1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пост

Дискусија во 'Религија' започната од Lovely, 13 февруари 2010.

  1. feferona

    feferona Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    94
    Од 26 февруари( Прочка) до 15 април (Воскресение Христово-Велигден).
     
    На Annie.mk1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    Св. Василиј Велики

    † Постот е древен дар кој не старее, туку непрестајно се обновува и цвети во полна убавина.

    † Со кој брод може еден капетан полесно да управува и да го спаси во морската бура – со оној кој е претоварен или со оној кој носи нормална тежина?

    † Покајанието без пост не е потполно.

    † Почитувај ја древноста на постот. Тој е стар колку и самото човештво.

    † Aко Ева постеше и не пробаше од дрвото, ние не би имале потреба за пост.

    † Од јадење пости привремено, а од невоздржание – постојано.

    † Бидејќи не постевме, исфрлени сме од рајот! Затоа ќе постиме, за потворно да влеземе во рајот
    ...............
    Примарната насока на постењето е да нѐ направи свесни за нашата зависност од Бога. Ако ја практикуваме сериозно, апстиненцијата од храна - паралелно во почетните денови - предизвикува значителна мера на вистински глад, и чувство на замор и физичка истоштеност. Целта на ова е да нѐ доведе до сознание за внатрешната нескршливост и покајание; да нѐ доведе до почитување на целата сила на Христовата изјава „без мене не можете да направите ништо” (Јн.15:5). Ако секогаш ја земаме нашата заситеност од храна и пијалак, ние лесно стануваме преполни со доверба за нашите способности, стекнуваме погрешна претстава за автономијата и самодоволноста. Набљудувањето на физичкиот пост го занемарува ова грешно самозадоволство. Слекувајќи го од нас божемното уверување на Фарисејот - кој пости, но не во вистинскиот дух - апстиненцијата во постот ни дава спасение. Тоа е функцијата на гладот и истоштеноста: да нѐ направи „слаби во духот,” свесни за нашата беспомошност и нашата зависност од Божјата помош.
     
    На Bright му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Јас знам дека од 6 Март до 15 Април
    А и нема логика да е од 26 Фебруар,тогаш испаѓаат 49 дена пости, а од 6Март до 15Април има точно 40дена
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.747
    Допаѓања:
    65.194
    Пол:
    Женски
    Прочка е на 26ти февруари, а од понеделник, 27ми започнуваат постите и ќе траат 49 дена, до 15ти април-Велигден. :)
     
  5. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    Велигденски пост 27.02-14.04
    Петровденски пост 11.06 - 11.07
    Богородичен пост 14.08- 27.08

    Еднодневни: Водокрст(спроти Богојавленије) 18ти Јануари
    Отсекување на главата на Св.Јован Крстител 11 септември
    Крстовден 27 септември
    И секако секоја среда и петок...
     
  6. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    Јас постам ама по 1 недела и тава ретко постењето е за тие што не се стрвни и не сакаат од се да пробат
    јас не можам да постам.
     
  7. aquamoja

    aquamoja Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2012
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    4
    Денеска е строг пост, се јаде без зејтин???
     
  8. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846

    Да, денес е Водокрст и се пости без зејтин.
     
    На aquamoja му/ѝ се допаѓа ова.
  9. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    234
    Дали денес ако постам без масло,значи дека утре можам да се причестам?
     
