А зошто па на него треба да му текне? Демек ние секогаш сме спремни, само чекаме. А јас па мислев договор да ти било.
Епа тоа кога сам си кажуваш, а уште некој да ти соли памет, да се правам сега будала, ајде да и речам. Нема. Зборувам за блиски што сакаат. За долгите врски имам друго мислење но то е друга тема. Сигурно има милион причини зошто не оформуваат семејство и сите се лични. Дали од тоа што не сакаат или не можат. За тие што не знам не коментирам. Јас бев во долга врска, ниеден коментар не ме погодил да направам дете, ниту сум ги рецкала. Нервирање е голем збор, ама некогаш ме погаѓале коментари периодот кога сум сакала а не бивало. Муабетот ми е за сите ситуации кога сакаш а од било која причина не успева или не можеш.
Па знаеш дека бракот за нас е достигнување во животот и поради тоа сме секогаш спремни и чекаме. До негде очајни да кажам. Ми боди очи затоа и реплицирав, бидејќи баш тоа е тој притисок за кој се зборува тука. Да се разбереме, ама ич не се сложувам.
Нас не' ОТЕКОА. Дома едно време се откажаа од зборење, ама рандом луѓе... човече. Кога "конечно" дм ме "побара" - договорено и испланирано, честитки имаше нормални, ама и - конечно ти текна (на него) Оти, да, јас да сакав да се мажам поскоро, ќе го чекав него вечности нели Сега "ајде свадба побрзо" е муабетот. Ама одамна не ми чуе.
Споделувам пример за притисок што си го вршиш сам на себе каде моите/туѓите коментари лично упатени се само коментари ништо повеќе. И не потребни. Не често има примери кога некого сакаш а тој некој не е подготвен од било која причина, и правиш компромис за некое друго време во иднина. И си ствараш сам на себе притисок. Од било која друга причина би и било гајле,како што мене ми било кога не сум сакала или на тој што не сака.
More like, твоето мислење од „вистинска жена не е онаа која е мајка“ испадна „најголема придобивка, мотив, радост во животот на човекот се децата, материјалните работи не се вредни (дека нели, или родителство или материјализам, средина нема)“... И да, секако тој е тој аргумент: на сите што не би сакале деца во иднина - родителите им планирале деца, сите што се за право на абортус не се абортирани, хе хе... хехехе. Мех...
Едно типче во Индија мн учено било и спремал тужба против неговите родители зошто не го прашале него дали сакал да се роди
Па нема врска нормално, кој си е завидлив и љубоморен ќе си биде таков и пред дете и по дете, раѓањето и нераѓањето врска немаат со злобата кај луѓето, колку жени има очајни за дете и не успеале па се развило поголемо чувство за емпатија спрема други луѓе пошто нели поминале низ пекол па знаат како е, за разлика од други жени на кои животот им течел како во бајка, убаво си живееле, на време се омажиле и деца си направиле и осет немаат за туѓи несреќи или ко што викаат сит на гладен не верува, така да ги мрзи луѓето подлабоко да размислат и тргаат од тоа дека ако ти имаш нешто што те исполнува и те прави среќен, оној кој го нема баш тоа е завидлив и злобен и несреќен, а во никој случај иста работа сите не не прави среќни и исполнети ама ајде кој да им нацрта.
Најголема придобивка на човекот во животот е да биде среќен во/со својот живот. Точка. Децата се многу убави и многу мачни, како што вика свекрва ми. Одговорност се. Треба да ги пораснеш и да ги изградиш во здрави личности, И да ги пуштиш да летаат со силни крилја кога ќе пораснат. Не да ги имаш за да те гледаат на старост, или да ги притискаш внуци да ти раѓаат. Незнам каква суштина, придобивка и смисла на животот, можеш да гледаш во дете. Љубов се, радост се, да, мали рачиња, црвени обравчиња, првачиња, матурантчиња... Бескрајна љубов. Ама смислата на животот не може да зависи од тоа дете, денес е од мене зависно, задутре независно. Сме ја утнале работата ако така дефинираме смисла. Смислата секогаш во себе треба да ја наоѓаме, секоја материјална /надворешна фиксација на смисла, води кон разочарување
Смислата на животот се децата. Ќе видиш кога ќе родиш. Со болдирани огромни букви да се залепи во рамка и да се закачи на ѕид во секој дом кај што има женско дете.
