Не разбираш,а јас те разбирам. Тебе ти е жал,и затоа ќе им речеш дека се комплетни и без бебе. Ама не се! Едноставно не се! И наместо да им даваш "совет" дека се океј и без бебе,дека некакво си друштво им прави притисок,подржи ги во борбата и страдањето и прифати ги нивните чувства,бидејки веќе си препознала дека не се среќни без бебе.
Не сите. Во нашава генерација веќе, за среќа, се искоренува ова гледиште. Денес бевме во дуќан и децата сами си бираа играчки, без апсолутно никаков притисок од наша страна. Верувам кај многу е така, и во однос на облека и во однос на играчки.
Не, напротив. Нека очекува и нека се бори. Само да не заборави патем дека и понатаму животот е вреден за живеење, макар и да не успее. Зошто... најчесто сите ќе успеат. Ама годините во кои се измачувале себе емотивно, нема магично да се избришат.
Точно и тоа го кажав. Дека денес ние (вие) како родители сме доста поинакви. Нашите родители не биле. А да бидам искрена, да расчепкам низ темине за деца и домаќинство, сигурна сум дека ќе најдам жени кои не мислат баш како тебе. И не воспитуваат деца како тебе.
Јас верувам дека и на работа одат, и на одмор одат, и викенди тераат, и љубов водат, и по прослави и забаву одат... дека живеат и дека многу добро се запознати со сите опции.
Се надевам дека е така. И тоа е суштината. Никој не рече - откажете се, немојте. Не, не. Никако. Се' додека имаат волја и желба, откажување нема. Но мислам дека си ставаат повеќе вина, товар, него што треба. Таков впечаток имам. Сум слушнала "каде ли погрешив?" Никаде. Вредиш и си исто добра, важна личност, како и секоја друга која се остварила како мајка.
Јас не се сеќавам да имав барем една кукла. Цел ден бев со машките на улица и играев фубал. Да ме дувнеше човек ќе летнев, ама па и се тепав со сите. Сукња немав видено, доносував алишта од брат ми и други роднини. Не знам. Финансиски не можевме да си дозволиме такви луксузи машко-женски поделби.
Ама јас не ни имав девојчиња на улица де А ни моите не беа загрижени колку женствена ќе пораснам. Дете со кал до гуша и мачки и кучки бев. Ама не е баш таква реалноста за сите. Еве, во средно, имаше девојчиња кои дома извршуваа многу домашни обврски, но нивните браќа не. Се грижеа за помалите, но нивните браќа не. На мои пријателки мажите не знаат пелена да сменат, гадно било. Абе ајде?! Не знаат бебе да нахранат. Не знаат да го успијат. Ако ние сме си ги наредиле работите или не потекнуваме од патријахални семејства, не е баш секогаш така. Македонија и Балканот, генерално, се места во кои патријахатот е се' уште длабоко врежан. Погледни во која тема и подфорум сакаш... од имот, до улоги во домот... итн. Па и во обична чет дискусија ќе приметиш дека мажите многу помалку се грижат за децата. Муабетот ми е, никогаш тие не се соочуваат со истиот директен и индиректен притисок. Еве, ти имаш мали деца уште, ама ако има некоја желба да ни каже, што има и син и ќерка: Дали синот еднакво учествува во домашните обврски колку ќерката? Свекрва ми имала два сина и богами ги воспитала да се понашаат домаќински повеќе него било кој маж на нивна возраст. Јас сериозно не познавам друг маж кој до толку знае се' по дома. Зборам за наша генерација. Па не е баш најнормално, дм нема ни едно свое дете, ама на другарка ми беблак знае и да го избања, и млеко да му стопли и да му даде, и можам да му го оставам со саати. А родениот татко на истото бебе не знае пелена да смени. Мене тоа ме ми е нормално.
Ама зошто читате селективно? Реков во најголем број случаи. Ако ја нема мајката во сликата, таткото секако може сам. Ама ако малото е зависно од мајчино млеко, најголемата одговорност останува на мајката. Ако не зависи, секако дека во договор мајката може да се врати на работа. Ете само повторив истото пак. Поентата беше дека 2 родители, во исто време не можат да пружат грижа од ист размер. Едниот секогаш мора да заработува. И џабе да се натегаме. Татко и бебе е посебна врска. Мајка и бебе is even beyond тоа. Затоа и мајката во најголем број случаи останува дома, а таткото не праи никаков проблем.
Не е за натегање, веќе кажав. Освен што не може да роди и дои, се' друго може. Многу жени оставаат кариери за да чуваат деца. Мажи јас не познавам, можеби и постојат.
Не е посебна, иста е. Јас познавам личности одгледувани од нивните татковци.И двајцата не чувствуваат разлика.
Ама личен избор е тоа. И јас се имам оставено и реков сега деца ќе раѓам. Не едно три едно по друго испаднаа. Јас добивам коментари и осуди во стил за што учеше, што ќе ти се дипломи, оти сеуште не си тргнала на работа... Оти мислите дека е поради некој општествен ули наметнат притисок? Дека не е личен избор?
Имаше и на форумов. Маж отвори посебна тема за поддршка за заедничко старателство оти му недостигале децата. Со годините мажите си ја сфаќаат и нивната улога повеќе околу децата. Брат ми е размазен и не учествувал еднакво. Ама братучедите со кои пораснав, еднакво рибаа плочки, паркет и балкони со сестрите нивни. Братучед ми сам го бањаше внук ми оти на снаата и беше страв. И зетовците мењаа пелени кога можеа, успиваа и хранеа. Улогата на мажот станува се поголема и поприсутна. За што ми е посебно мило. Ама никогаш нема да се сложам дека ќе биде и еднаква кога се 2 ца родители во прашање.
Ама знаеш оти и јас истото ќе го направам нели? За мене и тебе не е општествен притисок. Ама дали искрено мислиш дека за сите е така?
Не мора еднаква. Него, да речеме, заработува жената повеќе од мажот. Нели е пологично тој да биде на породилно, таа да продолжи да заработува?
Треба некој добро да гомпознавам за да кажам за него. Вака, само за себе си знам и еве, некој ако сам сподели. А има, секакви случаеви, тоа точно е.
Добро,можеби ти не си осетила притисок,ама некои од нас осетиле и осеќаат. Добро е што си се држела до твојот личен избор.Но,некои луѓе подлегнуваат.
Затоа викам... не зборам за некој конкретно. Ама ако разгледаш околу себе, не знам за Германија, ама тука, ќе видиш дека далеку е тоа од скроз слободна волја и избор. Времињата се менуваат, нормално. Ама не можеме да игнорираме дека сепак, се случува. Низ ситни ситуации и моменти сфаќаш. И братучедка ми и маж и' се професори на факултет. Ако седнеш со нив во кафана или кај било (често се гледаме) ни еднаш тој нема да стане да трча и прибира деца. А нели, не е ни тој прост, ни таа. Ама таа цел живот е растена со брат за кој таа се грижела, ако е една година помал. И да јаде, и да испере, и да намести... за неа е нормално секогаш таа да биде "трчачот" оти не видела поинаку, не знае поинаку. Тоа се работите кои си ги носиме со себе. Како што дм не може да ми каже дека не може (пример) да смени пелена. Со мои очи гледав како татко ми ја чува сестра ми. Значи може. И мора.