  10. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    И јас сум слушнала дека ако жената има месечен циклус не треба да оди во црква или барем да не бакнува икони. Мислам дека тоа е без врска. Сите сме еднакви на овој свет и самото тоа што постојат такви забрани за жената доаѓа до дискриминација. Месечниот циклус за жената значи дека таа е здрава а не дека е нечиста. Некој може и без месечен циклус да отиде небањат во црква, ако мислиме буквално на чисто-нечисто. Жената е таква создадена и тоа е дел од нејзе, тоа значи дека од жената се раѓа нов живот и тука нема ништо нечисто, мислам дека е погрешно што самите жени дозволуваат да им наметне некој таква забрана.
    Исто ме нервира тоа што во црква жената морала да си ја покрие главата, да носи шамија? Абе ајде, а мажот ја симнува капата. Зошто жената да се покрива, треба ли да се срами пред Господ, да се сокрива, а мажот да стои гордо гологлав? Тоа ми се не логични работи.
    Кога имам месечен циклус во црква не одам ако ме боли стомакот или ако обилно ми тече, ако ми е трет ден одам, нормално непосредно пред одењето се бањам.
    Серафима, ова што го наведе до некаде е ок ама од каде ти е тоа, дали постои некој правилник како треба и не треба да се пости и кој од што да се воздржува. Мислам дека постот е еднаков за сите и од самиот човек зависи дали навистина пости. И јас мислам дека ако веќе постиме треба да се воздржиме од секое духовно и телесно задоволство. Тоа дали некоја имала или немала секс со мажот треба да и тежи на нејзината совест, ако не е сигурна во тоа не треба да почнува пост. Ако има таков маж што не ги разбира нејзините потреби тогаш нека не започнува нешто ако не може да го испочитува до крај. Јас никогаш не сум постела 40 дена, една недела сум постела но 40-мислам дека не можам да истрпам. Секој си знае за себе, но смешни се некои правила што ги кажуваат во црква или по народов, ако постеле 40 дена за да не крахирал организмот можело да се пие млеко ама ретко. Па сега или се пие или не се пие. И мислам дека при пост не треба ниту риба да се јаде, можеби е посна од хранлива вредност но од духовна не е, и тоа е живот кој згаснува.
    Нај важно за постот е да не мислиш лошо на никого, да си ја исчистиш душата од лоши и грешни мисли, џабе е кога ќе видам жени отишле во црква или за причест а наместо да се помолат и да си гледаат пред себе, тие оговараат која како дошла, како била облечена, ќерка и се развела, не донела зејтин донела крпа и сл. бош муабети.
     
  11. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Да мила постои правилник и затоа пишувам. А причината зошто пишувам е тоа што нашите бабички и постари луѓе од свое непознавање на работите, создавале нови правила. Правила кои се во потполност спротивни со вистинското учење на црквата. Односно, работи и покрај тоа што се потполно неправилни, туку претставуваат и отпадништво од Бога (нажалост).

    Во однос на месечниот циклус.
    Целата работа, зошто жената не смее да влезе во храмот е тоа што, ако и капка крв падне во црквата, таа треба да се преосвети. Ова е правило, мислам и канонско.
    Зашто циклусот и раѓањето на децата со болка, е нашата казна. Навистина жената е телесно здрава ако има циклус, но циклусот ни е даден откако згреши нашата прародителка Ева. Затоа и не смее да капне капка крв во црквата.
    Денес ние сме заштитени и не претставува тоа проблем. Може слободно да се оди во храмот и да се присуствува на богослужбите. Ама сепак сме во тој период кога на еден начин ја издржуваме казната од Господ,. Па затоа и треба да внимавме што правиме. Како целивањето на светите икони и допирот до светите нешта кои сепак имаат големо влијание.
    Треба да се внимава, а најмногу да не се причестува во тие денови.