Верувам дека најголем дел од притисокот е во нашата глава. Кога некој нон стоп ти збори нешто обично доаѓа до ескалација тогаш кога и ти го сакаш истото а потфрлуваш. Кога ти посакуваат брак, бебе, ако имаш други планови, викаш фала и тераш. Ама ако пробувате за бебе макар и 3 месеци, веќе коментарот добива повеќе на тежина. Исто како кога земаш редовно испити, а твоите пак напињаат учи па учи. Знаеш дека земаш испит за испит, па ќе им промрчиш, ќе превртиш очи и тераш. Ама ако заглавиш на испит, веќе и сам си ствараш притисок да положиш и коментарите од типот “ајде, до кај си со испитот”, “ кога мислиш да го земеш” дополнително те фрустрираат. За брак никој не ме напнал, бар не памтам некој да ми рекол “што чекате?”. Ама после тоа сите на честитање ми посакаа меѓу другото и бебе. Немав во план бебе во блиска иднина, ама сигурно немаше со секој од нив да се објаснувам, ниту го сфатив како притисок. Тоа секако го сфатив како желба, оти кој кому посакува бебе оти му мисли лошо? Знам дека сите ми посакаа што мислеа дека е најдобро, секако на крајот од денот секој за себе ќе носи одлука, оти секој за себе си знае што е најдобро. Не мислам дека не можеш да бркаш кариера кога имаш деца. Имам братучедка преамбициозна и успешна истовремено на 2те полиња. Еве кај нас, иако честопати јас земав повисока плата од него, пак јас сум таа што го зема тој дел за целосно посветување на детето. Секако по некое време планирам да се вратам назад на моите споредни обврски. Дека ми е криво што порано требало да се мажам и да раѓам? Апсолутно не и не гледам зошто да си стварам такви јадови на душата. Да требало, ќе било. Се случило тогаш кога така сме сакале и сме одлучиле. Како и за се останато во животот. Се си доаѓа токму тогаш кога треба да си дојде.
Притисокот од општеството не почнува кога ќе стигнеме 'во години за раѓање', туку откако ќе се родиме. Не е само прашање од рендом личност: Кога свадба? - туку континуираната индоктринација за машките и женските улоги. Од ко ќе се родиш општеството/заедницата ти диктираат правец на движење во животот. На 2-3 години не рабираш деа те индоктринираат. Само слушаш, гледаш и следиш примери. Не 'штанцаат' како во фабрика.. И не дај Боже, некоја да отскокнува од стандардниот модел... одма не чини. Не можеш да кажеш за сите, дека смислата на нивниот живот треба да е имањето деца. Кога ќе се запознаеш себе си, сам ќе си одредиш која ти е смислата на твојот живот. И пак е прашање, колку е лична одлука, а колку “научено однесување“
Бар денеска не е толку екстремно @WildMk да беше така сега сите ќе целевме кон иста ствар оти нели “научено однесување” што толку го форсираш. Гледаш овде од прв до последен коментар сите се со свои желби, без разлика кој што му посочува од дома. Секако, исклучоци има од секое правило. Факт е дека секое општество се соочува со притисоци. До тебе е како и колку ќе го сфатиш и примениш притисокот. Е сега им сметало што играчките биле поделени на кукли и количиња, па ако ти смета, никој не те задржува да не му купиш кукла на синот. Алиштата биле поделени по бои. Па што? Ете ја купив и сини и зелени шпикозни за ќерка ми, и ако изрази желба за камион и тоа ќе и