Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Потеклото на притисокот врз жената да биде мајка

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од WildMk, 9 мај 2019.

  1. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    За ова имам една теорија, ама се' си мислам дека пак ќе се најде некој навреден.
    Па да си ќутиме подобро. :mm:
     
    На WildMk, CameliaMiller и Biljarkata им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.927
    Многу сакам теории, кажи, кажи.:clap:
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    Па би било убаво да ги прочиташ мислењата, нема смисла од ново да пишувам :)
     
    На Purplelilac му/ѝ се допаѓа ова.
  4. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Ајде бе. И после се лутеме кога мажите не ни ги чуваат децата, не се грижат за нив и не им обрнуваат внимание, оти мое дете е, моја одговорност
     
    На Cka и fana им се допаѓа ова.
  5. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Еве јас не бев при здрав разум кога родив дете невработена, кога само маж ми работеше и земаше плата од 13-14.000. Не сум здрава што го чував детето една година дома и потоа се вработив, ама напуштив затоа што не ми се работеше за 12.000. Еве дури сега имам шанса да работам на струка. Дури сега маж ми најде работа за поголема плата, оти веќе е фамилијарен човек и платата од 13-14.000 не е доволна. Кажи ми дека не сум нормална што избрав прво бебе па се останато, за да ти кажам дека пак да бирам истото би го одбрала
     
    На jacqueline.s, fana и mal.ecka им се допаѓа ова.
  6. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.092
    Допаѓања:
    55.827
    Пол:
    Женски
    Моето семејство е традиционално, мајка ми е жена како што ја опиша тетка ти. Мајка ми отсекогаш била таа што сама ги работи сите домашни обврски (иако со татко ми двајцата работат како продавачи во свој дуќан) - правење ручек, перење, чистење, после ручекот таа да раскрени, кога има гости таа да свари кафе, да постави, па кога ќе си заминат да раскрени и да измија. Почнаа и мене тоа да ми го наметнуваат, долго време како мала мислев дека е нормално за жена да биде таа работа и дека ме спремаат за во иднина.

    Но како што растев почнав поинаку да мислам, почнав да прашувам зошто на брат ми никогаш не му велите да зачисти, да измија садови и сл. Одговорот - машко е тој, не е негова работа. Е тогаш салам почнав да го осеќам патријархатот и притисокот само затоа што сум женско, само јас треба низ дома да имам обврски.

    Најтрагично е тоа што на сите тоа им е нормално. И на мајка ми и е нормално сама таа да извршува домашни обврски. Нормално им е и само мене да ме тераат на тоа, а брат ми не. Никогаш во моиве 22 години не сум го видела татко ми ручек да направи, ни јајца да испржи, а камоли за друго. И брат ми се повеќе и повеќе таков станува.

    Но од ова јас сфатив многу работи. Не успеаја да ме стават во тој традиционален општествен калап и никогаш нема да бидам како мајка ми. Среќа имам и што дм е полиберален како мене (па и да не беше немаше да сум со него in the first place), имаме многу зборувано за ова и мислам дека во иднина ќе бидеме едно либерално, ослободено од патријархат семејство што и своето потомство (кога и ако се одлучиме да го имаме) ќе биде воспитувано така. Заедно ќе ги делиме обврските и ќе си го олеснуваме заедничкиот живот.

    Нема да ги правам истите грешки како што ги прави моето семејство. Бидејќи добро знам и ја имам осетено на своја кожа таа поделба.

    Можеби мислењево не беше конкретно за притисок на жената за потомство, ама тој е еден од многуте притисоци кои што се вршат на жената. Посебно тука во Мк, уште не сме излезени од среден век.
     
    На lovestoneddd, Purplelilac, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Жената е онаа која го носи плодот и која раѓа.
    На нејзе е физичкиот терет од целата таа процедура, на никој друг.
    Затоа, таа ќе одлучи дали сака да раѓа, или не.

    Плус, темата е за притисокот врз жената, за притисоците врз мажите, може друга тема да отворите.
     
    На mal.ecka, Tanjamm, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  8. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.661
    Допаѓања:
    35.419
    Пол:
    Женски
    Оваа глупост мора да се искорени. Што ако детето нема мајка? :x
    На инфективна е дозволено татковци, ама изгледа е една од ретките, ако не и единствена.
    Имаше пред некое време дискусија за ова на форумов. Ако добро се сеќавам на мајкиве им сметаа татковците, оти ќе им ги гледале цицките кога ќе доеле :o Свашта :@ Кој лежел со болница со дете знае дека во тие моменти баш до туѓи цицки ти е дојдено :^)
     
    На Harper, Yowannty, Cka и 5 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    Тоа ми е муабетот.
    Нема закон кој ограничува каде може, а каде не може таткото да оди. Произволни сфаќања си се тоа.


    Исто како родендените само за "мајки и деца" :D
     
    На Someonespecial, danichap, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.661
    Допаѓања:
    35.419
    Пол:
    Женски
    Ова па (facepalm)
     
    На WildMk, nextredstyle и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    Епа тоа ми е муабетот... да видиш колку жени ги бранат овие концепти :D

    А стварно не чинат!
     
    На mal.ecka, An-na и WildMk им се допаѓа ова.
  12. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Глупа тема.. Ти ако сакаш ке станеш мајка ако не не, зошто ги форсирате овие прашања што ви ги поставуваат мали луѓе незнам... Едноставно игнорирај и готово.
     
  13. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    26.368
    И за породилното муабетот, зошто мајките, не татковците.
    Еве, чекам дете, и додека треба да бидам на породилно ќе ми истече договорот. Имам барање за порано враќање на работа со уште неродено дете. Нема баби и дедовци што може да го чуваат бебето.
    Со таткото зборевме он да земе породилно последните 4 месеци (законски следува) затоа што јас ќе морам назад на работа. Арно ама, и таткото е на висока позиција и не може туку така да земе породилно, посебно во фирма во која ниедно машко не користело породилно.