    Постот како пост не претставува цел, туку тој е средство кон совршенство. Како што и самиот Господ кажа, дека само со пост и молитва се изгонува овој род.
    Фактички преку постот ние се подвизуваме, ја ставаме душата на прво место, во однос на телото. Што значи, нашата душа да биде онаа која ќе раководи со телото, а не обратно, заради нашите телесни нагони ние да ја занемариме душата.
    Мила, ако мене ме прашаш, искрено и ти и секој друг може да пости. Се тоа е до волјата на душата.
    Како можеме да бидеме послушни на нашиот телесен лекар кога ќе се појави болест. Како само слушаме?! Забрана од месо, забрана од благо, забрана од различни мрсни работи, забрана од млеко, јајца... Некако лекарот побрзо би го послушале, отколку лекарот на душата.
    Од другата страна погледнато, ако зборуваме за телесниот пост и во сооднос со духовниот, ќе видиме колку сме силни. Кога ќе си поставиме еден вид задача за воздржување, преку тоа и ќе процениме колку можеме духовно да се издигнеме.
    Искрено телесниот пост е многу полесен, но тој е скала за дојдеме до духовниот пост. Денес се воздржуваме од јадење, бираме што да јадеме, така полека ќе бираме и се. Ќе ги бираме делата, зборовите, па и кога духовно ќе се издигнеме и нашите помисли. Ќе можеме да ја препознаеме помислата каква е, дали е добра или не. Тоа е веќе совршенство. Но, тоа нешто не се стекнува веднаш и не е воопшто лесно.
    Токму во деновите на постот кога искрено се предаваме на пост заради Бога, тогаш се нашите најголеми искушенија. Ќе се навратам на нашата прародителка Ева, како змијата ја искушуваше да го погази постот, па и ја исполни таа своја замисла. Во тие денови на пост се испливува на површина, нашите гревови и плус додатни искушенија. Но, кога некој кој не го искусил постот во својата духовна смисла и би гледал од страна во себе би рекол, дека овој човек за џабе пости кога зборува така или прави нешто обратно. Во суштина мислам дека тоа се должи на сопственото неискуство или малото искуство во тој домен.

    Во однос на постот и тоа зошто некогаш е дозволено да се блажи со некои мрсни работи (пример млеко). Ќе наведам пример.
    Мајка ми навистина пости, но кога пости без зејтин и се случува да и варира притисокот. На почеток кога започна да пости го осозна тоа (зашто искрено заврши и на болница од тоа што не сакаше да му каже на духовникот, од срам) подоцна разговараше со духовниот отец и тој и даде благослов да се причестува и без сторг пост или да пости еден или два дена строг пост во зависност од силата на телото.
    Сакам да кажам дека постот не значи човекот да заврши во болница со тешка здравствена состојба. Тој значи умртвување на страстите до одреден степен преку храната, за душата да може да биде таа која ќе раководи со телото.
    Додека оние случаеви каде буквално е дозволено блажењето на млеко или други намирници кои се мрсни за време на пост, тоа се кај премногу тешки болести. Кај болест од рак, анемија, жени со тешка бременост, старци... каде се употребуваат премногу јаки лекарства кои можат да го унишатат ораганизмот, ако не се јаде посилна храна.
    Ете тука е она: Адаме каде си?! Тука е она што постарите сите нешта ги искривиле во своја полза. Па затоа викаат дека не е проблем и да јадеш и или да не јадеш, кога исто е се. Или да постиш една недела, ама после пак да си јадеш мрсно и во наредниот период кога сеуште не завршен постот. Тоа е веќе против црквата.


    Воздржувањето од половите односи во текот на постот.

    Во посланието на светиот апостол Павле пишува дека никој не може да им каже на сопржниците како да се воздржуваат. Дека тоа е индивидуално и најважно по договор. Двајцата своеволно да се согласат на воздржување и да се предадат на пост и молитва.
    Поточно, убаво е двјцата така да мислат и постапуваат, но понекогаш не е така. И двајцата и да постат некогаш се случува да бидат искушани. Тогаш советуваат дури и светите отци (оние кои биле во брак и тоа го искусиле на своја кожа), подобро двајцата да општат, отколку да настанат кавги и раздори во семјството и да не допушти Господ од инает еден од сопружниците да изврши прељуба. Односно, постот да биде причината за прељуба.
    Но, односите пред брак се веќе грев. Тоа претставува блуд.

    Најважно е дека постот како што кажав е средство, а целта е сосем друго нешто. Целта е преку умртвувањето на страстите, да предизвикаме покајание за направените гревови и на крај чисти (преку разрешување на истите преку светата исповед) да го примиме Господ во нас, преку светата Причесна. Затоа е повеќе од потребно пред причестувањето да се исповедаме. Ако не се исповедаме залуден ни бил целиот пост, кога не ја добиваме наградата, односно преку покајанието да добиме простување и разрешување на гревовите. На тој начин Господ да влезе во нас, во нашето срце и да најде мирно и спокојно место и целосно да ги уништи останатите гревови.
     