купам наспроти кукла. Никој нема никого да спречи да му купи на девојчето шорц со отвор напред за мало патлаче, ако мисли дека тоа се треба да е еднакво оти било поделено на рафтови, мислам сеа... А да, купив капче за ќерка ми на чија етикета стоеше boy, и немаше машничка како на тие каде стоеше girl. Тоа boy не ме спречи да го купам капчето. Денеска толку сите модерни, кршат некакви шаблони, се борат за некакви слободи, уствари на големо се цепидлачи за некои работи. Еве и друга перспектива. Притисокот доаѓа од мали нозе ама и зависи и од каде доаѓаш ти. Моите конкретно ме напињаа за карате. Години напињање. Не им успеа. Потоа следеше играорна, оти нели само така можеш да го видиш светот. И тоа не им успеа. Јас сакав да бидам балерина. Е во мое село тоа немаше. Сакав ча-ча-ча и румба и самба, ама и тоа немаше. Може да имаше и за тоа ќе напињаа. Напињаа конкретно за она што можеа да ми го овозможат таму каде што живеевме. Родител сакајќи го најдоброто за своето дете, греши. Ама да дозволам тоа да ми создава дополнителен притисок, не фала. Еве другар од маж ми, поголемкото девојче го запиша на карате, па ми врати многу спомени од мое детство. Е не пројавило поголем интерес и го отпиша. Па се жалеше кај мм не сакала да оди на карате, сакала да биде мажоретка. Епа и тоа девојче од 5 години има свои желби, на 5 години ли ќе сака да биде инжињер во НАСА? Родители, нивна работа е да напињаат, наша да тераме по наше. Некогаш ќе те погоди, некогаш ќе одмафнеш. И дома, тогаш кога ќе му ги тргнеш играчките, и ќе му дадеш блок и боички со цел развивање на неговата креативност е наметнување, и вид на притисок. Ниедно дете не е имуно на притисок. Ако гледаме така, притисок има и кај машките. Голем. Да не плаче оти е машко, да научи занат оти нели од него се очекува да издржува семејство, розевата е педерска боја. Па колку машки само не се умараат со тоа денеска. Мислам дека темава не треба да е толку конкретна оти притисокот за бебе не е ништо поголем за разлика од притисоците со кои се соочуваме цел живот. Тоа што секој притисок доаѓа во посебна доба од животот не го прави и попосебен од другите. Во општи муабети е па затоа и изглегов и надвор од темата.
Луѓето кои имаат маж и деца колку и да им е бракот пропаднат се однесуваат супериорни во однос на другите. Јас лично, не ги ценам луѓето по брачен статус. Ако некој е ѓубре човек, за таков ќе го сметам, па нема има и маж/жена и 5 деца ако сака, ништо нема да ми значи тој факт.
Притисокот на општеството доаѓа од многу страни. На пример овде останува трудна и трча во матично прво,па свадба у 8ми месец толкава со зурли со зимање со све. Као трудна ,мора и да се омажи. Друго, овде ако не се омажи или роди џабе е... и фали нешто. Иако еве и јас,имам 26 години,трудна сум пред година и нешто дена правев свадба ама се пошо ја сакав и осеќав дека треба,не дека некој ме терал.
Јас си играв и со пушки,пиштоли,ножеви и со кукли. Носев облека која ја носеле моите браќа и братучеди. Ете,на тие полиња немало ограничувања. Ама,моите напињаат со темите брак и деца затоа што тоа е добро за женското дете. Ко да нејќат веќе дома да им седам. Притисокот е огромен,ама јас не попуштам.
