Здраво на сите прв пат ке постам сакам само последната недела пред велигден што треба да правам дали морам прво во црква или можам и без да отидам да си ја започнам и дури нели на велигден да си отидам во црква и тоа што значи на вода последната недела продукти од растително потекло само со вода варени или само на вода цела ден ве молам помогнете ви благодарам
Да. Ако сте венчани. Пост на вода е термин кој се користи кај Србите и значи храна приготвувана без растително масло. Кај нас на македонски јазик и во духот на нашата македонска култура се вика пост без масло. Доколку сакате да се причестите треба да се исповедате и да побарате благослов од свештеник. Ние овде не можеме да ви дадеме дозвола за причестување.
“Нема пост без глад. Само оној што е гладен може да смета дека телесно пости. Го прекинуваме ли гладот, го прекинуваме и телесниот пост. Постојаниот глад не значи и изгладнување, исцрпеност и неможност за функционирање, просто значи – да не се најадуваш до ситост, до прекинување на чувството на глад. Денот на пост, за првите христијани, бил ден на целосно воздржување од храна, а често и од вода.“ - дедо Наум
Не сум во можност да се причестам, а го постев целиот пост... Не е проблем, ако не се причестам туку од утре да почнам да мрсам?
Здраво. Го постев целиот пост, но не успеав да се причестам. Дали би можела утре или задутре да го направам тоа или тоа е што е?
Со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Брегалнички господин Иларион Правило за Апостолските пости
к0лку време траи постот, јас не сум постела никогаш? на што треба да внимавам (јакја,млеко,месо Не, друго?)
Оваа година трае 11 дена. Ако сакаш можеш да постиш целосно по правила, понеделник, среда и петок без масло, вторник и четврток со масло, за викенд смееш риба, ама доколлу ти е прв пат можеш да си постиш како обично во петоци, без животински производи.