    Во исто време повеќето блиски викаат - не се остава бебе на 5 месеци, батали работа, ќе му требаш на бебето итн.

    Јас, ако одлучам да се вратам на работа и оставам дете со дадилка, автоматски сум лоша мајка?
     
    На Independent Girl, Someonespecial, Mishela и 5 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Оти се психолошки, емотивни и социјални прашања.
     
    На Someonespecial и Purplelilac им се допаѓа ова.
  15. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.661
    Допаѓања:
    35.419
    Пол:
    Женски
    Уопште не си :)
    Батали душегрижници... нема они да ти плаќаат сметки, или да ти го чуваат детето;)
     
    На Harper, Independent Girl, KuklickaSk и 6 други им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    Не.
    Мислиш на добросостојбата на своето семејство.
    А за добросостојба, пари требаат.
    Никој нема да ти плати сметки, и пелени да ти купува.

    Направете го она што е најдобро за сите вас.
     
    На Harper, nextredstyle, Independent Girl и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.927
    Нема да бидеш лоша мајка. Ама прашање е дали ќе можеш да го направиш тоа. Од емотивни и природни причини. Не заради ојле дојле што рекле. И јас така размислував, ама природа е тоа, детето бара мајка. 9 месеци во твојата утроба го слуша твоето срцебиење, велат дека и кога ќе се роди истото го смирува, оти тоа му е единствениот познат звук. Па се врзува за твојот мирис, оти кога е ептен мало не распознава визуелни детали. Па сум читала за мајки што оставаат свои блузи до креветчето, за да го чувствува мирисот и да спие само. Ама кај нас тоа не функционираше. Не дека татко не може да преповие, искапи, заспие дете.
    Незнам дали е инстикт или просто развивање на взаемна врска, ама откако е моето дете родено, а шутне јас се будам. А инаку спанка сум, топови не ме бидат. На татко и на глава може да му скока, тој нема да се разбуди. Може не е секаде така, не ги знам туѓите искуства.
    А твоето дете ќе биде твое, сама ќе си процениш. Само биди спремна дека домашниот есап може на пазар да не излезе. Што и да се случи, ќе го направиш најдобриот можен избор.
     
    На KuklickaSk и Yowannty им се допаѓа ова.
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.070
    Допаѓања:
    134.762
    Има подзаконски акт кој в7ка дека до 1 година мајката лежи со дете. Над 1 родител.
    Жалам, комуњара сменија правилник. Таткото може да користи породилно или одма по 45 дена или ич. Не може како јас што користев пола пола. Платата маж ти ќе си ја зима од фзо нема што со фирмата. И ако некој жу се смее, глуп е.

    Ете уште една глупост од општеството. Не само што жената мора да има дете, туку и да го чува. Никако маж.

    Стварно не знам дали некои жени се мажат за деца или за возрасни луѓе.
     
    Последна измена: 12 мај 2019
    На CameliaMiller и danichap им се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Селективно гледате притисок само кај што вас ви одговара. Притисок е и немањето финансии, притисок е и "кариерата моментално не ми дозволува", притисок е и "нема кој да ми го чува".
    Иако постои патријахалниот притисок дека жената е створена за деца, постои и капиталистичкиот притисок дека иако сакаш деца, сега не е време за нив, или не си во можност :?:
    Ај првиот, со едукација, со зборење и со "пробуденост" ќе го изолираш, ќе си најдеш и партнер што ќе се грижи за детето како да е негово. Тука веќе многу зависи од тебе. На тебе останува да стоиш до твоите принципи и исто да ги растеш твоите деца, и во исто време ако чувствуваш потреба да го "шириш зборот" дека патријархатот е злобен.
    Вториот пак притисок, нема да се среди со зборење. Тука е потребна акција, вистински активизам, и реални реформи, а не прифаќање дека "абе така мора да биде".
    Искрено, жално ми е што млади луѓе се препуштаат на системот и го земаат како непроменлив. Против притисокот од општеството да бидеш мајка ќе се избориш индивидуално, ќе се потрудиш и да образоваш луѓе дека не е во ред да ти кажуваат кога да имаш деца. А кога општеството ти кажува дека сега не треба да имаш деца, ќе си ќутиш и ќе се правиш дека не постои.
    "Сакам да имам деца, ама сега не можам да си ги дозволам" е многу ненаивен притисок кој упорно го игнорирате. Не бираш ти дека нема да имаш деца, во тој случај. Тука општеството те принудува на тој избор, сакала ти деца или не.
    А избор ли е, ако немаш друг?
     
    На do-re-mi, Harper, WildMk и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.710
    Пол:
    Женски
    Тоа е многу подлабока тема на која не можеме толку да направиме.
    Ја сфаќам борбата за работнички права на жената, дека не треба да биде дискриминирана уште на интервјуа ако планира деца, и за породилно исто. Ама со средствата потребни за сите основни работи и удобности кои ги заслужува секое дете за безгрижно детство, што правиме? Да, за мене е реален и разумен пристап да мислиш дали можеш да си дозволиш деца, посебно ако се работи па и за второ дете, трето и понатаму. И не гледам од кого доаѓа конкретно, од каде ќе почнеш, кому ќе се обратиш, со каква идеја? Во утопија би навлегле вака...
    Немањето финансии е притисок за секого, пречка во многу видови желби и цели - не само за деца... ако веќе вмешуваме секаква варијанта на притисок во животот.
     
    На WildMk, nextredstyle, Independent Girl и 4 други им се допаѓа ова.