Нашите улоги во општеството "се кројат" многу пред воопшто ние да бидеме свесни за сопствените желби. И мене моите ме оставале "машкоданка" да бидам, ама тоа не значи баш ништо, освен дека имам многу либерални родители кои секогаш ме оставале да го терам животот по мој ќеиф. Имањето потомство и желбата за истото е исконска и природна работа, нема ништо тука спорно. Но, прашањето и постоењето на темава се нешто сосема друго: - дали нас како женски деца уште од мали не' спремаат за мајки? да, најпрост пример се детските играчки. На кое машко дете му купуваат кукла бебе и количка? @Yowannty ти не си го осеќала притисокот затоа што иако можеби не одма, си била свесна дека сепак сакаш деца. Епа јас го осеќам, не можам раат секс без заштита да имам од што ми е страв од бременост, оти нејќам. И не е проблем честитката "со многу дечиња", проблем е постојаното "советување" - кога мислите да раѓате деца? Чунки, баш мораме па да раѓаме. Па да си побрзаме со "обврската".
И јас не би се бунела советодавно да ми ги спомнуваат тие работи еднаш годишно,ама они го зборат тоа скоро секој ден.Инаку од мала слушам луѓе во моја околина како ми кажуваат која е улогата на жената во општеството.
И јас сум носела џемпери од братучедите и сум играла со нив. Алиштата беа унисекс. Поентата беше далеку од тоа. Нови стандарди на притисок се појавуваат со годините. Некогаш играорната беше притисок за мнозинството од нас. Родителите сметаа дека тоа е најдобриот начин за да научиш нешто ново, да се социјализираш и да прошеташ. Денеска се читаат томови за родителството. Треба да го форсираш детето да биде креативно. Ако ти не му го подвалиш блокот со боичките, шансите само да се заинтересира се мали. Нормално, не е правило, има и такви деца. Ама и тоа е притисок. Поентата ми е, од притисок не можеш да избегаш. Родител секогаш ќе те форсира за нешто оти го сака најдоброто за тебе, иако ти не го гледаш најдоброто во истите работи. Одамна родителите носеле одлуки без децата да бидат прашани, посебно кога жената била давана за злато или коза. Денеска не е така. Не верувам дека од мали не спремаат за мајки. Порано од 7-8 години ги терале да месат лебови, тоа е спремање на жената за маж и дете. Јас до пред 2 години не знаев омлет да си напраам сама, а ни дел од другарките. Оние што знаеја да зготват по нешто, беше на нивна желба. Куклата бебе може, а и не мора ништо да значи. Ако родителот купи кукла на девојчето, секако не значи дека девојчето нема да посака и пиштол. Куклата бебе секогаш ќе биде емотивно повеќе поврзана за жената, оти само жената има ексклузивно право да даде живот и биолошки е предодредена за тој момент. Што е исто сосема во ред, ако некоја девојка не се гледа во таа улога. Ама колку и да сакаме да се изедначиме со мажите, некогаш едноставно е невозможно. И во тоа има убавина. Сите сме посебни, па и сите допринесуваме за семејството на посебен начин. @CameliaMiller ја не тврдам дека не чувствуваш притисок. Константно повторување на иста работа од иста личност и те како може да ти влијае на расположение. Ама во нормални околности, во кои сум убедена дека се наоѓаш, никој не може да ја донесе таа одлука место тебе. Јас само кажав како гледам од моја лична перспектива и искуство. И јас сигурно нема да си земам за право да ти кажам “ама зошто да ти влијае така” или “ти не треба така да се чувствуваш” за да не звучам ко Вајлд и остали кога им кажуваат на тие што се борат со неплодност како да се чувствуваат.
@Yowannty , ако го рационализираш моделирањето кое општеството го наметнува само врз себе... нема да престане да постои, и нема да го намали импактот кој го врши. Едно пребарување на гугл го отвора тој свет, кој се обидуваш да го банализираш Никој не им кажува како да се чувствуваат, а прашањата се неопходни, ако сакаш да размениш мислења. Ако имате проблем со дебата, не учествувајте на форум.