Утре не се пости. Од Божик до 17 јануари се мрси секој ден. На 18 се пости, на 19 се мрси и од 20 секои среда и петок се пости.
Да се раководам по овој календар? Само не ми е јасно, има денови еден по друг само на вода, мора строго само вода да се пие тие денови, или можам и да постам со храна?
За календарот не знам, ама можеш да провериш на страната на МПЦ или Бигорски секогаш ги објавуваат правилата за пост. Инаку тоа на вода се мисли на храна која не содржи масло или која е подготвена без масло, не да не се јаде воопшто. Има доста рецепти на интернет за посни јадења без масло. Инаку ако прв пат постиш или поради некоја друга причина со благослов од свештеник може да се олеснат постите.
Ако веќе сакате календарчиња, јас сепак би Ви го предложил ова. Посебно ако првпат почнувате да постите. Нејадењето на масло посебно за луѓето кои се во светот и работат секакви работи и трчаат дома да продолжат да се борат за својата фамилија и не е баш препорачливо. Само доколку се причестувате, а тоа е многупожелно да го направите, и седмицата пред причеста испостете ја без масло (сабота и недела секогаш се јаде масло, освен на Велика Сабота).
Дозволени се. И пепси и миринда и севанап и газоза и кисела вода... Дај брате не претерувај! За вакви глупости НЕ СЕ ПРАШУВА духовник!
Сигурен си? Во која книга пишува газирано да не се пие? Кој свет отец го вовел тој пост? Еден многу учен поп вели: Не е битно во и со што, битно да се претерува!
Некој што пости години наназад за Велигденски пости да ми пише и каже нешто повеќе. Сакам да постам без масло првата недела па совети што треба што не би ми биле од корист. Што е оваа дека газирано не смее првпат тоа слушам
@Orthophill сакав да сте прашам нешто, не живеам во Мк, околу мене има православна романска црква ако не успеам да одам во наша црква на причест, може да одам во оваа?
Во Симболот на верата што исповедаме или барем кажуваме? Верувам во една, света, соборна и апостолска Црква!