Ние мирјаните треба да се консултираме со свештено лице т.с. благослов да земеме кој како треба да посте
Секогаш започнува 58 ден од Велигден, а завршува на ден пред Петровден (12 јули), односно најмалку може да трае 1 недела, а најмногу 6 недели. Понеделник, среда и петок без масло, вторник и четврток со масло и празник (3.7, 7.7), сабота и недела риба. Ако Петровден е среда или петок е со риба.
Првиот ден од Апостолскиот и Божикниот пост, ако не се во сабота или недела или голем празник би требало да се пост без масло. Таков е и богослужбениот поредок по Иерусалимскиот типик. (Богослужбата треба да биде слична како и таа во Велигденскиот пост, да не се служи литургија (ако не е сабота или недела) и слично.) И по кој знае кој пат треба да имаме на ум дека самиот пост не е доволен, и исто така дека и доколку јадеме или не јадеме масло некој ден ниту не` прави грешници, ниту пак ако не јадеме или јадеме некој ден нема да се очистиме од сите гревови.
Причесна има на секоја литургија! Апсолутно на секоја! Литургија може да се служи секој ден (освен во Великиот Пост), а во поголемите цркви се служи секоја недела и на секој празник (кога е црвено во календарчето). Литургиите обично почнуваат околу 8 часот. Но може и малку порано или малку подоцна, најдобро да си прашате во црквата во која сакате да се причестите.
Извини на што поточно мислиш кога ќе кажеш во поп верба немам? Сакам да одам на исповед ама ми е страв од осуда од негова страна и дека ќе поприкажува за тоа што сум се иаповедала. Поздрав секое добро
Преображенски и Богородичен пост Богородичниот, односно Успенскиот пост настапува еден месец по празнувањето на Соборот на светите апостоли Петар и Павле, а пред големите празници на Преображението Господово на гората Тавор и Успението на Божјата Мајка (познат во нашиот народ и како Голема Богородица). Успенскиот пост трае две седмици, од 14 август, до 27 август. За разлика од Великиот и Петровденскиот пост, овој пост не започнува секогаш од понеделник, односно неговиот почеток може да се случи во кој било ден од седмицата. Овие пости не се толку строги како Великиот, но се построги од Петровденскиот и Божикниот пост. Црковниот типик пропишува од понеделник до петок храна без масло, а во саботите и неделите се дозволува вино и масло. До празникот Преображение Господово, кога во храмовите се осветува грозјето, Црквата нe задолжува да се воздржуваме од тој плод. На празникот Преображение Господово, според црковниот типик на трпезата се дозволува риба.
Здраво, годинава се одлучив да ги постам Богородичните пости, но пред околу недела дена незнаејќи дека до Преображение Христово не се јаде грозје, изедов неколку зрна. Сега кога прочитав ме копка дали е грешно да земам причест?
Не е грешно. Не се пости со храна, се пости со молитва и добри мисли и добри дела. Постот е за да си ја смириш душата.
Кога ќе се исповедате пред причесната меѓу другите гревови ќе го спомните и ова. Веројатно ќе Ви дозволи отецот да се причестите.
Здраво, и јас ќе почнам да постам за овие Богородични пости. Можеме да се дружиме, да се советуваме и да си споделуваме рецепти.
И најбитно од се`, да се молиме заедно, зашто постот и молитвата се крилја на душата и двете треба да се развиваат исто за да можеме да летаме кон Царството Небесно. Ако крилото на постот е како крило на орел, а крилото на молитвата е како крило на комарец, не ќе можеме да летаме.
„Ти постиш? Нахрани ги гладните, напој ги жедните, посети ги болните, не ги заборавај затворените. Утеши ги страдалниците и оние што плачат; биди милосрден, кроток, добар, тивок, долготрпелив, незлопамтив, вистиниљубив, благочестив... за Бог да го прими твојот пост и изобилно да ти дарува плодови на покајанието.“ (Св. Јован Златоуст)
Здраво на сите! Бремена сум и решив да постам, меѓутоа не знам дали до хормони или што со идниот сопруг се бакнавме, и сега не знам како понатаму дали да продолжам или не, целава недела ја постев без зејтин за во понеделник на 19ти да се причестам. Според мои размислувања, не би требало и утре сум на исповед, ама не знам. Ваше мислење?