1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пост

Дискусија во 'Религија' започната од Lovely, 13 февруари 2010.

  1. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.374
    Пол:
    Машки
    Кога точно почнува велигденскиот пост?
     
  2. dea.18

    dea.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    2.139
    Пол:
    Женски
    3ти март
     
    На Anyshka и Компир Манџа им се допаѓа ова.
  3. Керолајн

    Керолајн Активен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2025
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    Според тој што го објавува мпц пред секој пост? Мислам дека така пишуваат или погрешно го пишав зборот, гледам се смееш :lol:
     
  4. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.909
    Допаѓања:
    4.671
    Пол:
    Машки
    Секогаш се смеам кога некој/а ќе каже постам по типик, а реално ретко кој вистински пости по типикот. Ни јас не постам да нема забуни. Зашто не е едноставно пропишано само масло / без масло. Многу е посложено.

    Се смеам затоа што типик е пред се' правило за извршување на службите во Црквата, а не јеловник (иако во некои од типиците има и јеловници), а ние го замислуваме како јеловник. Се смеам затоа што од верата правиме вегански распоред.

    Тоа што го објавуваат во календарчињата е добро, пред сѐ за оние кои мислат дека Бог најмногу ќе го умилостивиме ако јадеме или не јадеме масло. За оние кои не ги интересира Кој е Бог, но се заморуваат дали се јади масло или не се јади.

    Да постиме, со масло или без масло, но и да се молиме, да ги читаме Свештените Писанија и уште повеќе да се трудиме да правиме добри дела.
     
    На LinaT, eliesaab, Amelia и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Керолајн

    Керолајн Активен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2025
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    Браво! Одлична поента. Сосема си во право.
     
  6. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.374
    Пол:
    Машки
    Дали за време на пост може да се прави секс? :worried:
     
  7. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.909
    Допаѓања:
    4.671
    Пол:
    Машки
    Во брак да, освен вечерта пред одење в црква.
    Вонбрачен ни во пост, ни во мрс!
     
    На Anyshka, kuc и Компир Манџа им се допаѓа ова.
  8. ♡☆♡

    ♡☆♡ Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2024
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    50
    Со сопругот сакаме да почнеме да постиме. Ќе може ли да споделите идеи за посна храна?
     
  9. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.999
    Допаѓања:
    9.499
    Пол:
    Женски
    -манџи (грав, грашок, боранија, зелка)
    -салати(краставици, патлиџани, марула, компир салата)
    -пецива (симитка, пита, буреци, лиснати теста, ѓевреци, переци)
    -леб
    -сарми, полнети пиперки, ориз, тестенини, печурки.
    -риба во деновите кога е дозволена.

    За грицки сите јатки, чипс, кикирики, пуканки, смоки, соленки.

    Сокови можеш сите.

    Млеко ако ти треба замена, можеш растително, од јатки што го прават.

    За благо мармалади, џемови, посни чоколада, чоколада за готвење и има еден куп рецепти на интернет да се најдат за слатки.
     
    На ♡☆♡, Antebellum и mickey18 им се допаѓа ова.
  10. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.374
    Пол:
    Машки
    И компир манџата е посна :fubar:
     
  11. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    4.679
    Пол:
    Женски

    Бурек, сарма, полнети пиперки и тестенини посни ?

    Бурекот нит со месо нит со сирење е посен, сарма и полнети пиперки без месо да, тестенини само ако не содржат јајце во составот.
     
    На mickey18 и eliesaab им се допаѓа ова.
  12. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    863
    Допаѓања:
    2.175
    Пол:
    Женски
    Симитот е посен, може и бурек со зелка нели веќе свинска маст не се користи туку палмино масло така да посни се. Исто така сите макарони и шпагети се посни. Само во јуфките има јајца.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. МитеМен

    МитеМен Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2023
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    2.210
    Пол:
    Машки
    просо, кус-кус, киноа, хељда, бунгур, јачмен, ‘рж, овес…
     
