Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Потеклото на притисокот врз жената да биде мајка

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од WildMk, 9 мај 2019.

  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.915
    Допаѓања:
    177.306
    Пол:
    Женски
    Јас не можам да замислам таква ситуација за себе, оти дишам за денот кога ќе ја земам во раце.
    Ако некоја мајка мисли дека може, секако.
    Евентуално финансиски да сум приморана да морам, ама знам дека светот би ми се срушил.
     
    На ForeverYoung, fana, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.923
    Кaде ли се тие луѓе штo не избрaле бaш сo стoпрoцентнa сигурнoст декa тoa е тoa штo гo сaкaaт и плус дa се сигурни вo тoлкaв прoцент декa избoрoт не им е вo мoментoт пoмaтен зaрaди некoи oкoлнoсти вo кoи се нaшле не пo свoјa вoлјa? Немa нa фoрумoт, тукa сите сме изгрaдени, мудри, пaметни, рaзумни...дa не читa чoвек мислиш 70 гoдишен чoвек вo кoстумче вo свoјa библиoтекa кaкo рaскaжувa зa мудрoстите нa живoтoт. А не 20 или 30 гoдишни кoи дoнесувaaт oдлуки пoд влијaние нa oкoлнoсти вo кoи се нaoѓaaт, oкoлинa вo кoјa изрaснaле, избoр кoј гo имaaт, чувствa и хoрмoни кoи знaaт дa искoмплицирaaт ситуaцијa итaкaнaтaму. Тaкa некa е :D
     
    На Harper, oblace1, DAngel и 7 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    Ете така.
    Тоа се твои лични чувства и имаш право на истите.
    Но, твоите чувства се компатибилни со општествените очекувања, затоа и не можеш да го видиш притисокот.

    Да се чувствуваше поинаку, за твоето семејство да беше најдобро да остане таткото дома, за почеток, законите на државите не се прилагодени на такви "чудни" ситуации.

    Башка што немаше да поминеш неказнето како "немајка" од прв ранг :) Санктимамис немаше лесно да го изџвакаат твојот избор.

    Тоа е и целиот муабет.
    Ако ние овде скроз слободно правиме што сакаме, не важи тоа за сите.
    На форумов само колку жени има што не важи тоа и за нив.

    Затоа не е фер да го игнорираме притисокот како да не постои. Некогаш е толку силен, што мислиме дека е наш избор, а не наметнат.
     
    На Luminary, DAngel, Purplelilac и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Independent Girl

    Independent Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2018
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    1.190
    Пол:
    Женски
    Не само што не поддржувам притисок врз жената да роди дете туку јас да имам моќ би забранила секој да има дете, какви будали постојат на кои искрено страв ми е од помислата да чуваат и растат дете затоа што тоа дете директно ќе има влијание во едно општество и индиректно ќе влијае и на други деца, какво ќе биде детето у голем процент зависи од тоа како е растено али ај да не забегувам од темата нека звучи колку сака строго али реално треба да се воведат некои норми за тоа дали можеш/смееш да бидеш родител или не, немогуча мисија е однапред знам али да ја имав ја таа моќ да одлучувам у едно општество немаше на секоја будала родител да му дозволам да биде.
     
    На sweet-star, LoveHope, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.915
    Допаѓања:
    177.306
    Пол:
    Женски
    Истото го тврдев и јас. Само затоа што некој чувствува притисок, не значи ниту дека целото општество е такво.

    Никаде не тврдев дека нема притисок. Ако лично не сум била под таков притисок, самата си имам наметнато друг, за што сум и сама свесна.
    Цело време кажувам дека притисоци има, постојат и реални се. Некои помалку, некои повеќе.
    Кој од нив е помалку, а кој повеќе метастазиран во општеството, секој од нас од лично искуство и поимување го дефинира.
     
    На Snow-Star и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.301
    @CameliaMiller мажот и на @Cka колку што ме држи сеќавање остана дома со малата. Она сигурно повеќе ќе каже за за законската регулатива. Ова за делот дека нема законска регулатива за татковците.
    И тука колку што знам може, ама немам лично искуство бидејќи финансиски не ни е воопшто исплатлива таква ситуација.
     
