Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пост

Дискусија во 'Религија' започната од Lovely, 13 февруари 2010.

  1. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Машки
    Последно дискутиравме со духовникот дали во петоците треба да се пости без масло со оглед на тоа што се служи света литургија. Барем во нашиот град.
     
    На kuc му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mickey18

    mickey18 Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2024
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Машки
    Во кои денови е без масло
     
  3. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.211
    Допаѓања:
    111.919
    Пол:
    Женски
    Исто е кај сите :)
    Таман си се типиците.
    Лесни пости на сите.
     
    На KittyAgnes и mickey18 им се допаѓа ова.
  4. mickey18

    mickey18 Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2024
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Машки
    Тоа се зависи од духовникот
     
  5. mickey18

    mickey18 Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2024
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Машки
    „Кога постите, не бидете натажени како лицемерите; зашто тие си ги прават лицата нажалени за да се покажат пред луѓето дека постат. Вистина ви велам дека тие веќе ја добиле својата награда. А ти кога постиш, помажи ја главата своја и измиј го лицето свое, па да се покажеш дека постиш не пред луѓето, туку пред твојот Отец, Кој е во тајност; и твојот Отец, Кој гледа во тајност, ќе те награди јавно
    Матеј 6:16-18
     
    На Elenpelen, Orthophill и KittyAgnes им се допаѓа ова.
  6. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.436
    Допаѓања:
    3.364
    Пол:
    Машки
    Одлучив исто ко велигденските и божиќниве да ги постам обично, не можам по календарче нека прости Господ
     
    На eliesaab, Orthophill и mickey18 им се допаѓа ова.
  7. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.580
    Допаѓања:
    7.532
    Пол:
    Женски
    Со лесно нека ви е на сите што ќе постите.

    Јас нема да го постам овој пост. Но од Велигденскиот решена сум да биде. Таму застанав пред 2 години и од таму ќе продолжам.
     
    На mickey18 и DS10 им се допаѓа ова.
  8. mickey18

    mickey18 Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2024
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Машки
    Каква ни е ползата ако не јадеме месо и риба, а ги јадеме своите ближни?

    Велиш дека постиш. Докажи ми преку своите дела. А кои се тие дела? Ако видиш сиромашен, дај му милостина. Ако се сретнеш со своите непријатели, смири се со нив. Ако на улица видиш некое убаво лице, сврти го својот поглед од него. Значи, да не постиш само со стомакот, туку и со очите и слухот, и рацете и нозете, и сите делови на телото. Рацете нека постат воздржувајќи се од секоја алчност и кражба. Нозете нека постат така што нема да одат по патиштата на гревот. Очите нека постат така што нема страсно да гледаат во убавите лица ниту да гледаат со завист на богатството на другите луѓе. Велиш дека не јадеш месо, но внимавај страсно да не го голташ со очите она што го гледаш околу себе. Пости и со слухот не слушајќи оговарања и интриги. Со својата уста и јазик пости и воздржувај се од лошите зборови и шали. Каква ни е ползата ако не јадеме месо и риба, а ги јадеме своите ближни.

    Свети Јован Златоуст.
     
    На Angelllla, Joanna28, kuc и 2 други им се допаѓа ова.
  9. RQuen

    RQuen Нов член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2024
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. Сакам да прашам некој поискусен, дали смее да се јаде производи на кои пишува дека МОЖЕ да содржат траги од јајца, млеко..... и што воопшто значи тоа да некој производ Може да содржи траги од јајца, млеко...?
     
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.490
    Допаѓања:
    165.902
    Пол:
    Женски
    То значи дека нема во состав ништо од то ама ради крос контаминација мора да напишат ( на исто место прат поќе работи, чистат меѓу продукти ама за секој случај мора да го пишат ова за да се легално покриени). Моите дома јадат продукти како посни ако пиши дека "можи" да содржи нешто пошто се.
     
    На RQuen и Orthophill им се допаѓа ова.
  11. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Машки
    Може да се јаде! Трагите не значи дека ги има. Не треба да се претерува.
     
    На RQuen и mickey18 им се допаѓа ова.
  12. Shia

    Shia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2017
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    480
    Пол:
    Женски
    Библиски нели постот е начин на доведување на душата на понизност, ослободување на страстите и гревот преку воздржување од јадење на одредена храна и пијалок.
    Физичката глад што се чувствува кога постиме треба да не насочи и научи таа глад да ја пренасочиме како глад кон повисоки нешта како глад спрема зборот на Бог и Бог.
    Преку практикување активна конзистентност и издржување на постењето, се доаѓа до состојба на прочистување на душата и стекнување на плодовите на Светиот Дух.
    Но, постењето се однесува и на воздржување на ЗАВИСНОСТИТЕ како цигари, негативни мисли и однесувањето спрема себе и меѓучовечките односи. Значи не само да се почитува постењето преку храна туку и јазикот да пости, воздржување од грев: нечист збор, гнев. И очите да постат да не се погледнува нечисто.
     
    На Bitter-Sweet и mickey18 им се допаѓа ова.