Јас повеќе посегнував по пушките,пиштолите и ножевите отколку куклите.За тоа не ми викаа.Ама,чим тргнав на школо,одма почнаа со тие муабети за традиционалната женска улога. Никој не им подвалува ставови на тие што се борат со неплодност и на тие што се чувствуваат комплетни со имање деца. Мислењето на Специ дека жената може/треба да се чувствува комплетна и без деца,не е лошо. Поентата на тоа дека раѓањето не е единствено нешто кое ја дефинира жената како личност. И не треба да биде. Има девојки и жени кои и факултет и работа тераат,и деца одгледуваат.Секоја им чест на тие,ама не го можат сите девојки и жени тоа. Треба да се игнорира тој притисок,но не се сите доволно јаки.
Мое беше то мислење, и види како испадна, дека ако им речиш дека може да бидат комплетни и без деца, било наметнување, дури и муабет испадна дека таков совет бил неемпатичен. Ги избришаа од сабајле коментарите, истиот муабет го праевме со друга членка.
И твое и нејзино и мое... Чат-пат делиме мислења,друг пат се разидуваме... Небитно... Само цело време јас и некои други членки кажуваме дека не ги вреѓаме тие што сакаат да имаат деца,дека ги разбираме,ама тие немаат разбирање за нас. Тоа е уште еден показател дека тој притисок е длабоко вкоренет во државичкава.
Ја симплифицираш работата. Како и во другата тема, во суштина, социолозите не се согласуваат со тебе. Бебе маж не може да роди, ама може 100% да се грижи за неговите потреби. Бебињата играчки немаат врска со раѓање како процес, со биолошка позадина, оти девојчињата реално на таа возраст и не знаат како доаѓаат на свет бебињата. Идеата е друга - грижата за бебето. Нешто што може и маж и жена да прави, не исклучително жена. Можеме да се правиме слепи на општеството кое некогаш суптилно не' подготвува за нашите улоги, ама која е поентата? Општеството не е еднакво фер за мажите и за жените, а и ден денес "женски" играчки се кујни, фризерски салони, барбики, бебиња итн. а машки се колички, багери, пушки итн. Не викам дека ти ќе забраниш на детето да си игра и со двете, викам дека суптилно влијание со што "треба" да си игра постои. Не зборувам за мое и твое мислење, и колку ти или јас ќе бидиме либерални како родители, тука за нешто многу поголемо од нас две. И околу тоа: чувствата се индивидуални, но не се толку единствени за секого. Запознаените со човековата психа многу добро знаат дека ничии чувства не се толку уникатни. Прашањето на Вајлд ништо не им оспорува на оние кои се борат со неплодност, напротив, сосема легитимно е: колку навистина сакаат дете и се борат за истото наспроти колку сметаат дека ТРЕБА да имаат дете? Не е ова прашање само за нив, туку за сите, посебно наша генерација: колку навистина сакаат, колку сметаат дека треба? Сите ќе ти речат сакаат. Срамота е и да прашаш нели. Тогаш, од каде толку несреќни детства? Колку што Вајлд, јас или било кој не знаеме како се чувствуваат сите, не знаеш ни ти. Посебно не за 20, 30, 50 жени. Да не заборавиме, јас не сум мајка и ете немам поима од лично искуство. Ама Вајлд е. Прашањето е сосема легитимно за дискусија. Не е лично, оти никој лично нема да каже - да, јас не треба(ше) да родам. Зборуваме за нешто што не плива на површината, нешто за што ние како жени секогаш сме биле "спремани" Прашањето е табу, секако. Ама пак, јас немам проблем за табу да зборувам. Можеби немам "осет", ама не сум ни лицемерна. Го кажувам тоа што го мислам, без 1 навредлив збор да употребам. Ако некој се навреди, повреди... тоа веќе не е мој проблем. Нема да ќутам и да се правам слепа за случајно некој таму незнаен да не се навреди.
Мислењето дека жената треба да се чувствува комплетно и без деца, е исто со мислењето дека жената не треба да чувствува притисок за брак и деца. Ама по коментарите излага дека кога се работи за нас, ок е да се чувствуваме под притисок ако некој не напиња за брак, ама другите (оти 100 стапа по друг грб не болат), треба да научат да се сакаат себе и да чувствуваат дека се комплетни и без деца. Некои чувства едноставно не можат да се контролираат. И сега јас ако ви повторувам на секое на вас што чувствувате притисок, и тоа ќе биде дополнителен протисок, на тој со кој веќе се соочувате.
