1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пост

Дискусија во 'Религија' започната од Lovely, 13 февруари 2010.

  1. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.280
    Допаѓања:
    33.448
    Пол:
    Женски
    Да продолжиш со постот. На исповед ќе кажиш дека непромислено си каснала сирење.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    4.222
    Пол:
    Женски

    Ненамерно грешење ништо страшно, си продолжуваш со постот. Сигурно нема поради парче сирење да прекинеш цел пост .
     
  3. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.847
    Допаѓања:
    4.547
    Пол:
    Машки
    Да си го продолжиш постот, без грижа на совест.
    Пред света Причестна задолжително да се исповедаш, за сите гревови што си ги направила. Ќе ја кажеш и оваа незгода. :)
    Лесен остаток од постот.
     
    На kuc му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.697
    Допаѓања:
    130.404
    Кажете ми ручеци без масло? Уште 6 дена немам идеја што да правам.
    Еве денеска ќе ставам леќа, утре печурки ќе печам, со печени пиперки и салата. Еве у четврток грав, а у среда? Тестенини со сос од патлиџан?
    Петок и сабота ќе бидам на леб и маслинки, леб и партлиџам и пиперка... ама овие другиве денови?
     
  5. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.280
    Допаѓања:
    33.448
    Пол:
    Женски
    Грав, леќа, зеленчукова супа, варен компир салата (јас со таан го правам и младо кромидче, лимон и солца), течна манџичка со зеленчуци (грашок, компир, боранија), пица со доматно пире и зеленчук (ако најдеш тесто без масло, ако не можеш на парчиња леб), тестенини со доматен сос или било каков печен/варен зеленчук, рижото..
     
    На Cka и KittyAgnes им се допаѓа ова.
  6. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
    На 23 април е причеста, навечер кај полноќ, така?
    Ако е така, дали утре цел ден не треба ништо ни да се јаде, ни да се пие?
    Благодарам однапред за одговорите.
     
  7. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.847
    Допаѓања:
    4.547
    Пол:
    Машки
    Причест има и в сабота сабајле и сабота вечер.
    Не мора да постите без ништо. Само масло не јадете.
     
    На KittyAgnes и tel-ef им се допаѓа ова.
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.697
    Допаѓања:
    130.404
    како мислиш во сабота? за вечерта знам после 12, ама не и претходно? Сакам да отидам кога има помалку народ, незгодно ми е со тоа лажичето сите....
     
    На Angelllla и KittyAgnes им се допаѓа ова.
  9. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.280
    Допаѓања:
    33.448
    Пол:
    Женски
    Има Литургија и во сабота сабајле, утринска.
     
    На KittyAgnes му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.697
    Допаѓања:
    130.404
    И исто е како причест во недела? Само до 12 ноќта продолжувам со пост, така?
     
    На andrejko82 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    55.207
    Пол:
    Женски
    Да и јас вака знам..
     
    На IRBBB, Cka и KittyAgnes им се допаѓа ова.
  12. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.847
    Допаѓања:
    4.547
    Пол:
    Машки
    Ако се гнасите од лажичето, подобро да не се причестувате! Зашто очигледно не знаете Кој е во лажичето и со Кого се соединувате и Чиј дел станувате. Во лажичето нема лепче и винце, кое се дава за награда за оние што постеле, туку Самиот Христос, Нашиот Бог, Кој поради нас и нашето спасение прими крајно понижување, и шамари и камшици, и исмевање и лажна баграница, и венец трнов, и распнување и прободување со копје и смрт на Крстот... И во Адот слезе за да го ослободи родот човечки и од расколот со Бога и пак да го востанови рајот, од кој Адам и Ева отпаднаа грешејќи. Ни се дава за и ние да станеме дел од Него и за да ни Ги спали гревовите и да добиеме Живот вечен, преку заедницата со Него.
    Извинете, што вака Ви се обраќам.

    Сабајлето на Велика Сабота има света литургија, исто како што имаше и денес.

    Инаку кога и да се причестите постот завршува по велигденската света литургија.

    Во овие денови не треба само да постиме туку и да одиме на богослужби.
     
    На mal.ecka, kuc, KittyAgnes и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Ana-lib

    Ana-lib Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2015
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    242
    Пол:
    Женски
    Планирам да постам за богородичниот пост, па се мислам дали ќе можам да издржам и што би готвела да јадам. Малку е незгоден период бидејќи нема да сум дома и имам мало бебе па дојам. Но од друга страна смо две недели е постот, а јас осеќам некаков немир во себе и верував дека со постот ќе успеам да се смирам.
    Што јадете во пост? И дали е дозволен оцед да се јаде? Размислувам за салати кога би правела со сол и оцед само. И дали кечапот е посен без зејтин?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.847
    Допаѓања:
    4.547
    Пол:
    Машки
    Штом доиш и штом ќе бидеш надвор од дома, јади си слободно масло.
    Инаку оцетот и кечапот се без масло.
     
  15. Ana-lib

    Ana-lib Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2015
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    242
    Пол:
    Женски
    А ќе можам ли така да се причестам?
     
  16. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.847
    Допаѓања:
    4.547
    Пол:
    Машки
    Причастие се дава со благослов на свештеник, после света тајна исповед. Најмал проблем за свето причастие е јадењето на масло, посебно од страна на доилка. Најдете свештеник исповедајте се (не мора веднаш пред причастието) и потоа причастете се.
     
  17. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    Ќе отидеш кај поп или монах на исповед и он точно ќе ти каже што треба да јадеш
     
    На Ana-lib му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.583
    Пол:
    Женски
    А пример ако постам а не се исповедам не може да се причестам ?
     
  19. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    Со монах или поп се консултирај најубаво тој ќе ти каже што и како да правеш
     
  20. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    4.222
    Пол:
    Женски
    Колку што знам јас не може.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.