Многу луѓе мислат дека само гладувањето е пост, а н=е знаат дека има многу други работи од кои треба да се воздржуваат за духовно да се прочистат... И после поголеми верници ќе се прајват од некој шо не постел со храна
Да си кажам и јас за постовите кај нас. Постам, еве уште неколку дена ќе заврши Рамазан, а за да надоместам за деновите кога не сум постела, (кога сум имала менструација), тоа ќе треба после Бајрам, но тоа ќе го оставам некаде есен, или кога ќе бидеме на зимски распуст, мислам нема определено време, мислам дека имаш време до наредниот Рамазан.
Како оди ова со постењето и менструацијата кај вас? Прв пат слушам за ова, може ли да ги замениш тие денови во текот на годината? И колку точно денови постите? Јас не можам 40 дена да постам и без тоа слабокрвна сум ама за Велигден секоја година по една или две недели постам и тоа не јадам јадења со масло, сусам, сончоглед, риба итн. И не оговарам, не мислам лошо не се бакнувам, на секс не ни помислувам, не пушам цигари и не пијам алкохол, не се карам со никого се чувам за после постот. Инаку постот е еден вид тренинг на телото и умот, на твојата принципиелност. Ако ти можеш повеке од 40 дена да им одолееш на сите тие слатки работи, на пороци, лоши мисли, тогаш ти си способен да постигнеш се што ке решиш да направиш.
Постиме цел месец. Кога имаш менструации, според верата-не си чиста. Не се клањаш, не смееш да допреш Куран (тоа не можеш и кога немаш абдес, верувам знаеш што е), патем, во тоа време ни се дозволува да користиме лак за нокти. Зависно од тоа колку денови ти траела менструацијата, толку денови ќе си постиш после. Честит празник, и со лесно нека ви е на сите.
Јас денес постам...но за постовите кои трајат повеќе денови не ми се јасни баш оние ,,правила" Јас сега дури слушам дека ако си била со менструација не смееш да постиш и многу други работи Ако може некој детално да ми објасни бидејки за некој нареден пост што трае подолго нема да знам
Тоа ако имаш менструација не смееш да постиш важи за муслиманскиот пост, не за христијанскиот. Кај нас ако имаш менструација не смееш да се причетиш, а не не смееш да постиш.
И јас постам денеска,до сега мислам се немам омрсено и немам каснато црвено.Па се надевам ќе истрпам уште два сати.
Татко ми пости секоја среда и петок, а јас веќе неколку години секогаш постам за Велигден. Постам колку што можам, а последната недела задолжително. Ај кога е постот со зејтин, се издржува, ама без зејтин по цели денови гладувам Како мала моите ме носеа на причестување, бидејќи нели се смета дека родителите постеле за мене. Ме нервира тоа што некои луѓе постат од поинакви причини, демек да им се прочистел организмот од мрсно месо, или за да ослабат.
^^На 27 ми (недела) се поклади, значи тој ден се јаде мрсна храна. Додека официјално, првиот посен ден започнува од понеделник 28 ми.
Можеш да си постиш која недела што сакаш за Причесна. Најважно е да го погодиш периодот кога ќе бидеш чиста и да немаш месечен циклус. Се пости цела недела без зејтин и потоа се исповедаш, па се причестуваш. Ако си почетничка во постот, би те посоветувала да си разговараш со отецот кај што ќе одиш на исповед. Ќе ти даде поблаг пост, со зејтин. Додека според типикот овие пости се постат вака: Понеделник, среда, петок, се јаде без зејтин, а останатите денови се блажи со зејтин. Риба се јаде од Воведение на Пресвета Богородица - Пречиста (4 декември), па до 25 декември (св. Спиридон), односно само во сабота и недела и празници. Во другите денови не. Овој е построгиот режим, затоа ти реков како почетничка да си поразговараш со отецот. Уште нешто ако не си знаела за постот. Ќе се цитирам. Спојлер Во однос на постот и како правилно да се пости Нашите бабички, прабабички, бајачки... постојано ни изнаоѓаат нови моди на постење и причестување. Многу луѓе не знаат како треба да се пристапи кон Светата Причест (Евхаристија), како да се пости, што треба да се прави. А работата на бабичките е постојана и еден ден само ќе си слушнеме ама зошто да се исповедаш, зошто да ги постиш целосно постите, ајде пости си една недела и Причести се, и така денес скоро сите знаат дека е доволно постењето само една недела и готово. Не, тоа е грев. Постот е лекарство. Тоа е лек за душата и каква полза ќе имаме ако го земеме лекот само една недела и потоа го оставиме, како што го правиме тоа денес со постот (нажалост), пости само една недела и готово. Исповедта е најважното нешто во постот, ако човек пости, а не се исповеда тој буквално не направил ништо. Таа Причест не е за спасение, туку за суд и за осуда. Јуда што направил, иако бил на Тајната Вечера и се причестил, јадел со сите други пак заминал и го предал Господ. Не го правете истото. Постот е средство со кое ние се очистуваме, воздржуваме, ги умртвуваме телесните страсти, но исповедта е лекарството. Тое е покајание и прошка на нашите гревови, за кое со постот сме сакале да го постигнеме. Но, денес ретко кој се исповеда. Ве замолувам од дното на душава, ве молам исповедајте се за да ви се простат гревовите. Не мислете на свештеникот дека ќе прекаже нешто, во никој случај не мислете на тоа . Не му го кажувате тоа не свештеникот, тоа го признавате пред Господ, иако Тој видел се. Тој го бара само тоа од нас, да го признаеме нашиот грев, да се покаеме за стореното, но да Му го кажеме Него преку Светата Тајна Исповед. Зашто во Светото Писмо убаво пишува дека се што ќе разврзете на земјата ќе биде разврзано и простено, а се што ќе биде скриено ќе биде задржано вечно. А што е тоа? Тоа е точно Светата Исповед, ако се каже и се` се исповеда овде на земјата се ќе биде простено, но ако не биде исповедано се ќе биде за суд и за осуда. И уште нешто од предминатиот пост исто поврзано со правилното постење. [/quote]
Од денес и официјално почнаа Божиќните пости. Господ нека ги благослови со спокој, мир и пред се здравје оние кои почнаа со постењето. Денови на воздржаност и контрола над телото и умот, прочистување на душата и здравје за телото. Денови на трпеливост, смиреност и истрајност врз самите себе. Јас последниве две години Божиќните и Велигденските ги постам целосно и тоа без масло сите денови. На почетокот очекувам пад на енергијата, но за недела-две ќе се навикне самиот организам. Надоместувам со хранливоста на незаситените масти од јаткастите плодови: бадеми, ореви, лешници, кикиритки... a исхраната е исклучиво зеленчук (варен или свеж), овошје и риба (нормално варена). Никакви фабрички преработки не доаѓаат в предвид. Секако потежок дел е духовниот пост за кој не секогаш сме концентрирани но се надевам со време ќе ја совладам и контролата над разумот, зашто верата е нешто што се чуствува но постот е она што не прави и учи на вистинската човечност. Со лесно нека е.
Јас почнав да постам, само со масло. Во план ми е среда и петок да биде без масло, ама ќе видиме. Често сум отсутна од дома, па не можам лесно да ги планирам оброците. Ми требаше прочистуваање на телото, а за духовно немам амбиции. Барем не овој пат.
Прочитав некаде,мислам на преминпортал дека Божиќните пости во понеделник,среда и петок е без масло,вторник и четврток со масло,а сабота и недела и празници и масло и риба,па така и правам.