  14. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.491
    Допаѓања:
    37.296
    Пол:
    Женски
    Посни манџи без масло (ако постите без масло), компири со зеленчук и печурки, чорба од тиква, полнети пиперки со ориз и морков (по желба може печурки), посна мусака со компири, тиквички и ориз (можеш и соја наместо мелено месо), ориз динстан на вода, има многу работи посни и вкусни.
    Туку сакав да ве прашам во салатите наместо масло што ставате?
    @Lotus Girl па има бурек посен со праз, со спанаќ, со зелка, со компири.
    Јас правам домашен бурек со праз и спанаќ (ова за викенди кога постам со масло).
    И тестенини има посни без јајца, јас правам и ги јадам само со кечап.
    И сарма има посна со ориз и повкусна ми е од мрсната.
     
    На Antebellum и mickey18 им се допаѓа ова.
  15. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    4.679
    Пол:
    Женски
    Да, факт дека има. Барем у денешно време има се.

    Само што јас барем поинаку гледам на постот, не знам зашто би јадела бурек посен во време на пост.

    Може сум малку заостаната но за мене постот е воздржување од храна, да сфатиме дека малку храна и скормна му треба на човекот да живее.
    Постот е скромност, воздржување, смирение. Намената на постот не е да јадеме буреци и количински мн како што јадеме секој ден, туку да го исчистиме телото од мрсна и тешка храна како и духот.

    Јас кога постам јадам минимално. Но сепак тоа е мое гледиште на постот.

    Секој има право да пости како што мисли дека е правилно.
     
    На DoubleK, Rozevata, Biljana555 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.909
    Допаѓања:
    4.671
    Пол:
    Машки
    Кога постиме треба да јадиме и помалку и поскромна храна итн. Но, не секој може да го поднесе тоа. Затоа, секој нека пости како што може и колку што може. Има луѓе, кои не знаат да готват, има луѓе, кои нема кога да готват, некои живеат во семејство во кое друг готви и во таков случај не може да се претерува со изборот на храната, некои работат тешка физичка работа и треба да јадат пообилно и слично. Затоа не треба да им наметнуваме бремиња потешки од оние кои реално ги наметнала Црквата. Браќата и сестрите треба да ги поучуваме, кога гледаме дека грешат, ама не да им наметнуваме правила, посебно не правила за храната во постот. Ако некој нема што да јаде, нека јаде и посен бурек и нека не се замара.
    Христос нема да ни суди за бурекот! Слушнавме во неделата како и за што ќе ни суди Христос.

    ПС: Денеска ми излезе на социјалните мрежи, еден руски поп, директен поттикнувач на војната во Украина, како ги осудува луѓето, кои во оваа седмица јаделе изобилно т.н. бел мрс (палачинки, јајца, путер...). Истиот тој поп, даде на суд еден од своите парохијани, само затоа што јавно повикал да има мир во Украина! Да не` чува Господ од лицемерие, да постиме, ама и браќата и сестрите да не ги јадеме!
     
    На Antebellum и MeowMeow им се допаѓа ова.
  17. MeowMeow

    MeowMeow Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    2.609
    Пол:
    Женски
    Наместо масло сум употребувала прелив кој е мешавина од таан, лимон или оцет, сол и топла вода, може да се додаде и сенф.
     
    На Antebellum и Anyshka им се допаѓа ова.
  18. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.491
    Допаѓања:
    37.296
    Пол:
    Женски
    Јас со лимон и сол за мешана салата, домати и краставици вкусни ми се и без масло, ама зелка, цвекло и морков не се баш вкусни без масло, ама сум јадела со лимон и сол.
     
    На MeowMeow му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MeowMeow

    MeowMeow Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    2.609
    Пол:
    Женски
    Пријателка и балсамико крем употребува за салатите како прелив, можеш и тоа да употребиш.
     
    На Antebellum и Anyshka им се допаѓа ова.
  20. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    724
    Пол:
    Машки
    Прв пат ќе постам годинава никогаш не мислев дека ќе можам да ги оставам цигарите за да постам ама се деси чудо еве трет ден немам цигара в уста ставено, чудни се патиштата Божји и вистинити Слава на Бог и среќни пости на сите
     
    На mama*rose, IRBBB, Anyshka и 7 други им се допаѓа ова.