Па тоа не е совет!Тоа е само лично мислење. Ако некој не се чувствува комплетен без дете,апсолутно не е во ред да му објаснуваш дека е комплетен,само заради тоа што ти или вие сметате дека .
Не е ок за никого.Секој треба да одлучува за себе како ќе го гради животот од 18-та година натаму... @Cosmi Не велиме дека мора да се чувствува комплетен без деца,туку дека може или треба. Тие зборови имаат различно значење.
Ако човек сам со себе не е среќен прво, ни едно друго суштество нема да го усреќи. Децата се "природно" продолжение на нашата среќа.
Оооофф мори мајко... Не реков дека е ок да се чувствувам јас под притисок, а другите не. За никој не чини притисокот. Совет е, кој произлегува од лично мислење. Пишав веќе претходно на темава... повеќе пати. Според овој муабет кој го правите вие, испаѓа дека на оние кои се борат со неплодност и кажат дека се чувствуваат несреќни и некомплетни, треба да им речеме: 'Да, да. Стварно си некомплетна и несреќна.' Извинете, ама одбивам.
Па не сме во таа тема. И кон никоја лично не се обратив. На тие што им се тешки за читање моите мислења, можат и да не ги читаат. Легитимно дискутирам на тема која е за "притисок да се биде мајка". Не сум во "поддршка за забременување". На ваква тема, вакви мислења има. Никогаш не би го напишала истото во тема за поддршка оти да, таму навистина не му е место.
Да ,точно така. Ако јас кажам дека се чувствувам некомплетна без бебе,ќе ја препознаеш мојата состојба,моите чувства и страдање.Да. Основи на емпатија. А нема наместо тоа да ме убедуваш дека можам да бидам комплетна без бебе,кога не сакам!
Оваа тема не е за таа борба,туку за притисокот врз жената да биде мајка и во рамките на тоа дискутираме. Мислењето на Ками си е таман за тука. @Cosmi Не е и не те убедува.Сите кажуваме свои мислења и гледишта.
@CameliaMiller ок, со мене нека не се согласуваат социолозите. Девојчињата немаат врска како доаѓаат бебињата на свет, ама нивните мајки знаат. Впрочем родителите им ги купуваат играчките и родителот е даскалот. 2ца родители едноставно е невозможно на скроз ист начин да се грижат за бебето. Освен ако новороденчето не е зависно од мајчино млеко, секогаш таткото е тој што секогаш се враќа на работа. Да, таткото е битен фактор, и таткото може да допринесува околу грижата, ама мајката во 99.9% од случаевите ја има главната улога во првите години од живот. Подоцна тоа се менува. Вајлд е мајка, ама еве статистички, ниту една друга мајка на форумот не се сложи со таа теза. Зарем дојдовме до тоа и мајките на кантар да ги стаиме? Еве ја не знам. Мене прашањево ич не ми е табу.
Не убедувам никого, само кажувам. И пак ќе речам, нема да ми биде убаво, човек да се чувствува несреќно, баш оти сум емпатична. Сакам сите да бидат среќни и задоволни.
Сакаш да ми кажеш дека ако мајката не постои во сликата, таткото не може да се грижи сам? Се сеќаваш на новозеландската премиерка која веднаш се врати на работа, а мажот остана на породилно? Колку кај нас мажи користат право на породилно? И зашто скоро ич?
Сеедно каде е пишано, истите читаме и дискутираме. Индиректно сакаш да кажеш дека секој кој не чуствува целосна среќа без дете да не очекува дете да го усреќи? Не зборуваме за образование, шетање, работа и кариера, финансиска стабилност, дом, надограденост на личноста, вистинскиот партнер, пропуштени шанси... лоши избори и жената е несреќна или ќе спасува брак со дете. Тука е нешто сосема друго.
Ама самохраните татковци се real thing, @Yowannty . Тие наоѓаат начини да се грижат за своите деца. А,и дел од оние татковци кои имаат сопруги,ако се добри во душа и способни,и покрај работата наоѓаат време за нивните деца.
Инаку да, родителите им ги купуваат играчките. Таткото на синот му вика "не плачи како девојче" Да, од родителите потекнува. Не со умисла ајде да ја форсираме ќеркава. Скроз суптилно е.