Сакам да се причестам но не знам како. Прв пат постам во животот од понеделникот (без масло). Сакам да прашам каде во Скопје можам да се причестам? Дали може во Црквата Св. Петка во Црниче? Кога? Читав на интернет но некои работи не ми се баш јасни. Прочитав дека треба да се исповедам пред да се причестам, дали се прави тоа пред пеичеста или треба да одам посебен ден. Се извинувам доколку се глупи прашањатано досега никогаш не сум правел вакви работи. Ви благодарам
Можеш во Скопје, т.е каде и да си - во црква која е најблизу до тебе. Исповед договараш со свештеник. Потоа можеш да се причестиш. За постење најдобро ти е со свештеник да разговараш. Велигденскиот пост е малку похрабар потег за почетник и секако ќе ти требаат насоки. Пс. прашањата не се глупи, скроз нормални.
Во било која црква можеш да се причестиш, разговарај со свештеник, бидејќи ти е прв пат ќе ти го ублажи постот, пред тоа треба да се исповедаш.
Постот е добар учител: 1) на секој што пости, тој му овозможува да сфати дека му е потребно многу малку храна и пиење и дека ние, воопшто земено, сме лакоми да јадеме и пиеме многу повеќе од неопходното, т.е. од она што ѝ е потребно на нашата природа; 2) постот убаво ги покажува или ги исчитува сите немоќи на нашата душа – сите нејзини слабости, недостатоци, гревови и страсти, исто како што матната стоечка вода, кога почнуваат да ја чистат, ги открива гадинките што живеат во неа или нечистотијата која во неа се крие; 3) ни ја покажува и сецелата неопходност со сето срце да прибегнеме кон Бога и од Него да бараме милост, помош и спасение; 4) ни ги разоткрива сите лукавства и подмолност и сета злоба на бестелесните духови на кои ние порано, и не знаејќи го тоа, сме им служеле, а чии подмолности јасно се исчитуваат сега, кога ќе нè озари светлоста на благодатта Божја и тие ќе почнат злобно да се нафрлаат на нас поради тоа што сме ги напуштиле нивните патишта. Св.Јован Кронштатски
Постиш ли? Тогаш нахрани ги гладните, дај им да пијат на жедните, посети ги болните, не заборавај ги затворениците. Утеши ги оние кои скорбат и плачат, биди милосрден, кроток, добар, тих, долготрпелив, незлопамтив, благочестив, вистинит, за и Бог да го прими твојот пост и во изобилие да ти дарува плодови ...
Не можеме да постиме доколку не се измириме и не им простиме на сите. Зашто постот е еден наш мал дар кон Бога, а дар не може да се принесе, доколку братот има нешто против нас. Не вели: „ако ти имаш нешто против братот твој“ – за тоа да не ни помислуваме – туку вели: „ако брат ти има нешто против тебе“ (Матеј 5,23). Ако братот има нешто против тебе, оди ти и побарај прошка. Нема да бараме тука земска правда, судии, адвокати, па да испитуваме кој е во право. Јас одам прв, иако можеби сум сигурен дека сум во право, совеста ми кажува така, но сепак прв одам да барам прошка од ближниот. Да ни даде Бог благодат сите да го правиме тоа. Да им простуваме особено на оние на кои ни е тешко да им простиме. Тука е подвигот на христијанската љубов... Најголем пост е кога човек ќе претрпи се што Бог ќе му испрати.-Св. Анатолиј Оптински
Дали да го прекинам постот? Еден теолог (настанот датира од средината на 19 век) тешко се разболел, токму на почетокот на Великиот пост. Лекарите рекле дека пациентот сигурно ќе умре доколку веднаш не премине од посна исхрана на мрсна, особено месо. „Добро, се согласувам“, рече теологот, „но само ако прво побарам дозвола од мајка ми“. Веднаш го натерале да и напише писмо на мајка си, која живеела во далечно село. Поминало една недела, па уште една. Состојбата на пациентот се влошувала. Конечно, пристигнало писмото од неговата мајка: „Го испраќам мојот благослов, но во ниту еден случај не дозволувам да се јаде мрсна храна за време на Великиот пост“. Лекарите се фатиле за главите: „Ако навистина не ја промениш исхраната, сигурно наскоро ќе умреш!“ „И вие мислите дека мојот живот повеќе зависи од месото отколку од мајчиниот благослов? - се зачуди пациентот. Од тој ден, тој почна да се подобрува и целосно да закрепне. Таа строга мајка, чиј благослов го исцели момчето, се викаше Теодора Васиљевна, а богословецот Иван, идниот „северуски отец“. Свети Праведник Јован Кронштатски.
Можам ли да постам последната недела од велигденскиот пост и да земам причест. И петолебието дали се прави во петок и потоа се носи истиот ден во црква или може пред тој ден да се подготви.
За првото прашај си свештеник,а петолебието може и во четвртокот да се направи ,а петокот да се носи во црква...во зависност од обврските кои ги имаш .
Имам неколку прашања. Дали може секоја недела да се причестува? И дали сега сред велигденските пример ако сакам можам да почнам понеделник со пост и во недела да се причестам сред големиов пост? Пример тоа да го направам следна недела? И дали треба и без зејтин да се пости? Извинете може се глупи прашања ама да се осигурам што како е.
За тоа треба благослов од свештеник, а петолебие можеш и во четврток да направиш, а петок да го однесеш во црква. Јас се причестив за Тодорова сабота, одам секој петок во црква и таму причестуваат секој петок, попот кажа среда и петок, не знам дали во секоја црква е различно. Ќе си прашаш свештеник, другарка еднаш праша за причест и попот и' кажал последната недела без масло.
Вие не прашувате дали може да се пости вака или онака,туку да испостите една недела да појдете и да се причестите. Може и да може така, но за тоа треба да ви даде благослов свештеник, овде колку што знам свештеници нема. Ако сте на возраст под 12 години ќе Ви одговорам - може! Постете една недела и појдете причестете се. Ама за возрасна личност, прво е потребно да се исповеда. Потоа за начинот на пост треба да се договори со свештеникот кој ја извршил светата тајна исповед. Инаку во текот на овие пости во поголемите цркви, причесна, односно свети литургии треба да има во: среда, петок, сабота и недела.