Ајде можеш да ме контактираш во пп секој викенд сум кај него така да бирај кога ќе одеме да видеме што е тоа што сум го кажал погрешно и за односите и за другите работи.
И различен духовник, ама и различно духовно чедо. Не секое духовно чедо е на исто "духовно скалило". На некој му е потешко да пости, на некој да се моли, на некој да се воздржи од односи, на некој нешто сосема друго, сите се бориме со сопствените искушенија. Затоа е тука духовникот да не насочи и да ни помогни да одиме скалило нагоре, шо не се случува преку ноќ. Ниту пак значи дека ако сме се качиле повисоко, не можеме да паднеме. Постојаност и молитва да имаме.
Без разлика дали е духовникот е владика, поп или игумен некои работи не се дозволени една од тие се односите за време на пост
Така е. Секако дека постојат правила. Ама кога си духовен почетник чекор по чекор. Полека ќе се отвараат врати. Со лесно на сите.
1. Може да ги почнете постите иако сте јаделе месо. Во текот на овие пости не се јаде риба. Пожелно е да не се јаде масло, но ако не можете без масло - слободно јадете. Господ на Крстот не висеше за маслото. 2. Пушењето е порок и промашување. Пробајте барем пред и по светата Причест да се воздржувате 2-3 дена. 3. Воздржувањето од односи во бракот е дозволено само ако за тоа се сложни двајцата брачни другари! Да не ве залажува никој друг во спротивното, зашто кој вели дека треба да ги избегнувате односите во венчан брак - тој е манихеец и глуми поголем од свети апостол Павле. Сепак исто како и пушењето, добро би било да се воздржите 2-3 дена пред и после причесната. Бракот е чист и таа света тајна е благословена од Самиот Господ Иисус Христос. 4. Пред да се причестите задолжително да се исповедате. 5. Постот не е само диета, пробајте во текот на постот да правите добри дела, читајте го почесто Светото Писмо, молете се почесто дома, одете на богослужби барем еднаш неделно и тој пост ќе биде богоугоден, без разлика дали јадете или не јадете масло или дали имате односи со Вашиот сопруг.
Една од работите кои не е дозволена е и мирјани да се мотаат по манастири, посебно мажи во женски манастири и жени во машки манастири. Ама пак се мотаат. Тој што ги забранува односите меѓу венчани маж и жена се прави поголем од свети Павле апостолот, таква дрскост направи само римскиот папа, кој се самопрогласи за поголем од свети Павле и си даде право да ги менува павловите посланија. Оној пак што дозволува вонбрачни полови односи не е свештеник на Живиот Бог, туку може да биде жрец на Афродита или на Дионис.
Убаво му кажа оти ќе се истепаат да кажат кој е во право ,кој не ...лесни и Богоугодни пости на сите.
Манастирите не се туристички атракции, иако кај нас на тоа ниво се направени И не се места за викенд одмор Лесен пост на сите
Да не се ставам во грев со "осудава", време е на пости, ама јас познавам монашко лице кое на пар во врска им дозволи сексуални односи во време на пост, според мене тоа е многу погрешно. Истото мислење го имам и за луѓе кои се во брак, колку и да е света тајната брак, колку и да сте едно тело, никој не умрел една или неколку недели без секс, тоа се нагони кои можат да се контролираат. И баш убаво Св.Павле кажува дека мажот и жената треба да се разделат некое време, баш на ова се мисли, и подоцна повторно да станат едно тело. И не, не сум ни најмалку безгрешна, имам еден тон блудства и гревови, ама затоа постои покајанието, нели... Мислењето ми е со добра намера, чисто да охрабрам некого да не потклекнува пред нагоните. Со лесно на сите, имајте смирен и Богоугоден пост
Секој си е приказна за себе, има општо правило за пост и лично. Затоа треба да имаме духовник кој ќе не' води.
Ќе си појдеш во библиотеката на манастирот каде што одиш. Ќе ги побараш монашките правила од свети Василиј Велики, свети Антониј Велики, свети Теодор Студит, свети Венедикт Нурсиски итн. Ќе прочиташ и ќе најдеш. Која е целта на некој да се повлечи манастир? Да се оддели од светот за да може ревносно да се посвети на Бога со постојана молитва и богослуженија, а не да прави панаѓури и богослужбите по манастирите да бидат пократки и одоние во црквите. Светиот апостол Павле вели да се разделат по договор, а не на едниот да му текни и да се раздели... Епа тоа е лицемерието на ова време, во јавност им наметнуваме на луѓето строги правила, а на т.н. духовни чеда им се дозволува и гревови да прават, ама битно да се дел од нечии војски... Битно ќе раскажуваме прикаски за масло и без масло...
А кој го споре дека не се оддадени на Бога и со богослуженија? Дека се пократки богослужбите и се прават панаѓур? Или само да се суди! Не суди за да не ти биде судено оти со каков суд ќе судиш со таков ќе ти се суди и со каква мера мериш со таква ќе ти се мери Матеј 7:1-5