Постам за Велигден секоја година.. Една недела без зејтин, додека брат ми цел пост го пости без зејтин, за мене тоа е многу време, не велам дека не можам, ништо не е невозможно.. После причесна се чувствувам како препородено, мирна душа, духовно исполнета.
Нека ви е за спасение и здравје постот и светата Причест, на сите оние кои го издржаа до крај овој Петровденски пост . Благодатта Божја, секогаш нека биде вашата светлина и патеводителка .
Постам веќе 4 години по ред,1 недела без зејтин за Велиген и се причестувам во црква.Не дека некој ме тера туку едноставно се чувствувам поубаво кога ќе си ги испостам тие денови.Мислам дека треба почесто да постиме лично за себе а и од религиски причини.Секој би се чуствувал убаво кога ќе сфати дека ги исполнува своите должности како верник или барем дел од нив..
Постев зза Велигден 2 недели,Петровденските пости не и баш ми беше криво,сега планирам да постам за Богородичните.А,чувството кога се пости ми е прекрасно,едно чудно смирување ,на душата ми е прекрасно.А,причестувањето е навистина нешто што секој верник би требало да го почувствува.
епа јас постам уште од 8/9 годишно дете и редовно се причестував. Нити некој ме тераше нити ништо од тоа туку едноставно самата сакав. И сега постам но поретко се причестувам, бидејќи постот излегува од уста не влегува во неа...
Ќе ги постам и јас... Но имам едно прашање.. Јас постев за велигденските пости и сега ако постам за богородица тоа се два поста во годината, нели треба непарни да бидат ?! Или грешам ?!
Мила, нема врска тоа дали се парни или непарни постите што ќе се постат. Ако зборуваме за најправилно постење, по правило секој христијанин треба да пости четири пати во годината (според правилата на православието за повеќедневните пости во годината), што значи ако гледаме така сепак е парен број. Всушност овие работи (да не ме разбереш погрешно ) се од оние луѓе што мислат дека знаат нешто за постот, ама не до разбрале (бајачите, гатачите, бабичките). Така да без некоја потсвесна загриженост ако веќе планираш да постиш, да си постиш. Ти посакувам се најдобро и со лесно да си ги испостиш .
Јас една година испостев 40 дена, цели Велигденски пости, а секоја година постам по една недела последната без зејтин, навистина е нешто посебно постот, мир, спокој, можам да постам, не сум стрвна на јадење ич, до душа и вака по еднаш во денот јадам, но ме буни, сега имам дечко, и да не се ни бацам тие 2 недели, 40 дена колку и да е, многу е навистина, за однос ок, и дечко ми е верник сигурно нема ни да ми пререче, ама за бацување... Вие се бакнувате со дечко/мм додека постите?
Мало потсетување. Од утре започнува Богородичниот пост. Најправилниот пост, според правилата и одредбите на православната црква е строгиот пост. Односно постот без масло. Од понеделник до петок се пости без масло, додека во сабота и недела се блажи со масло и вино. Риба се јаде исклучиво за Св. Преображение (19 август, петок), додека во другите денови, не. Доколку е во прашање почетник во постењето, со благослов од духовникот може да се блажи со масло и единствено пред Причест да се пости строго. Нека им е лесен постот и од Бога благословен на сите оние кои од утре ќе постат и ќе се удостојат да Го примат Господ во себе преку Светата Причест .
Девојки и јас почнав да постам денес , без масло не знам дали ќе одам на причесна затоа што ќе добијам менструација ,а ме интересира дали ако имаш менструација за време на постот и ти заврши пред причесна после тоа можеш да се причестиш затоа што ти завршила менс ,
Да. Но, не значи дека треба да се чека само празникот, Успение на Пресвета Богородица за Причесна. Можеш да се пришестиш и оваа недела, пример во петок, или недела. Се зависи од тебе. Имаш две недели, а ако не ти е започнат циклусот сеуште можеш да си постиш строго до четврток и петок за празникот да се Причестиш. Нека ти е лесен постот .