редовно на литургија... На некој му е тешко и по една молитва во денот да кажува. На друг пак, не му е тешко, ама оди на работа по 12,24ч и нема можност да оди на литургија. Затоа и постојат духовниците, за да не насочат и да ни помогнат.