1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пост

Дискусија во 'Религија' започната од Lovely, 13 февруари 2010.

  1. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.850
    Допаѓања:
    4.550
    Пол:
    Машки
    Таанот не е масло. :) Така останало од стари. Исто и сенфот. Па и путерот од кикиритки.

    Алкохолот е посен. Но, се употребува во деновите кога се јаде масло. Нормално по една чаша.

    Кога сме кај маслото и алкохолот. Грците за масло го разбираат само маслиновото, а пак Србите во пост „на вода“ (без масло) пијат и по едно чаше ракија.
     
    На MeowMeow, L.i.n.a.a и theowndemon им се допаѓа ова.
  2. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    2.947
    Пол:
    Женски
    Денес се јаде масло? Сите различно ми кажуваат
    @Orthophill
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.850
    Допаѓања:
    4.550
    Пол:
    Машки
    Не се јаде за тие што постат. :) Оние кои не постат, ама одат по тримири се јаде. :)
     
    На L.i.n.a.a му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.842
    Допаѓања:
    19.528
    Пол:
    Женски
    Постам без масло дали ќе може да се причестам оваа недела?
    Сакам и последната недела да ја постам и да се причестам и тогаш.. Дали може вака?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Elenpelen

    Elenpelen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    912
    Пол:
    Женски
    Советувај се со свештено чице за да ти даде благослов. Со среќа постење :)
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.542
    Допаѓања:
    78.706
    Пол:
    Женски
    Колку што јас знам, можеш. Само, нека не е постот само на храна. Важни се делата, мислите, молитвата.
     
    На Elenpelen и Justicija им се допаѓа ова.
  7. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.842
    Допаѓања:
    19.528
    Пол:
    Женски
    И ја знам дека можи така, само сакав да се консултирам за мислење и на темава
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.149
    Допаѓања:
    161.778
    Пол:
    Женски
    Дали хартија за печење се смета за „мрсна/ со масло“? Ова е последна дилема дома шо ја дискутират па ај да му одмалам маката и да прашам. :D
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.850
    Допаѓања:
    4.550
    Пол:
    Машки
    Дали можеш или не можеш да се причестиш не можеме да ти кажеме овде на форумов. ПОстењето на овој начин не е пречка, но мора да се исповедаш претходно и да добиеш благослов од поп за причест. И ништо да не јадеш седум недели, без исповед и благослов не може да се причестиме.

    Ај, не претерувајте. :D
     
    На Elenpelen и theowndemon им се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.149
    Допаѓања:
    161.778
    Пол:
    Женски
    Абе не си играм мајтап, не постат прв пат ( не нагласив и претходно ко пишав, за родителите прашвам во нивно име пошто јас не сум религиозна и исхраната ми е независна од религија, ама тие се и пошто и јас сум в кујна сакам да им угодам), ама овај пат како опседнати се не знам шо му е. :rofl: Цел живот постат и то без масло ама овај пост не знам шо му е. Јас не постам ама оти готвам сум во crossfire и константно за масло ме прашват оти за друго знат дека знам пошто јас се хранам „посно“ регуларно. Ова е најново и ме остај без зборој. :D
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Босилче

    Босилче Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2021
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    211
    Пол:
    Женски
    Мрсната хартија е така наречена затоа што е отпорна на маснотиите (течностите) од самата храна кои истекуваат/испаруваат/се јавуваат одоздола на храната (како сакаш наречи ги, мислам дека ме сфати на што мислам) која се печи. Самата хартија на себе не содржи ништо мрсно (масло) туку е премачкана со слој на восоци за истата да не се залепи, да се скини и остани на самата храна кога ќе ја вадиш од плехот. Така да слободно можете да печите на неа во време на постот. :)
     
    На Hande24 и theowndemon им се допаѓа ова.
  12. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    Dali znae nekoj da me pouci sto znaci pettolebie koga se pravi ,kakonso koja cel zainetersirana sum ne znam bi sakala nekoj da mi kaze?fala
     
