Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пост

Дискусија во 'Религија' започната од Lovely, 13 февруари 2010.

  1. OmilenataZaNego

    OmilenataZaNego Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2015
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    788
    Пол:
    Женски
    За Божиќните пости што следуваат од кој календар е најдобро да се гледа за каков вид на пост е денот? @Orthophill

    Последен пат приметив дека на календарот што го имам на телефон како апликација конкретно на денот отсекување на главата на св. Јован Крстител пишуваше дека е пост на масло, а во календарот од црква строг пост.
    Не знам дали и за подолгите пости има вакви различности.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.578
    Пол:
    Машки
    Православната Црква има два типици: Цариградски (наменет за оние што живеат во светот) и Ерусалимски (за монасите). Главната цел на типиците е да се усогласи богослужението, а не да се кажува денеска масло, утре без масло... Според Цариградскиот типик, односно типикот за нас што живееме во светот, а не по манастирите, постот се одвива на следниов начин:
    - Велигденски пости - прва и последна седмица, како и средите и петоците без масло, другите денови со масло, Цветници и Благовештение риби (освен ако свето Благовештение не падне во последната седмица, кога до Велики Четврток се разрешува масло, а Велики Петок и Велика Сабота се без масло. Охридската Архиепископија во случај да падне свето Благовештение во овие два страдални денови го префрлала на Светол Понеделник).
    - Апостолски пост - прва седмица без риби, после риби секој ден освен во среда и петок.
    - Богородичен пост - пост со масло, само свето Преображение со риби.
    - Божикен пост - до Пречиста (Воведение на Пресвета Богородица) без риби и после свети Спиридон до Божик пак без риби. Помеѓу Пречиста и свети Спиридон секој ден може риби, освен петок и среда.
    - Свети Јован Посен(11.9), Крстовден(27.9) и Водокрст (Нејатка,18.1) се без масло (освен во сабота или недела).
    - Пред Причесна една седмица се пости без масло (во сабота и недела се јади масло).
    - Во средите и петоците вон постите се пости со масло, па дури и да се касне риба не е ништо страшно. Во постите убаво е средите и петоците да не се јаде масло, ама секој според можностите и условите. Сабота и недела секогаш се јаде масло, освен во саботата пред Велигден. Исто и за рибите, кога се дозволени да се јадат, може да се јадат, ама не мора.
    - Во обичните петоци и среди - славите, имендените, погребите и помените се разрешени на риби.
    - Во Петровденските и Божикните пости - славите и имендените секогаш даваат риба.

    За жал кај нас многу често, некои свештени лица, на своите чеда им наметнуваат бремиња, кои ни самите не ги исполнуваат! Постот без молитвата е нецелосен! Ако, некој, пред се` свештеник, не го исполнува она што типикот го предвидува за богослужбите(не служи вечерни, не служи утрени или и да ги служи Господ знае како ги промрмлува) - лудост е на оние, кои му се потчинети да им наметнува да постат монашки! Пан метрон аристон! Се` со своја мерка!
     
    На IRBBB, Rama, OmilenataZaNego и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Утре почнуваат божиќни пости до 6 јануари?
    Како се пости?
     
    На kuc му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.187
    Допаѓања:
    84.027
    Пол:
    Женски
    Прашај си го вашиот парохиски свештеник и тој како ќе ти благослови така ќе постиш.Секој според телесните можности и што е најбитно во постот да не се јадеме едни со други.
    Лесни и Богоугодни пости:inlove:
     
    На Rama, sonuvana и edna_malecka им се допаѓа ова.
  5. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Друг начин нема?

    Јас ова најдов:

    Јасно е дека во времето на постот се избегнуваат месото, путерот, млекото, јајцата, сирењето. Освен тоа, Уставот вели дека во понеделник, среда и петок во Божикниот пост не се јаде риба, вино и масло и дозволено е само примање на храна без масло.

    Во останатите денови – вторник, четврток, сабота и недела разрешена е храна со растително масло.

    Рибата за време на Божикниот пост е дозволена во саботните и неделните, како и на големите празници, каков што е празникот „Воведение во храмот на Пресвета Богородица“, а исто така и на храмови празници и деновите на големите светии, но само доколку тие празници се паднат во вторник или четврток. Доколку празникот се падне во среда или петок се разрешува на вино и масло.

    Од 2 јануари до 6 постот се засилува и во тие денови, дури и во сабота и недела рибата не е благословена, потенцираат црковните правила.
     
    На KittyAgnes, Aschenputtel, sonuvana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    909
    Пол:
    Женски
    Може некој да ми објасни што значи типик овде ?
    tabela-posti1.jpg
     
  7. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.187
    Допаѓања:
    84.027
    Пол:
    Женски
    Пиши ми порака
     
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.667
    Допаѓања:
    79.678
    Пол:
    Женски
    На Aschenputtel и calm-girl им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.667
    Допаѓања:
    79.678
    Пол:
    Женски
    Апликацијата Православен календар може да ти помогне за ова. Јас тука гледам кои денови како да постам. Како што ти кажаа, уште подобро е со свештеник да разговараш и тој како ќе благослови, така.

    Лесни и богоугодни пости на сите. :l:
     
    На Rama, kuc, KittyAgnes и 3 други им се допаѓа ова.
  10. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Оваа ли е?
    Ако е оваа стварно помага, објаснето е како се пости.
    Screenshot_20211128-130216.png
     
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.667
    Допаѓања:
    79.678
    Пол:
    Женски
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.578
    Пол:
    Машки
    Типик е правило за богослужби, однесување во манастирите и на крајот од 1000+ страници, една до една и пол е правило за јадење. Пишав на темава пред неколку пораки. Сведувањето на типикот на распоред за јадење е перверзно.
     
    На OmilenataZaNego и calm-girl им се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.667
    Допаѓања:
    79.678
    Пол:
    Женски
    Зошто?
     
  14. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.578
    Пол:
    Машки
    Тоа е како математиката да ја сведеш на пример само на операција коренување. Да речеш математика е коренување, а да ги прескокнеш сите други операции...
     
  15. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    909
    Пол:
    Женски
    Мислам дека несвесно сум го прекршила постот повеќе пати. Јадев грицки ( смоки, чипсови ) во деновите кај што се јади зејтин. Во смоките и чипсовите имало траги од млеко и јајца и сега кога веке неколку пати го прекршив постот, сакам да ве прашам дали да продолжам со постот и да се причестам на Божиќ, или воопшто да не продолжувам кога веке повеке пати го прекршив постот ?
     
  16. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Твое си е.
    Продолжи си, ама внимавај.
     
    На calm-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.578
    Пол:
    Машки
    Да го продолжиш постот. Можните траги не се мрсни.
    Ако досега се немаш исповедано, или имаш направено големи гревови после последната исповед, пред причесната обавено да се исповедаш.
     
    На calm-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    19.558
    Пол:
    Женски
    Кога почнува последната недела за постење за Божик? И дали може да се причести?
     
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.085
    Пол:
    Женски
    Најубаво е како ќе ти благослови свештеник така. Обично постот трае најмалку една недела, нели за сите тие што не постат целосни пости, а исто може да испостиш само последните три дена од пост. А причесна има секоја сабота и недела наутро.
    Зборувај ако си во можност со поп и тој ќе те упати како и колку да испостиш.
     
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  20. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    1.358
    Пол:
    Женски
    на 7ми јануари не се пости веќе :)
     
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.