    На femina333 и Page им се допаѓа ова.
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    ^^ Во однос на месечниот циклус пак ќе си останам на моето, тие правила со текот на времето се менувани, така да ништо не е 100% сигурно. Зошто жената да е казнета со месечен циклус, тоа не е казна тоа е најголемо богатство кое Бог (кој како го сфаќа) и го подарил. Тоа со Ева со грев не верувам многу. Тогаш и мажот треба да е казнет, ај и тој нека не оди во црква додека е жената казнета, тие треба еднакво да ја издржуваат казната, заедно направиле грев. Не може само жената да е казнета, каде би била тука праведноста на Бог. И пак мислам дека тоа не е казна бидејќи Исус се жртвувал за луѓето и им ги простил гревовите, така што и тој на Ева(доколку го имало) е опростен и нема простор тука за казна.
    Во врска со постот мислам дека не е неопходно исповедта да се врши во црква пред свештеник (во кои јас многу не верувам, секоја чест на исклучоци) и од дома преку молитва и исповед можеш да се поврзеш со Бог.
    И во врска со половиот однос, мислам дека нема логика таа поделба само за тие во брак да не е грев а за сите други грев. На пример оние кои се во долга врска и се сакаат можеби и повеќе од некои во брак, не значи дека е грев водењето љубов за време на пост ако веќе не се класифицира строго како такво.

    p.s. А ти Серафима ми изгледаш како душа која го достигнала своето совршенство преку повторно раѓање и си подготвена да бидеш водич на останатите души во царството на душите или Небеското царство како сакате именувајте го. Толку си смирена, добра, во тебе нема никаква лутина, на секое добро и лошо враќаш со добро. Ти си ја сфатила суштината на животот како и сите други, преку подеми и падови и си успеала да достигнеш нирвана. Но за тоа во друга прилика. :*
    Се надевам и сакам да верувам дека сум право.
     
  13. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Мила, знаеш дека ова не го пишувам сама од себе. Јас не сум никоја и ништо и добро го знам тоа. За се ова Некој друг промислил и се тоа Го предал преку некој човек (свет човек) кој го испонувал Божјото. Како најдостоен за тоа, а тоа биле светите апостоли, маченици, преподобни, јуродиви, отци...
    Го пишувам тоа со цел за оние кои сакаат нешто повеќе да дознаат за своите вистински корени на верата. Зашто факт е дека сите имаме вера, но теологија немаме. Не знаеме зошто нештата ги правиме така, а се тоа има свое значење дадено од Господ.
    Така стојат работите, за оние кои веруваат или не веруваат во тоа. Па затоа и секој си прави по свое, односно по слободната волја која ни е дадена на секој од нас, да расудиме што е добро за нас или не.

    А што било најправилно, ќе дознаеме Еден ден. Кога ќе се претставиме пред Господ :) .

    Би сакала да бев тоа, ама знам дека не сум ;( . Знам дека не заслужувам и човек да се наречам!
    Прости ми и спомни ме некогаш и во твојата молитва :bow: .
     
    На gwen му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Ма ајде не размислувај така, ти која секогаш си позитивна во секое мислење, не ме изненадувај со таков песимизам, бриши го последниот дел, ти си повеќе човек од многу други. Мене тешко ми оди со молитвиве, се блокирам но се молам некаде длабоко во себе. Ќе те имам во предвид и тебе, ама повеќе би рекла имај ме ти во твоите, посигурна си во тој поглед и повеќе веруваш и во невиденото.
     
    На Page и Srekicka им се допаѓа ова.
  15. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    Мисли за постот и воздржанието - Св. Теофан Затворник
    [​IMG]
    Целокупниот труд на телото и душата е исто како згазнувањето де на едната, де на другата нога, и претставува најблагодејна литија после Господа.

    Законот на постењето е: пребивај во Бога со својот ум и срце, со откинување од се’, отсекувајќи го секое самоугодие не само во телесното, туку и во духовното, вршејќи се’ за Божја слава и за доброто на ближните, и волно и со љубов носејќи го трудот на постот и лишувањата од храна, сон, одмор, во утехата на взаемното општење.

