За манџите не ми присмета, ама кога веќе има таква тема. Ќе пребарува некој таму и нема да го најде вкусниот специјалитет што сте го споделиле. Во однос на духовниците, целосно се согласувам со тоа што сте го напишале и го поддржувам. Работите кои не` мачат и не ни се јасни, треба да ги дискутираме со духовниците.
Во ред, не велам дека тоа не е точно. Лично јас не сум го сретнала досега тој типик. Благодарам што сподели. Но дали ти го следиш тој типик ? Мислам спомена погоре дека без масло постиш? Сепак следи си што духовниот отец ти кажува за себе си. А за молитвите мислам дека секој христијанин што е запознаен со верата знае дека пост и молитва одат заедно. Ние ако дискутираме на тема јадење со масло не значи дека не се молиме и слично. Тоа не треба ни да се дискутира бидејќи е интимна и тајна врска со Бог.
Вистински не сакам да се расправам, ама ќе Ви одговорам. Јас со духовникот не расправам за пост и мрс. Со претходниот дискутиравме некогаш, со сегашниов никогаш. Ни ме прашал шо јадам, ни сум го прашал што јаде. Некогаш во мрс може да се чепнеме кога се јаде пача, а кога сарма. За во пост не... Типикот, кој многу е интересен кога се во прашање јадењата и најчесто се спомнува само за тоа, е првенствено наменет за богослужбите и молитвите. Од илјадници страници во типикот, за што се јаде може да се соберат 1-2 максимум. Значи молитвата и присуството со внимание на богослужбите е многу поважно од тоа што јадеме. Но, нашиот однос со ближниот и со секој човек, а преку тоа нашиот однос со Бога е најбитен. Сепак, треба и да постиме и да правиме подвизи.
https://www.facebook.com/vegapcic/posts/753809698488511/ Овие вегапчичи во состав немаат масло мислам, дали некој ги конзумирал за време на пост на вода, да знам да купнам повеќе, дека ги има само во поснабдените маркети.
Тие што постат без масло и утре се јаде масло. Поради свети архангел Гаврил (втор ден Благовештение).
Дали ако постам само последната недела од Велигденскиот пост можам да одам на причест? И дали за постење во среда и петок треба нешто да се кажува молитва или оди на причест? П.С. До сега се имам омрсено само со нешто што има млеко/јајце во составот негов...ми се случува да каснам нешто што не е баш посно....
За да се причестиш, треба прво да се исповедаш. Тоа е побитно од тоа, дали во текот на постот си згрешил и си каснал нешто со млеко или јајце. Во среда и петок треба да постиме во текот на целата година, секојдневно треба да се молиме и во недела да одиме в црква на служба. Дневните молитви можеш да ги најдеш во молитвеникот. (има и онлајн апликација). Најбитно е да знаеш, што е светата Причест. Таа не е лепче и винце за здравје, туку света тајна - вистински Тело и Крв Христови и примајќи ја, ние постануваме едно со Христа Бога. Би ти препорачал и тебе и на сите, пред да се причестиш да ги прочиташ овие две книги: 1. Катехизис (основи на Православната вера) https://www.dropbox.com/s/bnt5jaebmcb0k6t/KatihizisElektronskaKOE.pdf?dl=0 2. За подготовката за света тајна исповед https://www.dropbox.com/s/c75qevb8mszlnwe/ZaboravenotoLekarstvo.pdf?dl=0
Можеби прашањево не е за во темава но да не знаеш дали можам да ја најдам некаде книгата Св.Нектариј Егински во електронска форма ? Благодарам