1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пост

Дискусија во 'Религија' започната од Lovely, 13 февруари 2010.

  1. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.212
    Допаѓања:
    32.383
    Пол:
    Женски
    Таа недела пред Прочка (сирна недела) не се јадеше месо, само млечни производи, јајца и риба.Среда и петок се мрсеше, но без месо, точно пишавте.За време на постот риба се јаде само за Благовец и Цветници.Масло само за викенди, на 9-ти март е со масло, на младенци и Велики Четврток. received_157950370394639.jpeg
     
    На Mic18 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Angelllla

    Angelllla Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2020
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    Колкав процент од македонската јавност пости?
     
  3. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Машки
    Православните Христијани се подвизуваат со „добрата борба“ на подвигот и на постот, „во сè благодарејќи“ 1. Сол. 5,1. Црквата ги повикува своите чеда да се затрчаат по долгата патека на подвижничките вежби, којашто води до Светата Пасха. Ова претставува средишно искуство на животот во Христа, оти вистинскиот аскетизам никогаш не е смуртеност, бидејќи се напојува од очекувањето на воскресенското веселие. Химнологијата нè упатува кон „пролетта на постот“.
     
    На kuc и Angelllla им се допаѓа ова.
  4. Angelllla

    Angelllla Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2020
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    Дали непостењето со храна е грев?
     
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.481
    Допаѓања:
    78.308
    Пол:
    Женски
    Нема такви статистички податоци, веројатно
    Не. Постот не е диета и период на (не)јадење одредена храна. Постот е период кога човекот треба да се покае за сторените гревови, да се смири. Не е грев непостењето, но добро и корисно е да се пости.
     
    На Angelllla и mal.ecka им се допаѓа ова.
  6. Nela678

    Nela678 Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2022
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    175
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, сакам да прашам некни по грешка јадев туна, а подоцна дознав дека не смеело да се јаде. Дали можам да го продолжам постот и да се причестам и после ова?
     
    На Ceci16 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.481
    Допаѓања:
    78.308
    Пол:
    Женски
    Разговарај со свештеник. Мене нешто слично ми се случи прв пат кога постев. Беше ден на масло а јас јадев туна, не знаев дека не се јаде риба. На исповед го кажав и тоа и свештеникот ми рече да не се причестувам. Но, продолжив да постам до крај. Во Велигденскиов пост риба се јаде само два пати, на Благовештение и Цветници, затоа најубаво е да си прашаш во црква.
     
    Последна измена: 6 март 2023
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  8. МитеМен

    МитеМен Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2023
    Пораки:
    1.152
    Допаѓања:
    2.072
    Пол:
    Машки
    Не знам дали знаеш но риба се јаде еднаш или двапати, зависи кога е Цветници во годината, односно риба за Велигденскиот пост се јаде на Благовештение, ако е пред Цветници, и на Цветници.
     
    На ЀѐЍѝ, Anyshka и Orthophill им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.481
    Допаѓања:
    78.308
    Пол:
    Женски
    Муабетот е за овој пост сега. Кога и како ќе се падне другпат, друго е.

    20230306_081341.jpg

    20230306_081325.jpg

    received_3539506996277280.jpeg
     
    На Mic18 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. МитеМен

    МитеМен Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2023
    Пораки:
    1.152
    Допаѓања:
    2.072
    Пол:
    Машки
    На ЀѐЍѝ му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Машки
    Велиш дека постиш.
    Докажи ми преку своите дела.
    А кои се тие дела?

    Ако видиш сиромашен, дај му милостина.
    Ако се сретнеш со своите непријатели, смири се со нив.
    Ако на улица видиш некое убаво лице, сврти го својот поглед од него.

    Значи, да не постиш само со стомакот, туку и со очите и слухот, и рацете и нозете, и сите делови на телото.
    Рацете нека постат воздржувајќи се од секоја алчност и кражба.
    Нозете нека постат така што нема да одат по патиштата на гревот.
    Очите нека постат така што нема страсно да гледаат во убавите лица ниту да гледаат со завист на богатството на другите луѓе.

    Велиш дека не јадеш месо, но внимавај страсно да не го голташ со очите она што го гледаш околу себе. Пости и со слухот не слушајќи оговарања и интриги.
    Со својата уста и јазик пости и воздржувај се од лошите зборови и шали. Каква ни е ползата ако не јадеме месо и риба, а ги јадеме своите ближни.