    Постот е сестрано воздржание, молитвата – сестрано Богоопштење; едното заштитува од надвор, а другото од внатре огненото сеоружие го устремува против враговите… Може ли да се мисли дека каде што нема пост и молитва, таму веќе има бес? Може. Вселувајќи се во човекот, бесовите не секогаш го покажуваат тоа, туку се притајуваат безгласно учејќи го својот стопан на секое зло и го отклонуваат од секое добро; и тој е уверен дека се’ врши сам, а всушност само ја исполнува волјата на својот враг. Само фатен со молитва и пост – врагот во тој час ќе си оди и од страна ќе чека згоден момент за одново да се врати; и навистина се враќа веднаш штом биваат оставени молитвата и постот.

    Господ постел, Апостолите постеле, и при тоа не само малку, туку пребегнувале, како што вели апостол Павле за себе си, често во пост; и сите Божји светители држеле строг пост, така што ако ни беше дадено да ги видиме рајските обители, не би нашле таму ниту еден кој го избегнувал постот. Така и треба. Со нарушавањето на постот е загубен рајот и земањето на строг пост требв да биде меѓу средствата за враќање на загубениот рај.

    Кога некој ќе се загрижи барем малку за душата, веднаш почнува да пости, и колку е посилна неговата грижа, толку построго пости. … Зашто при пост делото оди поуспешно и е полесно да се завладее душата.

    Основата на страстите е во плотта; кога плотта е истоштена, тогаш се поткопува крепоста на страстите и таа се руши. А да се победат страстите без пост би било чудо, подобно на тоа да бидеш опфатен од пламени и да не изгоруваш. Оној, кој одвишок ја задоволува својата плот со храна, сон и одмор, како да задржи нешто духовно во вниманието и своите намери? Да се откине од земјата, да влезе во созерцание на невидливите нешта и да се стреми кон нив за него е исто толку тешко, колку за стара, истоштена птица да се дигне од земјата.

    Постот е да не јадете до наситување, туку да останувате малку гладна, та ниту мислата, нито срцето да бидат обременувани.
    Постот е надврешно дело. Тој треба да се превзема по барањето на внатрешниот живот.

    Постот не е цел, туку средство. Подобро е во тој однос да не се обврзувате со неизменливо правило, како со окови, туку некогаш така, некогаш подруго, само без отстапки и самосожалување, но и без жестокост која доведува до истоштување.

    “Викај со сиот глас – му вели Господ на свети пророк Исаија – не воздржувај се и укажи му на народот Мој на беззаконието негово”. Што направиле луѓето? “Тие секој ден Ме бараат, сакаат да се приближат кон Бога”. Но зарем во тоа има грев” Та нели тоа и треба да го прават. Да, но работата е во тоа што тие го прават не така како што треба. Се надеваат да успеат во своето барање само со пост и не ревнуваат за делата на правдата и љбовта. И постот Ми е пријатен, вели Господ, но само таков, кога, смирувајќи си го телото, ги простуваат навредите и долговите, ги хранат гладните, ги воведуваат во својот дом бездомните, ги облекуваат голите. Кога сето тоа го има во постот, тогаш барањето на и приближувањето кон Мене ќе биде успешно; “тогаш твојата светлина ќе се јави како зора… и слава Господова ќе те придружава. Тогава ти ќе повикаш – и Господ ќе те чуе, ќе извикаш – и Тој ќе рече: ете Ме!… и Господ ќе ти биде секогаш водач (Ис. 58:1-11).

    Прекрасно Серафима...Најголемите монаси кои што цел живот поминуваат во келија и молитва, живејки во аскетизам секогаш велат " господи јас сум најгрешниот на цел свет и не заслужувам ништо од тебе како милост" или „Не сум достоен, Господи, да бидам овде" ....Во своето проштално писмо Старец Порфириј голем современ светител напишал : Сега кога одам на небо, мислам дека Бог ќе ме праша: „Што бараш ти овде?“ Имам само едно нешто да Му одговорам: „Не сум достоен, Господи, да бидам овде; Твојата љубов нека направи со мене што сака“. Што ќе биде понатаму – не знам. Меѓутоа сакам тогаш да проработи љубовта Божја....
    А кои сме ние НАЈГРЕШНИТЕ на целиот свет да се правиме просветлени ??? Господ нека не води и нека ни даде смирение... Амин!!!
     
