Не е точно тоа, јас постам и се причестив првата недела на Тодорова сабота. За да земеш причест треба барем една недела да имаш постено.
За да се причестиш треба да се исповедаш и да добиеш благослов од духовникот. @Angelllla со благослов на духовникот може да се олеснат постите.
Во Архангел Михаил во Автокоманда земав пречест без да се исповедам и немаше никаков проблем, си постев без масло. И ако е така децата зашто им даваат пречест?
Децата немаат гревови. Ние треба да ги исповедаме своите. Повеќето луѓе само си постат, некои исклучиво со храна, невнимавајќи на делата ниту на молитвата, не се исповедаат, а одат на причест. Правилно е прво да се отиде на исповед, ама повеќето не го прават тоа.
Можеме да скриеме и да се причестиме и без исповед и за време на менструација и без молитва и без да сме гладни и жедни.. Ама од Бог ништо не останало скриено. Која е поентата на Светата Причест? Децата до 7 години се ослободени од пост и исповед.
Пред се треба благослов да добиеш за постењето и за причест, а за исповед свештеникот ти кажува кога да дојдеш кога е слободен може во моментот неможе.
A си му кажала на свештеникот што те причестувал дека не си исповедана и дека немаш благослов за Причест?
Мене поп ми кажа дека може да се пости една недела пред Велигден. Прв пат слушам дека треба да се исповедаш, и пред 10 години кога постев ми дадоа причест и не спомнаа никакво исповедање. Изгледа сите различно не информирале.
Исто и јас, 14 години постам цели пости со се на куп. Секој пат имам земено пречесна, и никогаш се немам исповедено. Изгледа нашиве цркви не можат да се усогласат. И никогаш не ме прашал свештеник дали се имам исповедено.
Исповед е правило во православието, во секоја православна црква и кај секој православен верник, само не се сите упатени, што не ме ни чуди, повеќето христијани ни Библија не прочитале ни ја запознале религијата, само традиционално ја наследиле. А кога дава причест, никој поп нема да те праша дали си се исповедала и секако дека нема да те врати.
Eve na primer jas ne sum ja nasledila, nevernik sum ama mnogu znam za religijata posto me interesiralo mnogu sum citala i sum razgovarala so svesteni lica.
Некои свештеници прашуваат пред причест и доколку тие што сакаат да се причестат се искрени дека немаат благослов и не се исповедани не ги причестуваат.
Можеби ти таков благослов си добила, не знам. Не значи дека ако нешто го правиме цел живот, не е грешно. Некои од свештениците прашуваат дали тие што пристапуваат се исповедале, а многу често пред самата Причест бараат да пристапат верниците што се припремале за Света Причест. Припремата не значи само телесен пост. Дали ти си прашала свештеник дали е во ред да земаш причесна без исповед? Кон светата тајна причест се пристапува ако претходно сме пристапиле кон светата тајна исповед и сме добиле благослов. Ни исповедта сама по себе не значи и благослов за исповед. Треба да се молиме Светата Причест да ни биде за прошка на гревовите и вечен живот, а не за смрт и за осуда. Не сакам да ме сфатиш погрешно, со добра намера ти го кажувам ова.