Немате таму каде што работите мени за вегани? Не можете да се изјасните како веган во петок? Во секој случај можете да разговарате со некој православен свештеник во земјата во која живеете.
Нема,сепак фала ти, ќе продолжам со постот па ќе си носам јас од дома спреманосамо сакав да прашам дали некој се има одречено и прекинал со пост така
За постот, посебно во петок нема одрекување и зарекување. Зарекување има за постење вон постите, ама за во петок нема. Зошто постиме во петок? Затоа што Христос беше распнат во петок. Во петок постиме за да не учествуваме со оние кои Го распнаа Христос.
28.11 Почнува Божиќниот пост кој трае до 07.01.23 а тоа како се пости се добива благослов од дсвојот духовник
Ти благодарам и јас, дилема ми беше и мене а по интернет различни мислења Утре почнува постот, со лесно на сите Јас за прв пат ќе постам, така почуствував потреба
Јас по стотти пат овде.. И овој пат сакам да постам, е досеа никогаш не сум постела. Дали можам да почнам од утре директ? дали треба да одам прво во црква? И кажете ми кога е строг пост, тоа беше ич ништо да не се јаде, така? Како издржувате, поготово тие што работите, што сте физички активно вака во денот? Никогаш не ми се случило да не јадам цел ден, и не знам како ќе издржам. Едино до 22 да седам будна и да легнам после. Кај што пишува ,,масло и вино” значи смее сѐ шо има зејтин, и вино смее од алкохол. пример посно може да е симит? Баничка со зелка, со праз? Да не има во нив јајца или млеко? Или без тоа ги прават?
Немораш да одиш во црква за да постиш. Постам неколку години уназад, никогаш не сум била во црква (во неделите и на празници само). Кога е строг пост, не смееш масло, смееш да јадеш. Храна без масло само. Кај што ти пишува масло, храна со масло. Масло и вино- смееш храна со масло и алкохол. Вино и риба- алкохол, храна со масло и риба. Јас јадам банички, буреци со зелка, праз, никогаш не сум сретнала во тоа да ставаат јајца и млеко. Али можеш да препрашаш. Можеш да јадеш, ајвар, манџи, риба, салата, овошје, зеленчук. Не мораш да гладуваш, за да постиш.
Оо Јас мислев строг пост значи ништо да не се стави во уста. И пример еве утре ако почнам, шо да јадам? доруек можам крекери, а ручек и вечера? Нешо калорично Мене ми е дамо многу страв да не доослабсм
Утре се јаде риба. Можеш за доручек на пример бурек, ручек можеш риба, салата, а вечера ајвар и леб или ориз. Никогаш немам ослабнато од пост. Јади колку што ти се јаде. И не се изгладнувај. Во строг пост можеш се, ама без масло. Неколку идеи: компир, ориз, ѓеврек, перек, сите овошја, зеленчуци, салати... И ако прв пат постиш, не мораш строг пост. Крекерите тешко дека ќе те најадат, можеш за ужинка тоа. Инаку имаш апликација Православен календар и за дента имаш, дали се јаде со масло/ риба/ строг пост. Зависи од денот.
Утре е дозволено да се јаде риба дека е Свети Никола, инаку понеделник, среда и петок се пости без масло. Имаш разни рецепти за посни јадења и овде на форум и општо на гугл. Искрено кажано добро е да се зборува и со свој духовник или општо свештеник, тој најдобро ќе те упати како да постиш, ако си болна од нешго може да ти го ублажи малку постењето... Но, и онака постењето е голем подвиг само по себе, имаш волја и започни, исто добро би било ако се причестуваш да се исповедаш, ако не сакаш во црква, можеш дома на Бог кој ионака го знае секое наше дело и секоја мисла, но чека да ги кажеме на глас и да се покаеме. Со лесно
Ехе Јас скоро секоја вечер си правам муабет.. Таму е најдобриот исповед, на правото место Пошто Он ако не помогне, нема кој. Фалаа Ќе ви кажам што ќе бидне. Ухууу Топ Има избор тенкс Едит Ова не кажав: Капа доле за апликацијата, не знаев дека има. Напредни сме, браво, ама и добра работа е. Сигурно има и други опции на апп
На апликацијата пишува секогаш различни поуки на денот, башка опишани се и житијата на сите светци кои се слават во текот на еден ден. Едит: И Библијата ја има на македонски, исто и друг православен молитвеник на македонски.
Здраво девојки, дали за време на пост некоја од вас се има соочено со намалено ниво на Б12 витамин и има ли некои суплементи што би можело да се земат а да не го нарушат постот?