    На Cka и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    Знам дека може. И знам дека маж и' на Чка остана дома.
    Ама не може татко да лежи во Козле, пример.
    Зошто - не знам.
     
    На Purplelilac, Rebecca_R и danichap им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    Што би значело дека зборуваме исто, но од различна појдовна точка :)
     
    На nextredstyle и Yowannty им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    Е, ми текна на едно мое искуство како мало девојче :)

    Од братучетка моја сум постара 5 години, значи толку сум имала кога таа се родила.

    Памтам, не' однесоа сите братучеди да го видиме бебето. Деца како деца, сите му се радувавме.

    Кога дојде време бебево да се бања, пресоблече... тетка ми само нас девојчињата не повика, но братучедите, машките - не :)

    Мене ми беше тогаш чудно зошто само нас не' викна и што е тоа толку интересно само за нас девојчињата :)

    15 години подоцна, кога не една седенка евоциравме спомени со братучедите, "ми светна" дека тетка ми секогаш беше единствената што ги чуваше децата, тетин ми никогаш. А и таа секогаш работеше, не дека стеј ет хоум беше.

    Секако, таа има секакво право да си го чува детето како што мисли најарно; само секогаш ме "копкало" зошто така мисли.

    Не ми е чудно мислењето, воопшто, ама ме интересира од каде потекнува, како е дојдено до тоа мислење.

    Нашите ставови ги градиме низ сопствениот живот и искуства; тогаш какво е искуството на тетка ми, а какво на мајка ми? Оти се први братучетки, ама мајка ми никогаш не била повеќе родител од татко ми.

    Од најрано детство паметам дека ме бањал, ми правел храна, ме носел на одмор, ме учел да пишувам, ме облекувал и носел во школо... немал ни избор да не сака така.
    Верувам дека искрено сака, оти имам 28 години и далеку сум од дете, па не се грижи помалку за мене од мајка ми.
    Ама покрај неа немал ни избор.

    Муабетот ми е... дали постоеле разлики во воспитувањето на моите баба и дедо, и воспитувањето на сестрата на баба ми и маж и'?
    Дали тие разлики до толку влијаеле што две братучетки, практично заедно пораснати, ќе одберат сосема различна семејна динамика за себе?

    Дали влијаеле до таму, за каков партнер ќе одберат?

    Дали либералноста на мојата мајка, се должи на невообичаено либералното семејство од кое потекнува?

    Додека другите тетки и стрини биле покорни сопруги, баба ми службено патувала сама во други држави? А дедо ми сам чувал деца во тој период?

    Тоа сигурно не било "нормално" за луѓе родени 1940.

    Секако природно е раѓање деца. Не верувам дека на овој свет постои нешто поприродно од раѓање, имање секс, давање пород, и умирање. Тоа е животниот циклус на сите суштества.

    Знаеме за "кругот на сиромаштија". Децата на сиромашните родители, најчесто, и самите ќе бидат сиромашни родители. Некои ќе се пробијат, да, но повеќето нема.

    Дали истиот принцип важи и во други ситуации?
    Децата на либералните родители ќе бидат либерални, децата на традиционалните родители - традиционални?

    Машкото дете кое расте во патријахално семејство, ќе бара ли жена исто растена?
    Жена растена во патријахално семејство, во кое мајка и' била главниот одржувач на домот, дали ќе го имплементира истиот однос и во своето семејство?

    Дали нашите избори се навистина наши, или само го продолжуваме она што нашите родители не' научиле, она што тие го научиле од своите родители?
     
    На Shelea, Purplelilac, Amellie13 и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.536
    Пол:
    Женски
    За тие луѓе зборуваме тука, како да не се подлегне под "притисокот".

    И не сме сите изградени, мудри, паметни, разумни и со 100% во ништо- за жал. Ама и целата поента е во тоа. Како да дојдеш до тие 99% кои се достигнувачки. Како да се носиш со средината и околината која те опкружува, и колкаво влијание да и дозволиш врз себе. Да станеш доволно (емоционално) интелегентен за да сфатиш што ти се случува(ло) низ текот на животот, па и од најрано детство. Да можеш да ги согледаш тие грешки, да не дозволиш тие да те определуваат и водат понатаму, и да го прекинеш нивниот циклус. Да научиш да се контролираш, да знаеш како да се справиш со емоциите кои се брануваат во тебе.
    Така треба да биде.

