1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пост

Дискусија во 'Религија' започната од Lovely, 13 февруари 2010.

  1. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.589
    Допаѓања:
    6.031
    Пол:
    Машки
    Колку што знам и имам слушано од моиве, ако човек е во тешка здравствена состојба или е под лекови особено потешка терапија, тогаш не мора да пости ако се работи за цел пост и сите недели како сега божиќниов, зошто на телото му треба разновиден извор на енергија од храната.

    Ако се работи за полесна настинка и си постел/а скоро цел ден и навечер зависи кое време го рачунаш вечер, и постиш само два дена во неделата може да издржиш до 12 или евентуално има посни јадења бар сега. Зависи од самоконтролата. А во некои случаеви, после 16.00 часот црквата го смета за друг ден и не мора да се чека 00.00, ама сепак во пракса зема после 12. Како сакаш, тоа е до потсвеста твоја, дали ќе чекаш да прекрши 12 или не.
     
    На gogimica му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    507
    Пол:
    Машки
    Затоа се зима благослов и се иде на исповед доколку е болен се ублажува постот
     
    На Avery му/ѝ се допаѓа ова.
  3. gogimica

    gogimica Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2010
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    148
    Blagodaram mnogu...❤️
     
  4. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.816
    Допаѓања:
    4.472
    Пол:
    Машки
    Ако сте болни слободно јадете масло. Лиснатите кифлиња се со масло.
    Вчера беше заштитникот на Охридската Архиепископија свети Климент и се јадеа риби.
     
  5. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.667
    Допаѓања:
    23.879
    Пол:
    Женски
    Утре се пости?
     
    На Mic18 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.000
    Допаѓања:
    4.369
    Пол:
    Женски
    Не, денес се пости утре е мрсно.
     
    На IRBBB, Mic18, GirlLove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    507
    Пол:
    Машки
    На Богојавление никогаш не се пости без разлика дали ќе се падне во среда или петок
     
    На MandyLane и IRBBB им се допаѓа ова.
  8. МитеМен

    МитеМен Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2023
    Пораки:
    1.129
    Допаѓања:
    2.035
    Пол:
    Машки
    Се пости со кременадли, пити со месо, пача/пивтија… се шегувам.
    Не само што не се пости туку и од 7 јануари до 19 јануари не се пости, независно дали е среда или петок (исклучок е 18 јануари, кој е строг пост).
     
    На ЀѐЍѝ, MandyLane и Mic18 им се допаѓа ова.
  9. МитеМен

    МитеМен Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2023
    Пораки:
    1.129
    Допаѓања:
    2.035
    Пол:
    Машки
    Денеска и петок не се пости.
     
    На ЀѐЍѝ, kikin, Orthophill и 3 други им се допаѓа ова.
  10. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    83.448
    Пол:
    Женски
    Не се пости ,јади си мрсно без гајле
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  11. МитеМен

    МитеМен Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2023
    Пораки:
    1.129
    Допаѓања:
    2.035
    Пол:
    Машки
    Знам, затоа напишав.
     
    На ЀѐЍѝ, kuc и Orthophill им се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.428
    Допаѓања:
    78.052
    Пол:
    Женски
    А зошто не се пости денес и во петок? А наредните среда и петок се посни. Зошто баш оваа недела не?
     
    На Orthophill и Цунами им се допаѓа ова.
  13. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    376
    Пол:
    Женски
    Вероучителка ова многу убаво го има објаснето, јас и да се потрудам нема. Еве линкче (во описот на сликата стои), можеш да си прочиташ :D

    https://www.instagram.com/p/C3211clInty/

    П.С. Многу интересен и информативен профил, одамна си ја следам. Ако те интересираат овие теми, можеш да си ја фолоунеш.
     
