Не можеш. Причесната не е играчка. Со поп треба да се консултира и нормално да се исповеда. Монасите си живеат по манастирите и тие не треба многу да се мешаат со оние кои живеат во светот - мирјаните, посебно не со жени! Ако го оставиле светот и се` светско, некултурно е ние да одиме и да им ја нарушуваме молитвата со нашите посети и нашите проблеми. Секој дом во Македонија припаѓа на некоја парохија, на чие чело стои - парох, односно поп. Така што секој од нас треба првично да си се обраќа кај својот парохиски свештеник. Монасите се за осаменичка молитва, а не да се расправаат со световни работи.
Игумен на манастир или владика може да дава благослов и исповеда, на мене ми е еден владика духовен татко
Може, ама не треба. Затоа се поповите по градовите и селата. Сепак, блазе си им на владиците што имаат време со исповеди да се занимаваат, блазе си ви и вам што имате време да се шпацирате по манастирите.
На нив тоа им е дел од работата на владиците, ако се сака за се се има време, дали треба или не тоа онинго кажувате а не ние
Сакам да постам прв пат во животот ама имам неколку прашања. Прво моментално имам добиено дали може да почнам, читав дека тогаш жените се сметале за ,,нечисти" Духовен водич немам бидејќи не им верувам ниту сум спремна на некој да се исповедам дали може да си постам така без причест. И најтешкиот момент како да се воздржиам од лоши мисли и кавги кога личноста која постојано провоцира живее во иста куќа со мене , изолирање не е возможно..
Да си постиш. Жените во циклус само не треба да се причестуваат. За кавгите, знаеш кој не се кара? Тој што живее в пустина. Но, пред причест мора да подадеме рака и да им речиме прости на сите со кои сме се карале. Ако не се причестуваш, барем појди еднаш в црква. Ако не можеш без масло, пости со масло. Ама убаво ќе биде да се исповедаш, редејќи ги гревовите. Без детаљи.
Леб како и секој друг ден, а кикириките се посни, но и јас не сум сигурна за маслото ама мислам дека нема во нив.
Тука во нутритивни вредности стои дека има масти. Сега не ми е јасно дали има масло во лебот? Или тие масти немаат врска со масло?
Кикиритките кои се печени се без масло. Пржените со масло, нормално се со масло. Масти има во се`, така што ако не пишува масло или маргарин слободно јадете си.
И мене тоа не ми е јасно, ако може некој подетално да каже? И ако знае некој што се носи во црква кога се пречестуваш, почнав од денес да постам па да се подготвам
Има, светиот апостол Павле вели: „23 А јас го примив од Господа она, што ви го предадов; а тоа е дека Господ Исус онаа ноќ, кога Го предадоа, зеде леб, 24 и, откако заблагодари, го прекрши и рече: »Земете, јадете, ова е телото Мое, кое се крши за вас; правете го ова за спомен Мој!« 25 По вечерата, исто така, зеде и чаша, па рече: »Оваа чаша е Новиот завет во Мојата крв; ова правете го, кога ќе пиете за Мој спомен!« 26 Оти, кога ќе го јадете овој леб и кога ќе ја пиете оваа чаша, вие ќе ја објавувате смртта на Господа, додека Он не дојде. 27 Затоа, оној што недостојно јаде од овој леб и пие од чашата Господова, виновен ќе биде спрема телото и крвта на Господа. 28 Но, човекот да се испита самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша. 29 Зашто, кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува телото Господово. 30 Па затоа меѓу вас има многу немоќни и болни, а мнозина и умираат. 31 Оти, ако бевме се испитувале сами себе, тогаш немаше да бидеме осудени.“ (1. Кор. 11). А светиот апостол Јаков вели: „Исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг за да се исцелите. Голема сила има усрдната молитва на праведникот.“ (Јаков 5:16) Поради овие поуки на светите апостоли Павле и Јаков ние мора да се исповедаме и внимаваме како се причестуваме, односно да се подготвуваме со пост, молитва и добри дела.
Причест има на секоја литургија. В недела ќе има света литургија со почеток во 8 часот, во сите поголеми градски цркви.
Јас го постев цел пост со исклучоци од неколку дена јадев масло и риба дека сум болна. Со Господ напред, ќе се причестам утре.
Здраво како и дали смеам да прекинам со постот во петок, почнав секој петок да постам пред некое време ама, некој пат несакајки пред да дадам на децата нешто пробам, и на работа секој петок е со месо, нема посно мени,и не јадам ништо, не сум во македонија