    На Босилче и Orthophill им се допаѓа ова.
  13. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.850
    Допаѓања:
    4.550
    Пол:
    Машки
    Свето Евангелие според Матеј, глава 14 (Зачало 58 )
    14 И кога излезе Исус, виде многу народ; (Во она време, виде Исус многу народ) и се смили над нив и ги излекува нивните болни.
    15 А на стемнување, се приближија до Него учениците Негови, и рекоа: – Овде е местото пусто, а и времето е веќе доцна; пушти го народот да отиде по селата и да си купи храна.
    16 Но Исус им рече: – Нема потреба да одат; вие дајте им да јадат!
    17 А тие му рекоа: – Ние овде имаме само пет леба и две риби.
    18 Он им рече: – Донесете Ми ги тука!
    19 И откако му заповеда на народот да седне по тревата, ги зеде петте леба и двете риби, погледна кон небото, ги благослови и, откако ги прекрши, им ги даде лебовите на учениците, а учениците – на народот.
    20 И јадоа сите и се наситија; и кренаа дванаесет кошеви полни со останати парчиња.
    21 А оние што јадеа беа околу пет илјади мажи, освен жените и децата.
    https://www.bible.com/mk/bible/1706/MAT.14.MK2008

    ПЕТОЛЕБИЕ
    Во текот на великиот пост, во петоците кога се чита Акатистот на Пресвета Богородица, верниците носат петолебие (пет поскури (просфори) или пет округли лепчиња), вино, масло и пченица (пет свеќи и список со живи) за благослов на семејството, градот и државата. Светите отци за Петолебието велат: „ Овој, пак, благословен леб има разни дарови, ја прекинува температурата, кога се прима со вода, ја прогонува секоја ужасна слабост и кон рожба поттикнува“. Слично зборува и свети Симеон Солунски: „ На оној кој ги прима со вера( лебовите и виното), му пренесуваат благодат, исцеление и други дарови“.
    Значи, голем благослов е овој леб од петолебието и треба да го примаме со вера. Но, да не го сведеме нашиот духовен живот само на обреди, туку должни сме како христијани да постиме, да се молиме, да се исповедаме, да се причестуваме, да доаѓаме редовно во црква, да бидеме почесто во друштво на ангелите и светителите кои се присутни во храмот, и тогаш сите обреди ќе дејствуваат на нас и ќе ни бидат за здравје и спасение. Амин.
    https://www.facebook.com/paraklisprilep/posts/2480103455458182

    Благословените лебови имаат различни дарови, односно ја смируваат грозницата на оние кои ги јадат со вода, и треската ја отстрануваат, и секоја мака и секоја болест ја исцелуваат. Освен тоа, и отстрануваат глувци од житото и другите штетници ги прогонуваат. (Типикон, гл. 2)
    https://orthodul.wordpress.com/2014/12/17/петолебие/

    Рецепт за поскури: https://mk.wikipedia.org/wiki/Поскура
    Напомена, во поскурите не се става ништо друго освен бело пченично брашно, вода, сол и квасец. Ни шеќер, ни масло, ни ванила, ни нешто друго!
     
    На kuc, Elenpelen, MeowMeow и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Keystone

    Keystone Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2020
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Не знаев дека треба да земеш благослов пред да се почне со постот, мајка ми постеше па решив годинава и јас да започнам да си постам. Но таа е почината и немаше кој да ме оправи во врска со постењето доцна ми текна да читам по форумов. Сега дали можам да земам благослов или веќе е доцна?
     
    На kuc и Orthophill им се допаѓа ова.
  15. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.850
    Допаѓања:
    4.550
    Пол:
    Машки
    Како што пишав веќе еднаш, благослов за постење не е неопходен. Неопходна е исповед пред причеста.
    Ако сакате благослов, можете да земете во секој момент.

    Бог да ја прости мајка Ви и Царство Небеско да и` подари.
     
    На IRBBB и Keystone им се допаѓа ова.
  16. Ivana222

    Ivana222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2021
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20220313-195344_Chrome.jpg zdravo, dali ovie kolaci se posni?:)
     
  17. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.281
    Допаѓања:
    33.449
    Пол:
    Женски
  18. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    930
    Допаѓања:
    2.575
    Јас многу сакам да постам, но ко за беља јадам се и тешко ми е да одолеам. :(
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.850
    Допаѓања:
    4.550
    Пол:
    Машки
    Со малку труд се` се постигнува. Пробај да ја постиш само последната недела.
     
    На edna_malecka и celineparis им се допаѓа ова.
  20. Prolet123

    Prolet123 Нов член

    Се зачлени на:
    5 април 2022
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Прв пат постам и тоа од 7 март сакам целиот пост до велигден да го постам и тоа строг без масло (само викендите со масло), ама денеска на едно поминување во една фарма за производство на сирење понудија да пробаме од сирењето и го пробав без да размислам дека не смеам а еве цел месец се придружувам не сум згрешила. сега дали да продолжам со постот дали ќе можам да се причестам. знам дека најдобро е да разговарам со свешетно лице но ја најдов оваа група и решив да пишам.
     
    На Ygritte му/ѝ се допаѓа ова.