    На Orthophill, Bitter-Sweet, Elenpelen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.428
    Допаѓања:
    78.052
    Пол:
    Женски
    Претпоставив дека е заради Велигденскиот пост ама не бев баш сигурна. Фала ти.
    Е сега, имам друго прашање. Значи ова се подготовки за Велигденскиот пост. Ама некој што пости само во среда и петок, а нема да пости целиот Велигденски пост, и за него важи дека денес и во петок се мрси?
     
    На Цунами и Orthophill им се допаѓа ова.
  15. МитеМен

    МитеМен Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2023
    Пораки:
    1.129
    Допаѓања:
    2.035
    Пол:
    Машки
    Не се пости бидејќи е Недела на митарот и фарисејот.
    Следната недела (среда и петок) се пости.
    Другата недела односно
    Сиропустна недела – прочка
    (сите денови) не се пости, но не се јаде месо и производи од месо. Се јаде јајца и млеко и нивни производи.
     
    На ЀѐЍѝ, Orthophill, Elenpelen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. МитеМен

    МитеМен Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2023
    Пораки:
    1.129
    Допаѓања:
    2.035
    Пол:
    Машки
    Се мрси.

    Еднодневни пости. Среда и петок (освен т.н. редовни седмици);
     
    На ЀѐЍѝ, Bitter-Sweet и Orthophill им се допаѓа ова.
  17. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    849
    Допаѓања:
    1.284
    Пол:
    Женски
    Заради митарот и фарисејот. На литургија неделата го читаа овој дел, од библијата. Двајцата биле во црковен храм и се молеле. Фарисејот (или митарот, еден од нив не ми текнува точно кој )кога се молел на господ, се молел со доза на гордост, демек фала ти боже што сум подобар од овој другиот, бидејќи за разлика од него јас постам секоја среда и петок и давам 10 посто од моето богаство на сиромашните итн итн..
    А другиот кога се молел само зборел- смилувај ми се господи, грешен сум.
    И така ние му пркосиме на горделивиот со тоа што не постиме оваа недела и со понизност се спремаме за велг. пости.
     
    На Mic18, kuc, Elenpelen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.816
    Допаѓања:
    4.472
    Пол:
    Машки
    Прикаската, дека денеска не се пости поради параболата за митарот и фарисејот е розова прикаска, погодна за проповед во духот на европските вредности и нежности.
    Реалноста е дека Ерменците, кои се еретици, оваа недела постат во знак на благодарност што нивниот просветител Григориј Ерменски го раширил Христијанството во Ерменија. Истиот пост се нарекува - Арцивуриев пост. Православните (Грците) го вовеле овој мрс за да не учествуваат во постот на Ерменците.
    Во нашите стари книги постои и легенда, дека еретикот Петар Гнафеј имал пес, кој се викал Арцивуриј. Кога одел да ја шири својата ерес по селата и градовите песот одел пред него. Кога пцовисал песот, Петар Гнафеј вовел пост во чест на својот пес Арцивуриј.
    Исто е и со Сиропусната седмица кога не постиме во среда и петок, поради постот на еретиците Копти и Сиријци, кои постат пост во чест на покајанието на ниневјаните (Книга Јона, Свештено Писание).
    Слично е и со тримирот првите денови од Постот, кога еретиците Латини (Римокатолици) мрсат и почнуваат со постот од Пепелница - Чиста Среда, ние пак постиме најстрого на Чист Понеделник и Чист Вторник.
     
    Последна измена: 28 февруари 2024
    На kuc и Elenpelen им се допаѓа ова.
  19. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    3.749
    Пол:
    Женски
    Ме интересира следново. Годинава ќе го постам цел пост ама заради здраствени причини зошто пијам и апчиња не сум во можност да постам без зејтин. Дали треба да се обратам кај свештено лице за да ми даде како согласност дека смеам да постам со зејтин или нема потреба?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.428
    Допаѓања:
    78.052
    Пол:
    Женски
    Да, треба, ако сакаш да се причестиш.
     
    На doll.a му/ѝ се допаѓа ова.