Во ред, ама кога беше Велигден на 8-ми Април, 7ми беше Благовештение, значи Велика Сабота и тогаш не се јадеше риба.Може не објаснив убаво.
Точно, но сакав да кажам ако Благовештение се падне Велики Петок или Велика Сабота не се јаде масло и риба.
Фала Богу, интересно прашање. Првата сабота од Постот е посветена на свети Теодор Тирон во спомен на чудото на свети Теодор, кога Јулијан Отстапник ја осквернил сета храна во Константинопол. Првата недела е посветена на победата на иконопочитувачите над иконоборците. И поради тоа се нарекува Недела на Православието. Пред овој настан оваа недела била посветена на светите пророци. Втората, третата и четвртата сабота се мртви саботи, т.е. саботи посветени на покојните. За време на Постот од понеделник до петок не се прават помени на покојните, освен 40-дневен помен. Втората недела е посветена на свети Григориј Палама, солунски светител од 13/14 век. Претходно оваа недела била посветена на свети Поликарп епископот смирнски, ученикот на свети Јован Богослов, чиј празник е денеска. Третата недела е посветена на Чесниот Крст. Светиот Крст е најден на 9 март. Поради Постот празникот е преместен во третата недела од Постот. Четвртата недела е посветена на свети Јован Лествичник. Петтата сабота е т.н. акатистна сабота, всушност тој ден се слави Благовештението Богородично. Петтата недела е на света Марија Египетска. Шестата сабота е Лазарева Сабота - Воскресението на св. Лазар Четвородневен. Шестата недела е Входот на Господ Иисус Христос во Ерусалим - Цветници. Велики Понеделник е на целомудрениот Јосиф и параболата со иссушената смоква, која го претставува Израилот. Велики Вторник - на мудрите и немудрите девојки и доаѓањето на Женикот. Велика Среда - на помазувањето со миро и Јудиното предавство. Велики Четврток - тајната вечера - првата света литургија, како и на молитвата Господова во Маслиновата Гора. Велики Петок - Христовите страдања и смртта на Крстот. Велика Сабота - Христовото слегување во Адот и проповедта на евангелието на оние кои живееле пред Христа. Пасха - Велигден - Денот на најрадосното Христово Воскресение.
На Благовештение се јаде риба ако падне до Цветници. Масло ако падне од Велики Понеделник до Велики Четврток. Ако падне на Велики Петок или Сабота, според Цариградскиот Типик празникот се префрла на Велигден ( ова се спомнува и во одлуката на Охридската Архиепископија кога го префрлила свети Наум на 20 јуни). Според Ерусалимскиот не се префрла, но не се јаде масло.
Здраво на сите! Имам едно прашање. Еве веќе втора недела како постам и со Господ напред ќе го постам цел пост. Јадев некоја алва SuperAlva. Е сега тоа беше пред недела дена и случајно баш сега прочитав дека содржи ХИДРОГЕНИЗИРАН ПАЛМИН СТЕАРИН. Некаде пишува дека е палмино масло некаде пишува палмина киселина. Ако може некој да ми одговори би било супер бидејќи постам без масло и ми е страв да не сум се омрсил без да знам
Ne se zamaraj so sitnici. Ako ne bilo namerno, nemash potreba da se nervirash. Gospod prostuva. Ovoj post ne go postam, ali imam posteno nekolku godini unazad. Sum jadela alva i koga bilo bez maslo.
Не правете идол од глупости. Си каснал, си каснал. Јакото чудо. Направи 30 метании ако те јаде совеста и ако си физички способен за тоа и ич не се секирај. Јас на Чиста Среда морав да одам на деловен состанок в кафана. Нарачав салата без масло, ми донесоа салата ама светкаше. Го прашав келнерот уште еднаш дали е со масло, ми одговори дека не е. Ја изедов. Многу пострашни работи ми ја јадат совеста, отколку дали сум каснал салата испрскана со масло.
Прв пат постам зато се загрижив малку, имам 21г. само сакам да е правилно то е се, а познавам многу што си постат по свои правила лично јас не би можел така.
Со лесно да ти е постот. Да го испостиш и најбитното, да се причестиш со Телото и Крвта Господови, откако ќе се исповедаш.
Морам да кажам, не толку за верниците, бидејќи тие знаат, туку за неверниците. Ако воопшто некој од нив прочита. После подолго време како не постев, овојпат одлучив дека е време да се вратам на таа практика. Се причестив после една недела пост и дефинитивно тој ден нешто убаво се случи. Многу сум посмирена и со поубави мисли. Сега едвај чекам пак да се причестам, прекрасно е. Колку убав дар имаме од Бога, Света тајна причест. Сакам да кажам, не ми треба никаков видлив доказ дека постои Бог. Јас имам доказ, само не е таков како што тие очекуваат да видат. Тоа е нешто што се чувствува во себе. Затоа сум верник христијанин. Сум добила одговор на многу прашања и сум научила многу, не дека Бог дошол да ми одговори, не физички, како што неверник сака, туку таа врска со Бога се случува одвнатре. Бог не се гледа, Бог се чувствува. Само, треба срцето да се смири и ќе го прими Бога. Јас од неверник станав верник. Постете, исповедајте ги своите гревови и причестувајте се, Бог нека е со вас.
Секоја чест, браво. Се разбудив и прво шо прочитав беше ова, со убава мисла и Господ напред да започне денот. Само ми е жал што многу од младите денес не сфаќаат некој работи и се помалку се споменува Господ..
Младите повеќе постат и повеќе го спомнуваат Господ отколку постарите. Слават слави а не почитуваат, пример за Благовештение оние кои имаат слава или именден спремаат мрсна храна, немора да постат на вода ама барем тогаш може риба и масло,со масло има многу посна храна.
Постот е добар учител: 1) на секој што пости, тој му овозможува да сфати дека му е потребно многу малку храна и пиење и дека ние, воопшто земено, сме лакоми да јадеме и пиеме многу повеќе од неопходното, т.е. од она што ѝ е потребно на нашата природа; 2) постот убаво ги покажува или ги исчитува сите немоќи на нашата душа – сите нејзини слабости, недостатоци, гревови и страсти, исто како што матната стоечка вода, кога почнуваат да ја чистат, ги открива гадинките што живеат во неа или нечистотијата која во неа се крие; 3) ни ја покажува и сецелата неопходност со сето срце да прибегнеме кон Бога и од Него да бараме милост, помош и спасение; 4) ни ги разоткрива сите лукавства и подмолност и сета злоба на бестелесните духови на кои ние порано, и не знаејќи го тоа, сме им служеле, а чии подмолности јасно се исчитуваат сега, кога ќе нè озари светлоста на благодатта Божја и тие ќе почнат злобно да се нафрлаат на нас поради тоа што сме ги напуштиле нивните патишта. Св.Јован Кронштатски
Неверниците на друг начин си ги објаснуваат работите поинаку ги сфаќаат. А добри и лоши луѓе има во секоја религија и во неверниците...
Затоа што славите и имендените се сведени на фамилијарни веселби и собиранки и докажување кој побогата трпеза спремил.... Јас сум неверник, не ми пречи на посна слава да видам месо на маса, се додека се што се прави се прави со добра намера од гостопримливост не од кичерај и такмичење