Пост

Дискусија во 'Религија' започната од Lovely, 13 февруари 2010.

  1. Корнелија

    Корнелија Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    Со лесно и со Господ напред до мир и спасение.
    Дали е дозволено да се јадат апетисани?
     
    Последна измена: 3 март 2025
  2. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.908
    Допаѓања:
    4.667
    Пол:
    Машки
    Да, ако не се мрсни.
     
    На Корнелија му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Корнелија

    Корнелија Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    Путер од кикиритки (не пржени)??
     
  4. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.038
    Допаѓања:
    1.963
    А, каде точно го пишува ова за маслото?
    Може и за ова да ми кажеш? Каде точно е наведено дека цигарите се штетни и заради тоа забранети?
     
  5. Just_a_kid

    Just_a_kid Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2021
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    1.510
    Пол:
    Женски
    Оди прашај свештеник ќе ти каже поточно..
     
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.451
    Допаѓања:
    138.775
    Со темата за пушењето се занимавале повеќе свети Отци на Црквата, како, на пример, Свети Нектариј Егински и Свети Силуан Атонски. Од нив се учиме дека човекот треба да владее над своите страсти, а не тие со него.

    Преподобен Никодим Светогорец
    Светиот Никодим Светогорец се осврнува на пушењето во две свои дела: „Духовни вежби“ и „Прирачник со совети“ и во нив го нарекува „темјан на ѓаволот“. И во двете негови дела нагласува колку сериозен грев е пушењето, коешто го смета за виновно не само за душевното и телесно здравје на човекот, туку и за несовесното исполнување на христијанските должности.

    Нагласува, меѓу другото, дека никој од црковниот клир без исклучок, не треба да пуши, бидејќи пушењето го нарушува моралниот карактер и угледот, во спротивност е со возвишениот призив на свештенството и го нарушува здравјето на телото.

    Светиот Нектариј Пентаполски (Егински) го нарекува пушењето „блудство на телото“. Великиот Авва Питирим во Старечникот наведува дека за некој да ги изгони демоните, треба најнапред да завладее над своите страсти и потоа демоните ќе избегаат. Како што Господ вели за бесовите, дека може да се истераат само со пост и молитва, на истиот начин се победуваа и оваа страст, со топла и срдечна молитва, при што со заштедените пари може да се прави милосрдие. Така се изгонува ова зло што поробува мажи, жени и деца.



    Ова е од страната на Бигорски, разгледај.
     
    На Elenpelen и Just_a_kid им се допаѓа ова.
  7. Elenpelen

    Elenpelen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    952
    Пол:
    Женски
    Путерот од кикирики е дозволен (во состав да е само кикирика да нема плус некое масло)
     
    На Корнелија му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lala15

    lala15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    309
    Пол:
    Женски
    Скоро сите свети отци зборуваат за духовниот и телесниот пост, во каноните, во Евангелието и сл. Не е потребно да се цепидлачи дали некој јаде масло или риба, секако духовниот пост е најважен. Но, побарај на интернет за телесниот пост и воздржувањето од храна, има многу текстови и толкувања.
     
    На Anyshka и mickey18 им се допаѓа ова.
  9. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.038
    Допаѓања:
    1.963
    Овие светци се сите родени после 1500 година. Библиски извори против пушењето не постојат?

    А, има ли некаде некој текст или препорака за воздржување од шеќер? Пошто шеќерот е најголемиот причинител за лачење допамин и телесно задоволство преку храна. Маслото е каде каде понештетно од шеќерот.

    На темава има многу што велат дека масло не се јаде во пост. Сигурно барем еден од нив ја знае причината зошто. Ти не ја знаеш?
     
    На Angelllla му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.426
    Допаѓања:
    37.026
    Пол:
    Женски
    Баш за Велика сабота не се јаде масло, а сите викенди се јаде, единствената сабота што не се јаде масло е Велика сабота.
    Дозволено е вино кога се пости на масло, некои воопшто не пијат алкохол за време на пости.
    @eliesaab Баш кога се пости се качуваат килограми дека повеќе леб се јаде, јас последната недела нагло слабеам, и не постам за да намалам килограми, баш сега сум многу ослабната, со пост се чисти организмот.
    @Just_a_kid јас разговарав со свештеник и поради здраствени причини ми кажа дека не мора толку строго да постам без масло, туку колку би издржала физички, ама јас решив без масло да постам, и прашав дали нешто ако ми се влоши крвната слика да почнам со масло, ми кажа слободно.
    Јас постам многу години без масло освен викенди и празници, ама оваа година таква ми е ситуацијата што ако ми се влоши ситуацијата може да продолжам да постам со масло.
     
    Последна измена: 5 март 2025
    На Orthophill, Just_a_kid и mickey18 им се допаѓа ова.
  11. lala15

    lala15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    309
    Пол:
    Женски
    Извини ама кога се пишувала Библијата, тутунот не бил злоупотребуван како денес. Ова со шеќерот нема врска со она што јас го кажав за маслото, а и храната е најмалку битна во постот, не знам зошто така размислуваш. Патем, како што кажав, Црквата препорачува воздржување од се што ни прави задоволство. Затоа пустинските подвижници јаделе само леб и вода. ;) Кога бараш текстови и цитати, еве еден цитат директно од Евангелието: Водачи слепи! Вие комарецот го цедите, а камилата ја проголтувате (Мт. 23,24).
     
