Може. Не мора да се исповедате дента пред причестта, но треба да се исповедате. Пишав дека сестрата треба да се исповеда пред да се причести. По исповед се дава благослов/дозвола за причест. Чекам да пишеш кој поп или попомонах забранил газирано во пости без масло. Алкохол не се пие, ама за газирано чекам одговор.
Јас за газирани сокови не сум кажал туку како што му кажале на еден другар кажувам, кога е на масло нели е дозволено умерено вино да се пие т.с. една до две чаши?
Патем, духовник е парохискиот свештеник - попот, што ви доаѓа дома. Му кажале не му докажале, ако воопшто му кажале. Ова се бапските прикаски за кои свети Павле му вели на свети Тимотеј да бега од нив! Кога се пости на масло може чаша вино.
Можеби незнам ми кажа ако ме е излажал и јас лажам за газирани сокови, иначе духовник освен свештеник нели може и монах да биде духовник?
Немам некое големо искуство, еднаш ги постев Велигденските, здравје и оваа година. Инаку постот како пост си е ист како и останатите недели. И јас тогаш исто без масло и се причестив. Во однос на храната, на интернет има многу рецепти без масло за солени и благи јадења. Јас стандард имам мени со печени/варени компири, варен зеленчук, супи, бел грав, леќа, грашок, мармалад/џем, мед, многу овошје и зеленчук и многу течности. Покрај ова ако најдам интересен рецепт на интернет си спремам и тоа (ама не ги знам на памет ако сакаш тогаш ќе ти споделам во лп). Ова за газиран сок прв пат слушам, јас конзумирам. Според мене потежок е духовниот дел на постот, особено лоши помисли или слично. Само позитивна мисла и насмевка Она што е важно, доколку можеш, е постот да го испостиш до крај. Ова го имам слушнато од свештеник, дека не било убаво после првата недела да се прекине, конкретно за Велигденските се однесуваше. Нормално, ако постоиш прв пат или поради некоја друга причина, со благослов од свештеник постот може да се ублажи (и веројатно тогаш може некои промени, не знам). Ова е најдолг пост, ама ич нека не те плаши должината. За мене е убав период. Инаку, од утре почнува месопусна недела и не се јаде месо доколу планираш да ги постоиш постите (ама се уште не е посно и може секаква храна освен месо). Не сум толку стручна колку што напишав
А кока кола? Мене па логично ми е да не се пијат газирани пијалоци. Не може се да биде напишано и нацртано некои работи се подразбираат. Постот подразбира да се воздржуваш од храна, ќе преживете и без газирано.
И кока-кола и фанта и спрајт и пелистерка кола и фреско и струмка итн. Што се јаде или се пие во постите кажува Црквата, а не било кои личности, посебно ако и самите не постат. Месопусната недела (ден) беше вчера, седмицата пред неа беше месопусна. Седмицава која е во тек се вика Сирна седмица, така денеска е Сирен понеделник и како што кажа и @SeaMermaid не се јаде месо, ни сало, ни џимиринки, во ниеден од деновите па ни в среда и в петок. Да нема забуни.
Нели од недела почнува нова недела според црквата како може претходната да е месопосна оваа е бидејќи не се јаде самото име ти кажува онаа недела се јадеше месо
Седмицата почнува од недела, како прв и осми ден. Вчера беше месопусна недела (ден) затоа што вчера во денот недела го отпуштивме месото од нашата исхрана и направивме мали поклади, односно покладивме со месо. Постите поврзани со Триодот (периодот од Митарот и фарисејот до Неделата на сите светци) секогаш почнуваат во понеделник. Па така во сирниот понеделник престануваме да јадеме месо (денеска) и во понеделник го започнуваме Постот (следниот чист понеделник), во понеделник го започнуваме и апостолскиот пост по неделата (ден) на сите светци.
Да ама не е како што рече во претходниот пост дека минатата недела била месопосна убаво кажа дека оваа е таа недела
Значи за секој продукт треба да прашам? Со постот се откажуваш од физичкото тело и неговите потреби а газирани пијалоци се чиста лакомост да го задоволиш физичкото со самото тоа се подразбира дека не би требало да се конзумираат за време на пост.
За секој продукт писмо до Светиот Архиерејски Синод да се прати! Ај почнете да постите, после завршете теологија, и после како теолог ќе испратите писмо до некој следен Вселенски Собор или Сеправославен Собор за да ја објасните смислата на постот. Заморувајќи се со што да јадеме или што да не јадеме ја промашуваме целта на постот, а таа е во чиста согласност првенствено со вчерашното свето литургиско евангелие.
Нема врска ова. Газиран сок е сок. Ако требало да се пости без газирани пијалоци, по истата логика и обичен цеден сок не би требало да пиеме, само на вода да сме. Кафе па ич. Алкохол е веќе друго, ама сок си е сок.
Оваа недела е Сиропусна (негде се нарекува како Сирна/бела/подготвителна) Се јаде јајца и производи од јајца и млеко и производи од млеко, а не се јаде месо и производи од месо, важи и за среда и петок.