Не се јаде: месо, млеко, јајца и нивни производи. Се јаде: овошје и зеленчук, приготвено на вода (кога е строг пост) или масло (кога може масло). Погоре има кој денови се строг пост кој се со масло. Само на 19 август (Преображение Христово) се јаде риба. До 19 август (Преображение Христово) не се јаде грозје и смокви (од годинашната берба). Сушено грозје и смокви слободно можеш да јадеш. Ако купуваш производ од продавница треба да внимаваш на составот, има многу производи на кој пишува „посно“, а не се посни. Имаш тестенини посни, но и мрсни (со јајца), треба да внимаваш. Има производи на кој пишува „може да има траги од млеко и јајца“, јас не ги користам во пост, и без нив се може.
А дали може производи од продавница во кои има палмино /сончогледово масло ? Пример оние паштети со пиперка или намазите од Кам ?
Може во денови со масло. Не користам производи од типот „посни паштети“, „посен кашкавал“, „посно сирење“…
Тие што не постеле досега и оние, кои не можат без масло (какво и да е маслото, нормално растително) нека си јадат масло во сите денови, освен седмицата пред да се причестат. По не знам кој пат ќе повторам, нашата вера не се состои од јадење масло и нејадење масло! Уште помалку во истрага дали нешто е со траги од мрсна храна. Џабе не јадеме масло, ако не одиме в црква, на богослужби! Немаме корист. Џабе не јадеме масло, ако не се молиме и дома! Џабе ни е. Џабе не јадеме масло, ако со некого сме скарани и не разговараме со него. Џабе не јадеме масло ако сплеткариме и наштетуваме! Џабе не јадеме масло, ако блудничиме! Џабе не јадеме масло, ако користиме тутун или други наркотични средства! Да одиме почесто на богослужбите, да се молиме, да го читаме Светото Писмо и други богоугодни книги, да го поправаме нашиот живот, да го поправаме односот со оние околу нас, а за маслото и за трагите во производите да не се заморуваме! Сепак кој може да пости без масло нека пости, ама да не проповеда, дека тоа е најголемото правило во нашата вера и да не им наметнува на другите да постат така.
Затоа секој треба да си има духовник и да си земе благослов и исповед да има, и најдобро е духовникот да го упати.
Нормално. Не мора да се има духовник, како што читаме по книгите, доволно е да се исповедаме и да бараме совети од парохискиот свештеник. Но, како и да е, многу побитно од маслото е како ние живееме... И нормално да не им досадуваме на поповите со масло, без масло. Ако можеме без масло - одлично, ако не можеме и масло да јадеме, за маслото нема да завршиме во пеколот, ниту Бога ќе Го разгневиме.
Па јас тоа секогаш го пишувам... Исповедта е задолжителна. Само не мора да се занесуваме, дека попот кој не' исповеда ни е, онаков како што читаме во монашките книги, односно да измислуваме послушанија од типот да го садиме кромидот однаопаку, да го прашуваме попот дали смоките се мрсни, дали да се молиме олку или онолку итн.
Овде не зборуваме за постапките на попот, туку за погрешниот однос кој често се развива меѓу попот и верникот, особено од страната на верниците. Книгите кои најчесто ги читаме се монашка литература. И за жал често грешно ги интерпретираме. Па се случува, местото кое Му припаѓа на Бога, да го отстапиме на духовникот, кој не' исповеда. Доколку тоа се случува во бебешките години од нашиот духовен живот, до негде е нормално. Ако тоа продолжи и понатаму, тоа е веќе сосема погрешно. Ние в црква одиме во слава на Троединиот Бог и за да бидеме во заедница со Него и со оние кои ја сакаат таа заедница, а не за да градиме личносна заедница со духовникот. Ќе повторам, за да не бидам погрешно сфатен - исповедта и благословот/дозволата за причесна се неопходни.
Не мора исповедникот да биде од парохиската црква, може и од друга. Ако живеам во Аеродром, можам да се исповедам кај свештеник во Соборен храм или во некој храм во Ѓорче. Тоа е личен легитимен избор. Тука на форумот има доста луѓе кои се почетници и не треба да ги ставаме во пранги и да ги бомбардираме со канонски правила.
Постам без масло, и сега земав црн леб Бацарски со ржано брашно, и откако се најадев видов во составот пишува палмина маст Грешка или не? Обично бел леб јадам ама сега ми се пријаде ваков и не ми текна прво да видам во составот па тогаш да јадам
Пишува поназад во темава, не е страшно. Внимавај на духовниот аспект од постот, не е страшно ако се омрсиш. Едит: кога беше Велигденскиот пост, постев без масло и, една колешка, знаејќи дека постам, ми даде благо, од оние меденки. Рече ова е посно, му купувам на сопругот, и тој пости. Го зедов, прочитав состав, посно беше ама со некаква маст, не се сеќавам. Го прифатив, реков да, посно е. Штом таа се сетила на мене дека постам и решила да ми даде нешто, тоа е убав гест, дури греота е да се одбие само затоа што имало некаква маст, а ние сме на строг пост. Секогаш се присетувам на реченицата од Евангелието: "Не она што влегува во устата го осквернува човекот, туку она што излегува од неа" - лошите зборови како отровни стрели.
Moze da se jadat kikiriki Ako vo sostavot ima zejtin? Jas Si kupuvam Bez zejtin, ama mm ja gresil rabotata
Dali ako se posti cel den, eve petok konkretno samo...i nastinat e covek, moze navecer da se kasne lisnato kiflice ili ne?