    Свети Јован Златоуст
     
    На hermosa, kuc, IRBBB и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.839
    Допаѓања:
    4.524
    Пол:
    Машки
    Многу мал, но сепак има луѓе кои постат, посебно овој пост.
    Непостењето со храна, на здрави и млади личности претставува непослушност кон Црквата, која го вовела постот. Постојат илјадници пострашни гревови, кои секојдневно ги правиме и не' одделуваат од Бога, но прекршувањето на телесните пости е грев кој не' одделува од Црквата. Кому Црквата не му е Мајка, нему ни Бог не може да му е Отец.
    Оние кои од здравствени, па и материјални причини не можат да ги држат постите од Црквата треба да добијат разрешување.
    Да го продолжите постот и да се исповедате. Јадењето туна не е нешто што би Ве спречило да се причестите. Но, Вашиот исповедник ќе реши дали смеете или не треба да се причестите.
     
    На Nela678, kuc и Mic18 им се допаѓа ова.
  13. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Машки
    А вие, причестувајќи се денес, никогаш не заборавајте дека тоа е за вас најважниот ден во годината.
    Кога се причестувате, го примате Бога.

    А тоа значи дека треба да го промените својот живот, да ги оставите гревовите зад себе: ако порано пцуевте, престанете да пцуете, ако крадевте, престанете да крадете, ако сте направиле некое зло, престанете да го правите тоа.

    Зашто, ако не го сториш тоа, недостојно го држиш Господ Христос во себе, повторно Го распнуваш во себе.

    Вие недостојно јадете и пиете од Крвта на Господ Христос и Неговото Тело.

    Затоа апостол Павле им препорачува на христијаните и вели: Внимавајте, внимавајте! Немојте недостојно да јадете и да пиете од Крвта и Телото Господови.

    Затоа исповедање, затоа исповедање на гревовите пред Бога и пред свештеникот, затоа е славно чистење на душата, и труд и работа.

    Откако Го прими Господ Христос, живејте од денес нов живот, свет живот, благочестив живот.

    Престанете да го правите гревот што сте го правеле.

    Слаби сме, луѓе сме, пак паѓаме во гревови, но наше е да се присилиме на секое добро.

    Човек може да добие или рај или пекол за еден ден.

    Свети Јустин Целиски
     
    На hermosa, Nela678, kuc и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.212
    Допаѓања:
    32.383
    Пол:
    Женски
    Цветници секогаш е 1 недела пред Велигден, менува дата ден не, а Благовештение е секогаш на7 ми Април, не менува дата, риба се јаде и среда ако се падне и петок, освен за Велики петок, оваа година е петок и се јаде риба.
     
    На Mic18 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. МитеМен

    МитеМен Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2023
    Пораки:
    1.152
    Допаѓања:
    2.072
    Пол:
    Машки
    Грешка си кога Благовештение е во Страстна недела, еве како било на 07.04.2018 година, 07.04.2007 година, 07.04.2004 година, 07.04.1999 година…
     
    На ЀѐЍѝ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.140
    Допаѓања:
    14.433
    Пол:
    Женски
    Нели секоја недела од постот е посветена на некој светец или настан? @Orthophill знаеш која недела на кого е посветена?
    Имаше порано една табела на интернет ама не можам да ја најдам.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.481
    Допаѓања:
    78.308
    Пол:
    Женски
    Немаш апликација Православен календар? Пишува за секој ден и за секоја недела што се слави, плус има цитати од Светото писмо, поука на денот, тропар и кондак.
     
    На SeaMermaid и Mic18 им се допаѓа ова.
  18. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.140
    Допаѓања:
    14.433
    Пол:
    Женски
    Имам ама не забележав ова затоа прашав, знам дека ги има сите празници.

    Најдов на интернет, еве како се:

    Првата недела на постот се вика Недела на Православието. Втората е Недела на свети Григориј Палама. Третата е Крстопоклона – Недела на Чесниот Крст, кога вернициите се поклонуваат и го целивааат изнесениот крст на богослужбата. Четвртата е на свети Јован Лествичник и во неа се преминува средината на постот. Петтата е на света Марија Египќанка. Шестата седмица е Цветна (Цветници), наречена така според цвеќето и зелените гранчиња што ги фрлале децата и луѓето пред Христа при Неговото влегување во Ерусалим. Седмата е последна седмица пред Велигден, наречена Страдална, Страстна или Велика недела.
     
  19. МитеМен

    МитеМен Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2023
    Пораки:
    1.152
    Допаѓања:
    2.072
    Пол:
    Машки
    @Anyshka Еве уште еден пример зошо е еднаш или двапати, Благовештение може да биде и на Велигден (07.04.1991 година) или после Велигден (07.04.2010 година).
     
    На ЀѐЍѝ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Машки
    Па Велигден може да биде меѓу 04.04-08.05 затоа некој пат Благовештение може после Велигден да биде
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.