Ако сакаш да се обратиш да се обратиш, односно ако тоа ти ја гризе совеста. Јадењето на масло во постот ниту е грев, ниту е промашување. Вчера чувме од Светото Евангелие, што всушност Господ очекува од нас. Да бидеме луѓе и да си помагаме еден на друг. Исто така за време на постот треба почесто да се молиме, да одиме на богослужби, кога тоа ни го дозволуваат обврските и да ги читаме Свештените Писанија. Покрај тоа што ќе постиш потребно е да се исповедаш и причестиш, доколку исповедникот го дозволи тоа. Искрената исповед е многу побитна од маслото.
Бев до црква зборев со свештено лице ми дозволи да постам со зејтин . Пред Тодорава сабота кога ќе се причестам треба да се исповедам
Јас цел пост без масло, освен за викенди и празници. Лично јас си сакам така, убаво е да ми се исчисти организмот.
Знам ама јас имам здраствени проблеми и не можам да постам баш без зејтин . Се консултирав и со доктор и ми рече дека во ред е да постам со зејтин меѓутоа ако осетам дека ми е тешко и дека имам болки веднаш да прекинам .
Те разбирам, го ублажуваат постот за болни и трудни. И мене свештено лице пред 4-5 години ми кажа само првата и последната недела без масло, и Среда и Петок. Мене така ми беше потешко. Пример ако направев во Вторник нешто со масло, и ако ми останеше, во Средата не можев да го дојадам, вака без масло полесно ми е.
Здраво, јас сакам да го постам Велигденскиот пост од Понеделник, до сега имам постено, но се немам пречистувано, па дали и кога треба да одам во црква пред да почнам со постот и потоа во текот на постот како и кога се оди на црква.
Еден малку поинаков типик за Великиот Пост, типик за читање на Свештените Писанија, во согласност со древните правила на светите отци.
Во текот на постот треба да се исповедаш. Кога ќе одлучиш или пак прашај на почетокот на постов што ќе ти каже свештеник. Нели, за да имаш благослов за причест.
Исповед треба, но јас сум против тоа, сум постела да и сум се причестила без исповед. Зошто порано немало исповед? Многу работи ги прават како што сакаат, според мене можиш и без исповед, во поп верба немам.
Јас не сметам дека треба исповед. Зошто порано немало исповед пред причест? Тоа е воведено подоцна од народот. Патем кој е свештеното лице за да се исповедуваме? На тој што треба да му се исповедаш гледа се. Свештениците кога ја пијаат причесната еден со друг си се исповедуваат?
Исповед пред поп или монах е многу полезно за нас. Смирува и го крши егото, понизни сме и добиваме чувство како да сме се ослободиле од голем товар. Поинаку е да се причестиш со и без исповед, па сега ти како сакаш. Секој сам си знае што прави.
А ти мислиш дека сите се исповедуваат пред причест? Секој си знај што прави и грев да е јас го имам, не ти. Само мислењето си го кажав, и не е битно шо ќе клајш во уста битно е шо ќе извадиш.