Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пост

Дискусија во 'Религија' започната од Lovely, 13 февруари 2010.

  1. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.796
    Допаѓања:
    34.511
    Пол:
    Женски
    Јас не го прашав мојот духовник, пријателка го прашала нејзиниот, и и рекол без масло иако е празник.
    Како и да е, и да ми кажеше со масло, јас ќе постев без и онака утре ќе се причестам, па затоа си сакав оваа недела без масло.
    Секако и цел пост без масло го постам освен викенди и празници.
    Денес постев без масло.
     
    На kuc, Orthophill и SkBoy20 им се допаѓа ова.
  2. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Машки
    Молитвите пред светата причесна: https://blagovesti.wordpress.com/2013/04/19/molitvi-pred-svetata-pricest/
    Молитвите по светата причесна: https://blagovesti.wordpress.com/2013/04/22/molitvi-po-svetata-pricest/
    Во саботите и неделите секогаш се јаде масло, освен во Великата и Дтрадална Сабота. Некои и пред причесна во сабота не јадат масло и тоа не е за осуда.
    Според Ерусалимскиот типик празникот на светите 40 маченици се префрла за денес (сабота). Па вчера не беше разрешено на масло.
    Според типикот на Великата Црква (Цариградскиот) празникот беше вчера, но со изричита забрана ако падне во првата седмица од Постот масло да не се јаде.
    Владиците ако разрешиле - разрешиле, имаат власт и месо да разрешат, ако сакаат и нема да е грев, но сепак тоа е во спротивност со постоечките типици.
     
    На Elenpelen, Anyshka, kuc и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.175
    Допаѓања:
    83.849
    Пол:
    Женски
    Точно така и кај нас кажаа штом е во првата недела од Великиот Пост не се јаде масло,но најбитно е во постот да не јадеме живи луѓе:nod:
     
    На Anyshka и Orthophill им се допаѓа ова.
  4. Edinstvena.

    Edinstvena. Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2023
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Јас првата недела постам без масло до причесна. А после тоа продолжувам со масло... Дали е тоа во ред ?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Многу убав текст:

    Овој пост обиди се…

    Овој пост обидете се да бидете малку помеки со оние околу вас.
    Пости од храна, но пости и од лоши зборови, однесувања и мисли.
    Овој пост обидете се да се борите со малку повеќе чест. Нема смисла да се обидуваш од една страна и да кукаш и да се жалиш од друга.
    Овој пост, обидете се да простите. Простете повеќе. Љубовта секогаш поминува низ простување.
    Овој пост обидете се да не очајувате. Не очајувајте од ништо. И што и да се случи, прифатете го со убедување дека Бог добро го одмерил...
    Овој пост, не заборавајте да се радувате. Бидете многу среќни. Затоа што секој долг пат, секоја борба, секој Крст секогаш завршува со Воскресение!

    Среќен пост браќа.

    Психолог Елефтериадис Елефтериос

    ***************
    Во ред е.
     
    На tagataa912, st-el, MeowMeow и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Машки
    Целосно е во ред. Само и на Велика Среда, Велики Петок и Велика Сабота да си испостиш без масло, ако не можеш цела последнаседмица.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    533
    Пол:
    Машки
    Зошто спротивно? Нели и самиот кажа дека владиците можат да разрешуваат?
     
  8. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Машки
    Брате, спротивно на типиците! Ни Иерусалимскиот, ни Цариградскиот ТИПИК не разрешуваа масло вчера. Сепак владиката е над типикот. Владиката може да воведе и пост и мрс.
    Типикот е книга, која се занимава пред се' со распоредот и начинот на богослужење. На маргините од истиот пишува како да се пости.
     
  9. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    533
    Пол:
    Машки
    По МПЦ-ОА ли треба да се видеме по типикот или по Ерусалимската или Цариградската?
     
  10. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.796
    Допаѓања:
    34.511
    Пол:
    Женски
    А на некој производ ако пишува можно е да содржи траги од млеко?
    Скоро на сите пишува така, па и на некои грицки, јас и така постам без масло освен за викенди со масло, и ете ќе не можам ни грицки за викенд.
    Или така пишува за оние што се алергични на лактоза?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MeowMeow

    MeowMeow Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    2.509
    Пол:
    Женски
    Мене ко што ми имаа објаснето, тоа е поради тие што имаат алергија на одредени продукти (јајца, млеко, јатки), за да ги заштитат и нив и самиот производител да се заштити себеси од тужба, бидејќи на една лента во производството може да има и мрсни и посни производи. Слободно јади.
     
    На Anyshka и Orthophill им се допаѓа ова.
  12. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Машки
    Ние се водиме според МПЦ-ОА-ЈП, а таа се раководи според Ерусалимскиот и Цариградскиот типик. ;) И двата ги има издадено со благослов на САС.

    Не плашете се од трагите, не треба да се претерува и во постот.
     
    На kuc, Elenpelen, MeowMeow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.796
    Допаѓања:
    34.511
    Пол:
    Женски
    Да, и јас тоа така го сфаќам, дека пишува така за тие што се алергични.
    Ти Благодарам.
     
    На MeowMeow и Orthophill им се допаѓа ова.
  14. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    533
    Пол:
    Машки
    Епа ако велиш така дека МПЦ се води според нивниот типик зошто е различен?
     
  15. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Машки
    Брате патот по кој што си тргнал - пребивање во целосна послушност и доверба кон свештенството е прекрасен. Затоа, да си го прашаш духовниот отец да ти објасни кои се типиците, како настанале, која е историјата позади нив итн, итн, итн. Откако ќе ти објасни те молам да се вратиш и да ни раскажиш и нам.
     
  16. tinejdzer

    tinejdzer Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2021
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Дали во текот на постот ако добијам циклус, продолжува постот исто или како?
     
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Продолжува исто, нема никакво влијание.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Edinstvena.

    Edinstvena. Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2023
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Првата недела е постев без масло. Се причестив. Втората со масло и се до денес постам.
    Дали може да го прекинам постот или тоа е грев дека причестена ? Незнам дали ќе можам да продолжам.
    Готвам мрсна храна за дечкото многу внимавав до сега , масата на два дела ја стравував пола мрсна пола посна и на допир и на се внимавам. Али имам малце потешка физичка работа мн кревање денес се преморив физички исцрпена сум незнам дали ќе можам да додржам вака. Што мислите ? Совет ? Дали е грев ако го прекинам постот ?
     
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Не е грев. Постот не треба да биде измачување, оправдано е во некои околности, меѓу кои и тешка физичка работа, да не се пости, да се ублажи постот (од строг пост во пост на масло) или да се прекине.
     
    На Cosmic Girl и Edinstvena. им се допаѓа ова.
  20. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    533
    Пол:
    Машки
    Никогаш, грешнику, поскапи солзи нема да те исплачат, ниту жив, ниту мртов. Никогаш ни мајка ти, ни жена ти, ни деца, ни татковина, никогаш нема да те платат поскапо колку што те плати Христос Спасителот.

    - Свешт. мач. Антима Пергамски.
     
    На MeowMeow, kuc и Joanna28 им се допаѓа ова.