Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пост

Дискусија во 'Религија' започната од Lovely, 13 февруари 2010.

  1. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.361
    Пол:
    Женски
    Ја можам цел ден без храна ако спијам..
    Ќе ми прости и мене, ама у несвест ќе паднам у спротивно
    Со слабо железо сум, уште тоа фали..
    Ќе си запишам на лист сега ова
    А како правиш манџи без зејтин?
    Ја обично : пржам кромид и пример ако правам грашак ставам грашакот сѐ тоа после
     
    На Orthophill и Rama им се допаѓа ова.
  2. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.085
    Пол:
    Женски
    На пример, варам компири и ги јадам со сол и кромид, јадам маслинки, варам грав, онака бел го оставам без запршка, ориз варам со грашок и пченка, има разни други посни рецепти, се издржува за вака кратко. Еднаш само имам постено 5 недели и се откажав последната недела, а не требаше.
    И јас имам слабо железо инаку, исто си варев компири со цвекло заедно и така јадев, со кромид е вкусно ко салата, а цвеклото е топ за железото.

    Едит:Не ме фаќај строго за збор за типикот што ти го пишав како да постиш по редослед, верувај дека и да каснеш масло нема да ти се налути Господ, гледај во деновите на пост да бидеш смирена духовно и после се по ред.
     
    На Snowflake97, Orthophill и Feminka22 им се допаѓа ова.
  3. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Од утре почнуваат велигденските пости?
    Преку недела без зејтин за викенд со зејтин?
    Риба само на Цветници и Благовештение?
     
    На Orthophill, kuc, Cecko85 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Босилче

    Босилче Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2021
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Можеш да си го симниш овој календар и да се водиш според него. Не можев и јас да најдам точен типик и ми кажаа за календаров. Ти пишува за секој ден.
    Screenshot_20220306-134957_Google Play Store.jpg
    Screenshot_20220306-135012_ .jpg
     
  5. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    Денес бев на литургија, го ислушав отецот што кажуваше и како да не разбрав. Јас разбрав дека вели дека сите денови се пости без масло, а среда и петок со масло. Најверојатно погрешка сум го разбрала. Имам и една апликација Православен календар, за утре вели целосно воздржание од храна и пиење. Зарем воопшто не треба да јадеме и пиеме?
    Ако некој знае како се пости, нека пише.
     
    На Justicija, kuc и Cecko85 им се допаѓа ова.
  6. Босилче

    Босилче Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2021
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Првите 3 дена од постот се наречени Тримир и значи целосно воздржување од храна и пиење, што значи не треба ништо да се внесува во текот на тие 3 дена. Не може секој да го издржи тоа, треба да си потполно здрав и да немаш никакви медицински проблеми ама секако најважно е да имаш воља и да си ги знаеш границите. Ако не можеш да го издржиш Тримирот (си го знаеш организмот) тогаш не го почнувај и почни да постиш на вода (храна без масло). Потоа се продолжува според типикот.
     
    На tel-ef и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  7. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.187
    Допаѓања:
    84.027
    Пол:
    Женски
    Велигденскиот пост се пости на вода ,а во викенд,празници се јаде масло ,а на Благовест и Цветници риба.
    Секој пости како може,а најдобро во консултација со свештеник бидејќи сите луѓе не сме исти.
    Не само телесно но и духовно да постиме.. и во постот не е битно што ќе јадеме битно е да не се јадеме меѓу себе.
    Лесни и Богоугдни пости да имаме:)
     
    На Cka, tel-ef, andrejko82 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Јас лани почнав прв пат да постам и ја постев само последната недела. Оваа година првата и последната. :)
     
    На kuc, Justicija и sonuvana им се допаѓа ова.
  9. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    19.558
    Пол:
    Женски
    И кај нас попот го кажа истото, не знам од каде излегоа овие нови модни топик бла бла
    Баба покојна секогаш постоеше вака и беше религиозна личност така да...
    Постете си како мислете треба, не заборавајте и на духовноста :)
    Лесни пости на сите кои постат :)
     
    На tel-ef, Snowflake97, kuc и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Blackpyramid_

    Blackpyramid_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2017
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Јас овие ги најдов на истата страница според кои постев и претходната година.Исто така и попот од црквата го овјави истото.
    Е сега гледам различен е.. претходната година се постеше од пон до петок без масло,а овде пишува негде и среда со масло…ваљда за секоја година е различен календарот?!
     

    Прикачени фајлови:

    На Kimberly11, kuc и Orthophill им се допаѓа ова.
  11. Blackpyramid_

    Blackpyramid_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2017
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Објавата е од Европска Епархија .
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.578
    Пол:
    Машки
    Оваа среда не се јаде масло, освен ако не одите на тримир, па ве почестат со храна на масло. Празникот на свети Јован се префрла за в сабота. (ова по однос на типикот, кој јаде масло и оваа седница нека јаде, ништо страшно)
    Во однос на другата среда, тогаш е свети Алексиј човек Божји, кој дава масло.
     
  13. SkBoy20

    SkBoy20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2022
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Машки
    Кафето во текот на пост е дозволено така?
     
  14. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.187
    Допаѓања:
    84.027
    Пол:
    Женски
    Да ама без млеко :)
     
    На SkBoy20 и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  15. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    А мед?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.361
    Пол:
    Женски
    https://www.crkvenikalendar.com/index_mk.php?year=2022&month=4

    Пошто би сакала да постам од 17ми до 24ти, може да ми објасни некој што значи ова?
    Таму води кај што пишува, треба на вода да сум цел ден? И ова строг пост што значи.
    И кажете начин за опстојување на вода само, или алтернатива..
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.578
    Пол:
    Машки
    Медот се јади и во пост без масло.
    Води значи јадење на храна подготвена без масло. Србите место без масло викаат „на вода“.
    На Велики Петок ако сме во можност треба (но, не мора) да се воздржуваме од секакво јадење и пиење.
    На Велика Сабота се јаде откако ќе заврши службата. Ама пак без масло.
    Ако ја постите само таа недела без масло за да се причестите, не јадете масло и на Велики Четврток.
     
    На Kimberly11 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  18. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.279
    Допаѓања:
    9.105
    Пол:
    Женски
    Манџи без зејтин јас му правев на мм кога постеше.
    Воопшто не зспржував кромид, туку ќе ставев се заедно во тенџере само да се вари.
    Пример еве грашок: ставаш кромид, морков, домат, грашок се заедно си се вари, после на крај за запршка, во филџанче си ставав брашно, црвен пипер и вода, ќе измешам убаво да нема грутчиња, ќе го истуриш во манџата да се довари уште 5-10 минути, ставаш зачини, и тоа е тоа.
    И за сите манџи вака правев.
     
    На Ljubova и Feminka22 им се допаѓа ова.
  19. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Смее мед, пошто е природно не е од животинско потекло.
     
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SkBoy20

    SkBoy20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2022
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Машки
    Алвата смее да се јаде во денови кога се пости без масло?