Од утре почнуваат великиот пости каде од понеделник до петок е без масло сабота и недела е дозволено масло и вино, на 09.03 (четврток) и 22.03 (среда) и 13.04 (четврток) исто така е дозволено масло и вино, а на 07.04 и 09.04 е дозволено масло, вино и риба.
Здраво на сите Јас сеуште се запознавам со овие теми, ќе ми биде мило ако ми помогнете малку -Дали можам да го почнам постот од утре, ако не сум ги испочитувала правилата за оваа недела, т.е. Јадев месо. - Дали можам да постам ако не се откажам од цигари? Дали можам да одам на причесна? - Дали е дозволен однос со пред Бога венчан сопруг? Прочитав различни мислења за прашањава и само се дозбунав, посебно за последното Со лесно и со мир во душата на сите кои ќе постите од утре
Треба да имаш духовник поп/монах за да те разреше за да постеш и да земеш причест, а не се дозволени односи за време на пост.
Значи не можам да постам па во меѓувреме да разговарам со духовник? Да знам, за наредни пости тогаш со време.. Ти благодарам
Не мора наредни, можеш да си постиш од утре. Добро би било да се откажеш од цигари или, ако не можеш, барем да ги намалиш. Ако си во брак, дозволени се односи. Пред причест - исповед.
Почни да постиш, за Света Причест треба да се исповедаш и да добиеш благослов од духовник. За останатите прашања најдобро е да разговараш со духовникот оти секој духовник и секое духовно чедо е различно (пример за цигарите ќе земам-и јас и моите родители имаме ист духовник. Сите дома бевме пушачи, не знам дали на моите родители некогаш духовникот им рекол да не пушат, мене ми даваше пр овие пости 3 дена пред Причест да не пушам, следните една недела.. И јас благодарение на него ги откажав цигарите.) Лесни и Богоугодни пости на сите што ќе постат. На здравје и спасение да ни се.
Имаше и други погрешни информации напишано во темава. Добро е да се воздржат од односи, но не е строго забрането.
Види јас го кажувам тоа што ми е кажано а дали е погрешно или не тоа незнам еден од владиците на МПЦ ми е духовник и тој ми кажуваше воедно за односите дека се забраните без разлика дали си во брак или не
Може вака ако мислеш дека е дозволено ајде заедно ќе одеме кај мојот духовник тој е еден од владиците па ќе го прашаме дали е дозволено односи на тие што се во брак за време на брак?