    И не е "too good to be true". Само треба човек да се бори, да не се задоволува со нешто помалце само затоа што е во комфортната зона.
    А детето нема да реши ништо, и нема сила да те извлече од неа.

    Тоа не е тема за муабет, ама супер е што го спомна ова. И поради тоа те цитирам.

    Исто така, супер е фактот кој укажува дека сите тие стереотипи полека се искоренуваат. Мажите веќе не се само свесни за своите одговорности, туку и превземаат дејства за истите.
    Тажно е онаму каде што не е така, и тоа што некој тоа го дозволува. Без разлика дали се родители или партнер во прашање. Па и роднини и пријатели кога гледаат нешто што не е во ред и не пробаат да укажат на истото. Еден обид, можеби ќе има некоков резултат.
    Ништо нема да се смени ако некој не прави нешто тоа да се случи.

    И за тоа дека таткото не може да грижи за бебето, како што може мајката на почетокот, не е така. Единствената разлика е што не може да раѓа, и потоа да го храни бебето ако е доенче. Како што кажа Камелија. Друго се може и треба да прави.

    Искрено, кога би имала дете, нема да се разделам од него на почетокот. Ако не морам. А за тоа ќе се борам претходно. Да имам доволно финансии, да можам да си го доволам породилното отсуство колку што јас сметам дека тоа треба да трае. И да се одржувам ап ту дејт со се' што се случува во мојата бранша.
    Затоа што не сакам да испуштам ниту еден момент од животот на живот кој сум го созадала, во период кога тоа е зависно од нас(мене и партнерот).
    И повторно ќе бидам искрена, и ќе кажам дека истото го очекувам и од својот партнер. Тука, не можам да зборувам за тоа колку долго тој би можел да е на продилно, не знам колку е амбициозенза да се потруди за себе за да си обезбеди некои нешта претходно. Ама колку може, толку. Бидејќи ние ќе бидеме фамилија.

    Ова е толку иделано, сакам и да се оствари кога ќе дојде вистинскиот момент, ако дојде некогаш. Во меѓувреме здраво ќе работам за да дојде до него. Има многу што.
    И е далеко од неостварливо.
     
    На KuklickaSk, WildMk, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    не знам што ги мешате мажите, не раѓаат тие.

    Мое тело, моја одлука.
    Ако не му чини на маж, можи да си бара друга.
     
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    Затоа што зборуваме со нив за нашите ставови, пред да се омажиме и воопшто пред да почнеме нели сериозна врска.

    Многу е нефер да го маФтам дека ќе има деца со мене, а јас да знам дека тоа може никогаш нема да се случи.

    И обратно, можеби тој не се гледа како татко, па доста безобразно е да ме мафта со години и да не ми каже таква работа.

    Нема сигурно да родам зошто маж ми сака така, ама за тоа колку деца ќе има во едно семејство, секако е заедничка одлука.
     
    На WildMk и nextredstyle им се допаѓа ова.
  13. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.536
    Пол:
    Женски
    Станува збор за калап и "законот на капачето". За се што опфаќаат прашањата што ги постави. Кога веруваш во нешто, тоа нешто и те движи.

    Ако од мала имаш убедувања дека едно нешто се прави на даден начин, и ако после некое време не ги промениш своите верувања поради х причини, остануваш со ограничување.
    Ама не секој сака, или може, да го направи тоа.
    И тогаш- да, продолжуваш со она што те научила околината, а неа околината пред неа, и полека се враќаме во минатото бидејќи тоа станува даденост.
     
    На WildMk, nextredstyle и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    Бихевиоралната психологија се занимава доста со оваа тема.
    Не е невообичаено да претпоставиме дека сепак, на крајот, се' што правиме е однапред научено, вклучително и нашите желби, реакции, емотивни одговори, избори...
     
    На WildMk, nextredstyle и Snow-Star им се допаѓа ова.
  15. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.536
    Пол:
    Женски
    Да, така е.

