Четврта недела на Великиот пост -“Верувам, Господи, помогни му на моето неверие!” https://pokajanie.mk/2021/04/10/311...38-RgOWE6vGHRqvmTsSIj79c5vQf6EEi6p1f-2m01grXA
Браво, штом можеш да издржиш. Ама сите не можат да бидат на овошје и зеленчук и затоа не треба да ги збунуваме. Порано виното и маслото, па и водата се чувале во воловски кожи. Така да тие содржеле траги од воловски кожи, па пак ги употребувале за време на постот. Денес ја славиме света Марија Египетска. Место да бараме траги во производите од нешто што немаат јас мислам дека е подобро да го прочитаме нејзиното житие и ако сме правеле глупости како неа, да престанеме и колку ни даваат силите да почнеме да живееме живот по нејзиниот пример на покајание. Хемиската анализа на тоа што го јадеме, нема да не' спаси.
Прв пат го држам цел пост за Велигден и мислам дека е најпаметното нешто што сум го направила. Буквално прочистување на телото и душата.
Јас лани само Велики Четврток, Петок, Сабота. Лани со зејтин постев некогаш, некогаш без. Лани бев збунета али годинава дефинитивно се чустувавам убаво. Викендите само постев со зејтин. Но оваа недела воопшто нема да употребам зејтин.
Доволно е тоа што сакаме и имаме желба да постиме. Бог знае.. Битно да немаме лоша мисла кон никого. Јас психички неможев баш да постам, постојано под нервози, нека проштева.
Да, зошто да не? Еве јас цели пости ги терам, јадам само плус зејтин и риба. Супер сум и јас и бебето.