Една стара жена се исповедаше кај старецот Јаков и тој заради нешто, и даде правило да не се причестува три години. Таа отиде кај својот селски свештеник кој и рече: "Не, бабо, немој да си тажна, Отец Јаков е неписмен калуѓер, што тој знае за тоа. Јас сум образован (по тоа прашање) и те разрешувам од тоа правило. Дојди во недела да те причестам." Кога старица се причестила на неделната литургија - лажичката беше сосема празна! Ништо немаше во неа, исчезна Причесната во нејзината уста. Тоа се повтори три недели по ред. Таа се уплаши заради тоа,и отиде кај старецот ... "Јас тогаш и реков" раскажува старецот "правилото не се укинува. Тоа мора да се исполни."..." На духовникот не му е допуштено да го промени правилото кое го дал друг духовник...' (Житие на старцот Јаков Цаликис)➕
Не за џабе има мрсни и посни слави, токму поради такмичење и посните слави ги направија мрсни, порано за посна слава се знаело гравче, сарма, риба и салати не како сега кичерај, повеќе за такмичење отколку за гостопримство.
Може да постам со зејтин преку цела недела? До сега практикував од понеделник до петок пост без масло, а сабота и недела со масло.
Првата и последната недела од Постот е пожелно да се пости без масло, потоа слободно јадете си масло, доколку не можете без масло. Најдобро да си прашате во црквата во која планирате да одите. Маслиновото масло е најмрсно. На пример кај Грците само тоа се смета за масло, а не се смета сончогледовото. Исто како што ние јадеме таан и сенф.
Јас почнав без масло, само сабота и недела го користам и така ќе продолжам. А смее да се јаде од полнетите кикирики/зачинети кикирики?
Ццццц, офф сега се изнервирав, речиси цел пост си купувам почупечен зачинет компир оној што е заледен,и само тоа јадам, без зејтин ги печам само на хартија, ама ако имаат зејтин во нив многу ќе ми биде мака
Аман! Ова е веќе правење на идол од постот. Сте каснале масло, јакото чудо. Отсега не јадете и не грижете се. Нашиот Господ не е Господ на маслото и без маслото.
Грижете се и барајте прошка ако се скарате со некој и ако згрешите, а не ако сте се омрсиле со храна.
Велигденскиот пост до сега го немам постено, затоа сакам да прашам дали може последните 2 недели да ги постам? Ми имат кажано дека да може и последните 2 недели и последната недела само. Дали е точно ?