    Сепак во даден момент доаѓаме до точка каде преиспитуваме се што сме проживеале до тогаш, и тоа е другиот момент кога треба да случи промената. Или барем да видиме зошто досега тоа било така, која е основата. Да не e "слеп за стап" случај, само заради тоа што некој друг раскажува/го прави истото.
     
    На WildMk и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.927
    Која е тезата со која ниедна друга мајка не се сложила? @WildMk , @Yowannty ? Не можам да ве стигнам, колку сте интензивни во дебатава.

    Претпоставувам дискусијава влезе во фаза кога девојки што не се мајки, дискутираат за што би било кога би било. Дете не би оставиле во првата фаза кога би му биле најпотребни, освен ако не биле приморани. А како го замислувате тоа? Кој ја одредува должината на таа фаза? Општеството? Породилното од 9 месеци во мк е таа фаза на најпотребност? Или 4 те недели во Уса?Или трите години во Германија?
    Моето дете има 5 години и јас сеуште не можам да се вратам на полно работно време.
    Сакам, оти цел живот сум се спремала за таа кариера. И сум ја имала пред да родам.
    И не сакам, оти ќе му направи импакт на моето дете.
    Ниедна кариера не вреди колку добросостојба на едно мало човече, кое зависи од мојата близина и поддршка, иако умее само да јаде, трча, оди во вц.
    Не влегувајте во ваков потфат, со убедување дека може и јаре и паре. Некогаш можеби може, ама не знаете како ќе испадне баш кај вас.
    А што значи да се биде мајка? Доволно е да родиш, за да бидеш мајка? Или целиот свој живот треба да го реорганизираш, подредиш на постоењето на тоа мало човече, за да бидеш мајка?
     
    На Yowannty и Cosmi им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    Прашањето е зошто мајката, а не таткото :)
     
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.927
    Што зошто мајката а не таткото? Зошто мајката останува со дете а таткото продолжува со кариерата?
     
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.242
    Допаѓања:
    157.317
    Јас познавам.
    Има 26 и е на раководна позиција и со бебе у рака. Имам многу за неа да кажам, ама факултетот не и е петпарачки и македонски, психологија, економија, правен па и електро неја е ама у Македонија, туку наука брате мили со ѕрцки вадење.
    Рекордер.
    Ние "бабите" со 30 не сме и ни до колена и после запознавање со неа, све ми е МЕХ. 26 факинг години! Нека ви ѕвони у глава кога мислите или дека е тешко или па кога мислите дека сте јаки муда чисто за со нозете на земја да се вратите.
    Значи, факултет у пм, на врвен универзитет у свет, магистратура, брак, свој дом, раководна позиција и бебе. И плата боли глава (не се пипливи 40к да се разбереме) и се ова потоа реализирано во Македонија. На 26. Е така, е ова е МЛАДА.
    Не е недостижни све ова што го пиша.
     
    На duffi, baba Rada, Yowannty и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.710
    Пол:
    Женски
    Не сте ме разбрале очигледно, или јас не сум ја разбрала таа што сум ја цитирала тука. Што ми објаснуваш, јас не реков дека не познавам жена со завршен факултет, кариера и бебе. Реков дека не познавам млада девојка која знае дека сака и ѝ е време за бебе, а заради притисокот од општеството одлага оти треба да заврши факултет, да најде работа и слично.

    Инаку не се согласувам со тоа дека е еднаков притисокот за бебе и брак со оној за образование и работа. Постарите генерации (а нивниот притисок на семејно ниво најмногу се чувствува) гледаме дека многу од нив мислат дека децата им должат внуци, можеби и за другото се притиска но најтрагично се сфаќаат уште неостварените традиционални улоги.
    Но океј... секој со своето искуство, I guess.
    А прво да најдеш стабилна работа (не мора да е врвна кариера со тежок факултет завршен) па да создаваш нов член на семејството, и не мислам дека е воопшто притисок - туку здрав разум, логичен след на нештата, за доброто на тоа најдраго мало човече пред сѐ. Сите што имаат реален поглед на финансии ќе разберат за што зборам.
     
    Последна измена: 12 мај 2019
    На Tanjamm, Tan4ence, Amellie13 и 4 други им се допаѓа ова.