  12. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.038
    Допаѓања:
    1.963
    Значи никаде не е директно наведено дека не треба да се користи масло?

    Тутунот постоел и се употребувал во Америка уште во првиот век. Зошто не е спомнат, а е поштетен и од масло и од месо?
     
  13. lala15

    lala15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    309
    Пол:
    Женски
    Убаво ти кажал чичко гугл, само не ти кажал дека Христијанството во Америка се шири во 15-16 век, Библијата е составена во Азија мноогу порано, а замисли тогаш немало интернет или телефон да се договорат баш тутнот да го спомнат во Библијата. Не ти реплицирам повеќе, очигледно не ми ја сфаќаш поентата. Јас цело време ти објаснувам што е смислата за воздржувањето, па оттаму доаѓа и маслото, шеќерот, итн, итн, ти пак истото ме прашуваш. Или имаш проблем, или не сакаш да разбереш, друго нема.
    И да, спомнат е и тутнот, и маслото и шеќерот и надмудрувањето на Бога, само кој има уши да слуша и очи да гледа...
    P.S. Претпоставувам дека пола страна од Светото Писмо немаш прочитано
     
    На Just_a_kid му/ѝ се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.062
    Допаѓања:
    173.611
    Пол:
    Женски
    Не беше не конзумирањето масло поврзано со то дека порано се пренесвало маслото во кожа од животни? Не се сеќавам најдобро, али ми објаснуваа еднаш нешто во рамките на ова.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Teodoris

    Teodoris Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2024
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    304
    Пол:
    Женски
    Дали во сабота се оди на причест за да можеш да постиш со зејтин? Кое време ја даваат прочестата?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.426
    Допаѓања:
    37.026
    Пол:
    Женски
    Jас се причестувам на Тодорова сабота и продолжувам да постам без масло, црл пост го постам без масло освен викенди и празници.
    Има литургија сабајле и потоа почнуваат да причестуваат, до 10-10:30.
     
    На Rozevata, Teodoris и Orthophill им се допаѓа ова.
  17. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.908
    Допаѓања:
    4.667
    Пол:
    Машки
    Значи пред да се причестите, прво да појдите и да се исповедате, особено ако не сте се исповедале никогаш во животот, а сте направиле сериозни гревови (на пример: секое вонбрачно полово општење е сериозен грев) во животот. Исповедта, запознавањето со Бога, преку читање на божовни книги, домашна молитва и редовно одење в црква е многу побитно од постењето со масло, без масло, со вода и без вода. Исповедајте се, причестете се и после јадете масло слободно, освен доколку можете да издржите без масло во последната седмица од Постот.

    Кога одиме да се причестуваме, треба да појдеме на почетокот на богослужбата односно во 7 (или 8 часот во зависност од храмот во кој одиме). Крајно безобразно е да се оди само на причесна, без да се слуша богослужбата, освен во оправдани случаи како што се: работни обврски и грижа за деца или болни/стари лица. Се` друго е недопустливо и во најмала рака некултурно.

    Да се пости без масло е добро. Да се прават секакви подвизи е добро, но да се наметнуваат тие подвизи на другите не е баш најдобро. Јас знам и многу луѓе кои и тримири и пентамири држат, ама ниту наметнуваат некому, ниту мислат дека прават кој знае што.
     
    Последна измена: 6 март 2025
    На Puellapulchra, Rozevata, Teodoris и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.426
    Допаѓања:
    37.026
    Пол:
    Женски
    Па затоа јас за мене си кажувам, без масло сум ги постела сите пости неколку години, не ми било тешко, е сега со мојава ситуација не треба толку строг пост, ама јас решив така, ниту наметнувам некому, ниту ми наметнале.
    Разговарав со свештеникот и ми кажа колку можам физички да издржам.
    Инаку за причест одам рано сабајле на литургија и после тоа се причестувам, не одам директно на причесна само.
    Кој како си сака и колку може да издржи нека си пости, секој за себе си одговара.
    Никој не треба да наметнува нешто.
     
    На Teodoris и Orthophill им се допаѓа ова.
  19. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.908
    Допаѓања:
    4.667
    Пол:
    Машки
    Само сакам да Ви кажам ниеден мој коментар да не го сфаќате лично. Извинете и простете ако сте го сфатиле лично.
     
    На eliesaab и Anyshka им се допаѓа ова.
  20. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.426
    Допаѓања:
    37.026
    Пол:
    Женски
    Не, таман работа, општо пишав, не се однесуваше на тебе, ниту на никој.
    Затоа пред секој пост се разговара со свештеник (свој духовник) и ако има потреба од здраствени причини го ублажува постот.
     
    На Rozevata и Orthophill им се допаѓа ова.