Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пост

Дискусија во 'Религија' започната од Lovely, 13 февруари 2010.

  1. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    2.787
    Пол:
    Женски
    Почни си од утре,за Божиќ да се причестиш...последните три дена без масло.
    Ако не постиш редовно, доволен е овој мал труд во слава на Бога.
    Секако е добро и свештеник да се праша, ако можеш , но сигурна сум дека желбата која ја имаш не треба да ја занемариш.
     
    На Rama и Justicija им се допаѓа ова.
  2. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Последната недела се пости по строго. Само на вода.
     
  3. SkBoy20

    SkBoy20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2022
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Машки
    Здраво! Да прашам некој што знае дали пред да се започне со овој големиот велигденски пост е морално и треба да се отиде кај свештено лице во црква да ти даде благослов и кога и како се прави тоа? Би сакал за прв пат да постам но не се зареков сеуште. Поздрав :)
     
  4. MeowMeow

    MeowMeow Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    2.528
    Пол:
    Женски
    Да, треба да отидеш кај свештеник, да се исповедаш и да побараш благослов за постот, јас кога почнав да постам почнав токму со Велигденскиот и со благослов на отецот ми беше олеснет. Повели: https://m.facebook.com/118889738178819/photos/a.963896667011451/2761899747211125/
     
    На Rama, Orthophill и SkBoy20 им се допаѓа ова.
  5. SkBoy20

    SkBoy20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2022
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Машки
    Има одредено кога точно треба да се отиде кај свештеник на пример ден пред постот или не е битно?
     
  6. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Кај да го барам ја тој свештеник?
    Шо ќе се деси ако не се обратам?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.361
    Пол:
    Женски
    И ја би да постам
    Смеам ли една недела пред Велигден?
    У дефицит сум со килажа, не можам сите денови.Нема да ми се лути ако не постам сите денови
     
    На Rama, Orthophill и SkBoy20 им се допаѓа ова.
  8. MeowMeow

    MeowMeow Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    2.528
    Пол:
    Женски
    Не е битно, било кој ден пред постот.
     
    На SkBoy20 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SkBoy20

    SkBoy20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2022
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Машки
    Ти благодарам :)
     
    На MeowMeow му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.578
    Пол:
    Машки
    Ако не се обратиш другиот ден, пак ќе огрее сонцето. Благослов за да се пости не е неопходен, исповед пред светата причест е неопходна.
    Се` може. Само доколку сакаш да се причестиш, пожелно е да се воздржуваш од јадење на месо и да постиш барем во средите и петоците.
     
    На ane.bella, Осе, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.361
    Пол:
    Женски
    Кога? Никогаш не сум постела
    Може да ми објасниш поубаво
     
  12. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.578
    Пол:
    Машки
    Значи да не јадеш месо во текот на целите пости, во среда и петок да постиш јадејќи веганска храна, последната седмица да ја испостиш без масло, или барем Велики Петок и Велика Сабота, да се исповедаш и за Велигден да си се причестиш.
    Во текот на постите прочитај ги овие две книшки:
    https://www.dropbox.com/s/bnt5jaebmcb0k6t/KatihizisElektronskaKOE.pdf?dl=0
    https://www.dropbox.com/s/c75qevb8mszlnwe/ZaboravenotoLekarstvo.pdf?dl=0
     
    На Askopje, Rama и Feminka22 им се допаѓа ова.
  13. SkBoy20

    SkBoy20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2022
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Машки
    Значи не е неопходно да отидеш кај свештеник пред постот ако почнуваш прв пат, туку само пред причеста?Бидејќи ми е прв пат како и да е сакав првата недела цела да ја испостам ,а другите денови среда и петок само, а последната исто така цела. Малце ми се измешаа работите сега :?:
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  14. SkBoy20

    SkBoy20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2022
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Машки
    Знам татко ми кога почнуваше со ппст првиот пат отиде кај свештеник за да му го олесни постот.
     
  15. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.578
    Пол:
    Машки
    Не е задолжително, ама е пожелно. И како што пишав претходно, ако сакате да се причестите, месо да не јадите во постот.
     
    На SkBoy20 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SkBoy20

    SkBoy20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2022
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Машки
    Ама пред причеста е задолжително така? И пример сега првата недела ако ја испостам цела треба да се причестам или тоа на крај од кога ќе заврши последната недела?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.578
    Пол:
    Машки
    Значи пред причесна е задолжително и да се попости и да се исповедаме. Може да се причестите и првата седмица и на крајот, зависи како ќе ви дозволи и благослови попот кај кого ќе се исповедате.
     
    На SkBoy20 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.085
    Пол:
    Женски
    За работници кои работат физичка работа, за бремени, за болни лица, постот е полесен, дозволено е да се јадат млечни производи, само месо не. Е сега, ти не спаѓаш во оваа група, ама сепак ете не можеш да држиш строг пост, важна е желбата, разговарај со поп ако можиш, види како ќе ти благослови. Обично велат дека ако сакаш да ја постиш последната недела од постот, треба и првата, сите кажуваат различно. Мене лично, мојот духовник поради здравствени причини, ми има благословувано да ја постам последната недела на масло, а од Велики четврток до Велика сабота, без масло.
    Штом ти е волја да постиш, пробај, важно е тоа што јадеме за пост, да, ама уште поважно е да издржиме духовно да бидиме смирени, ама за жал ретко кој придава значење на тоа, сите некако сме насочени само на физичкиот пост.
     
    На ane.bella, Snowflake97, Осе и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.361
    Пол:
    Женски
    Не ми е проблем да не внесувам ништо од млечни прозводи и месо
    Ја претежно и не јадам месо
    Мислам не често
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.085
    Пол:
    Женски
    Па штом можеш да издржиш без месо и млечни производи, тогаш пости си слободно, ќе си јадеш овошје, зеленчук и разни посни манџи. Сега баш го гледав типикот за постење, за последната недела и оди вака:Понеделник, вторник и среда пост без масло, четврток пост на масло, петок целосно воздржување од храна и вода, и сабота пост без масло. Види како ќе се осеќаш ти.
    Јас искрено, никогаш немам издржано ден без јадење и пиење, нека прости Господ, тоа е голема жртва, има луѓе и тримир што си прават, значи првите три дена од постот не јадат и не пијат ништо, ама јас за тоа не сум уште духовно силна.
    Што и да одлучиш, нека ти биде со лесно и за спасение:hug:
     
    На Snowflake97 и Feminka22 им се допаѓа ова.