    На Philippa и Serafima им се допаѓа ова.
  16. Shoe-Gal

    Shoe-Gal Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    178
    Јас си постев 2 години уназад. Обавезно ќе постам и годинава. Имам мир во себе кога постам :) И најмногу ме нервира кога ќе чујам некој да каже НЕ МОЖАМ, НЕ ЗНАМ КАКО, и ред други безвезални причини кои не држат вода. СЕКОЈ може! Само битна е волјата!
     
    На eminik и Cakica им се допаѓа ова.
  17. Cakica

    Cakica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    7.664
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со тебе , мене оваа ќе ми биде 8 година како ќе постам и дефинитивно не постои нешто што некој неможе, треба само силно да се сака само добра воља.
    Поззззззззззззз
     
  18. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    Исто и јас се придржувам кон постиве со оваа година, 4 год по ред. Сакам и убаво ми и за време на постот. За јадење има СЕ, ама баш СЕ, не е како некогаш... И точно е ако се има желба, секој може да пости... :)
     
  19. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    Старец Пајсиј Светогорец ( за постот)

    Постејќи, човекот ја покажува својата добра волја. Од усрдност се подвизува и Бог му помага. А гледаш, многумина мирјани ниту на Велики Петок не можат да постат, дури ниту на тој еден ден. Но, пред некое министерство можат да седат по цел ден и да штрајкуваат со глад заради некој ќејф, за да постигнат нешто. Таму ги бодри ѓаволот. Тоа што го прават е самоубиство. Други пак, кога ќе дојде Воскресение, радосно и со цела сила пеат „Христос воскресе“, затоа што добро ќе јадат. Личат на Јудејци кои сакаат Христа да Го направат цар, затоа што ги нахрани во пустината

    Човекот преку постот станува јагне. Ако стане ѕвер, тоа тогаш значи дека подвигот што го започнал или ги надминува неговите сили или се подвизува од егоизам, па затоа не добива помош од Бога. Меѓутоа, постот понекогаш ги прави питоми и смирени дури и дивите животни и ѕверови.

    Ако човек не стигне до тоа што било да прави од љубов кон Бога и кон ближниот, само го губи времето. Ако пости и има горда помисла дека прави нешто важно, залудно пости. Тој после тоа е само како празен шуплив казан во кој не може ништо да се чува. Тури внатре вода, малку по малку, сета ќе истече.

    ......................................

    Православните верници влегуваат во период на најстрогиот – Велики пост. Тој трае седум недели и завршува пред Велигден

    Впрочем, она што на човекот му наложува Великиот пост не е само ограничување во храната. Како што пишува големиот проповедник свети Јован Златоуст „вистинскиот пост е оддалечување од злото, обуздување на јазикот, одбегнување на гневот и скротување на похотите“. „Нека не пости само устата, туку и очите, и ушите, и нозете, и сите членови на нашето тело“, велеше тој.

    „Постот е духовна пролет, време во кое можеме да оживееме. Тоа е нашето воздигнување кон светата, живототворна, прекрасна Пасха Господова, која ни ја навестува конечната Пасха, победата Божја, животот вечен, торжеството на Светиот Дух во нас и бесконечната радост“, говореше на времето за периодот на Великиот пост проповедникот на Руската Православна Црква, митрополитот Сурожски Антониј.

    епа драги мои нека ни е лесен и Богоугоден постот што ќе го постиме за неколку дена. Бог нека е со нас... Амин!!!
     
    На stylishh, Serafima, angelce1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. no.name6

    no.name6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    57
    Ако можи некој да ми кажи која недела е најдобро да се испости бидејки велат првата било најубаво,и дали е во ред да се пости во време на месечен циклус?