Мислам дека нема ваква тема па отворив затоа што не знаев каде да се обратам а ми треба голема помош ! Треба да извадам потврда дека сум била на пракса во една фирма и човекот ми рече да ја направам и да му ја однесам да ја потпише , но ми треба помош да ми кажете како треба да изгледа и што да содржи потврдата
Јас, дулупотпишаниот управител на фирмата ______, изјавувам под целосна морална одговорност, дека лицето ______________,со ЕМБГ._________, посетуваше пракса во нашето претпријатие во период од _ до__....
Само ова е доволно, на меморандум од фирмата. И да се наведе за што се издава. На пример - Потврдата се издава за потребите на горенаведеното лице ,за _______________, и истата нема да се користи за никакви други цели..