Ептен фино и културно од тебе... тетке. Убаво ти звучи, м? Како бе не сфаќате дека тоа „детиште“ само за вас зборува? И се прашувам зошто членки со по 30 и кусур години без дете, не им се обраќаат вака на млади што сакаат деца? Тие не се исто постари и поискусни ко вас? П.С. И да се предомислам, за луѓе што напнувале и не ми го почитувале ставот во минатото, исто мислење ќе имам.
Испаѓа дека јас имам мајчински инстинкт за се', освен за дете Мислам, дете било кое сакам да го заштитам, од сите пациенти, само болката на децата мене "ме боли" и тешка ми е за издржување, такви нагони на заштита кон послаби имам максимално и на моменти се збунувам сама себе. Ама "дечар" не можам да кажам дека сум. Ваљда оти гледам дека детето е во добросостојба и не му фали ништо? Пример деца на базен. Сите деца (и незнајни) ги пратам да не се повредат. И во една ситуација скокнав така по едно, среќа спасувачот побрз беше одма го извади. Реално никој не го ни загледа, ни другаркиве мајки што се, јас очи од нив не можев да тргнам, баш оти ми беше страв од тоа што стварно стана, малецко едно падна во големиот базен, т.е. не падна, си влезе и потона. Така не се мислам и не се мислев, не сум некој вау пливач ама тоа не ми падна ич на памет. Ама пример да треба да се шљакам со вода со деца... не сакам. Освен да им пеам или читам, ништо друго не сакам.
Мене тетке ич не ме вреѓа, али преферирам мадам. Не знам зошто, можеби се покултурни од мене или многу повеќе пазат на туѓи чувства. Можно е да нема никаква врска со тоа дали имаат или немаат деца.
И колку години треба да имаме за да изразиме свое чувство и став? Дека и 28 си ме мислела, а сепак се ругаш со мене и ме вреѓаш од кога те памтам тука Иначе каква мадам, само Ваше Височество прилега за таков лик и его, ништо помалку
Ти можеш и на 14 ако сакаш став да искажеш, дали јас ќе "судам" по годините или пишаното или некои други параметри, си е моја работа.
Мајчински инстинкт е нагон да го заштитиш младенчето. Додека бев бремена го чувствував тоа.. но интензитетот стана милион пати појак, откако ја родив. Тоа е првото што го чувствував за нејзе: Несовладлива потреба да ја заштитам. Не е љубов кон личност.. пошто, не го ни знаеш како личност... Со време, како му се развиваат когнитивните способности и кога ќе почне да исполува 'карактер', тогаш се заљубуваш во него... Мислам дека сите (условно речено) го имаат тој инстинкт. Пошто е граден илијадници, стотици илјади години. Но не е нужно да го чувствуваш кога немаш пород.. Што е и логично до некаде.. Не можеш да имаш нагон да заштитиш, некој што не постои. Не е исто со емпатија. Сочувствуваш и помагаш и на непознати, ама во рамките на твоите можности. За дете, не ти е толку проблем, да си го нарушиш комодитетот на секојдневието. -------------------- Сите што се помали од мене, ми се 'дечишта'. Оти се календарски помали, не оти 'не знаат ништо'.
Емпатија е тоа, потреба да се заштити послабиот и обесправениот, ставање на негово место и чувствување на туѓата болка.
Па ја сум значи мајка од роџење. Исчував пола комшилук, чував братучеди, во друштво ме доживуваат како биг Мама и пред да бидам мама. Имам потреба да ги хранам сите, да ги прашувам дали им е топло, и слично. Дали тоа е резултат на инстинкт или научено однесување од стамени баба и мајка? Можно е. А можеби и сум само емотивна и емпатична и тоа чувство низ годините се развивало и станувало посилно и еве ме сега, мајка на 10 месечно бебе и не знам дали ми работи инстинктот по инерција или едноставно вечно учам да бидам симболична *мајка*. Никогаш не сум чувствувала притисок дека морам да родам. Дури мислам дека ако не го најдев соодветниот човек, немаше ни да се мажам и можеби ќе чував лавови некаде по бели свет. Околностите, изборите и одлуките (ми) се погодиле и сум имала среќа да оформам семејство. За мене мајка е и жена што се грижи за светот да е подобро место, не само онаа што родила. Познавам жени што родиле деца и не знаат зошто родиле. Да се разбереме, имањето дете е ОДГОВОРНОСТ. Пред себе и во светот. Кога ја мислев ќерка ми и посакував, знаев една работа - дека лично јас ќе се променам и моите потсвесни стравови, его, напластени состојби ќе доживеат експлозија. И би. Ништо не е исто. Но, тоа е промената што ја доживуваме и ако не сме спремни, се случуваат срањцата подоцна. Мајчинскиот инстинкт го доживувам како инструмент, оружје во нашиот кодекс и генетика кој илјадници години е граден и не' прави воинствени, на готовс кога се во прашање нашите малечки. Еден можеби глуп но илустративен личен пример колку перспективата може да е различна, кога си и кога не си родител: Лани се случи детенце да тргне кон Вардар додека трчав на Кеј. Мајката фотографираше нешто, скроз несвесна. Почнав да се дерам, ко улава - детето детето! И тргнав да го фатам. Се разбира не падна во Вардар, јас умрев 100 пати во моментот и ја осудив мајката - крава коза и сенешто во моментот. Кога и го донесов детето, збунето и исплашено ми рече фала на шпански и тука заврши мојата нервоза. Јазична бариера и недоразбирање што можеше да заврши фатално. Што сакам да поентирам. Ниту мене тој гест ме направи голема мајка ниту жената ја прави неспособна мајка. Просто, реагирав човечки. Ако тоа значи и мајчински - океј. Секоја жена има единствен сноп емоции и размислувања околу своето дете, а општеството иако промовира диверзитет, лаже. Сите сакаат комплетна мајка, да може светот да го спаси, и ако може и нив самите од себеси. Светот страда од повторлив феномен -патријахалната матрица во која мажот е засекогаш дете, а на детето му треба мајка.
Дa пaднеше дететo a ти не си нaјдoбaр пливaч верoјaтнo сaмo пoсилнo ќе си викaлa дa некoј се фрли пo негo. Дa е твoе без рaзмислувaње ќе скoкнеш. Тoa мoжеби е рaзликaтa.
Супер што го разјаснивме, оти и самиот тој мајчински инстикт, мит или реалност, според мене е дел од големата фама околу мајчинството. Гледам луѓе кои не се мајки, сеедно дали жени или мажи, го дискутираат феноменот мајчински инстикт, ама притоа повеќе е во смисла на идеја од филмови што сме научиле, а многу помалку од реално искуство. Затоа и прашав на почетокот. Значи дечарство е една работа. Дечар не сум, ко што рече Камелија, детски роденден за мене бил хорор. Што се вика, пред да родам, деце само на ТВ имав видено, оти не ме интересирале. Имале мои пријатели и роднини деца, сум ги доживувала како нормална појава во светот, ама ништо вау. Емпатијата што ја спомнавте е друга работа. Би помогнала и заштитила секого, кога би забележала ситуација на опасност. Нормално, со деца е поизразено, оти нормално ги доживувам како деца, па знам дека несмотрено може да истрча пред кола на пример. А за раѓањето и болката, тоа се хормони. Барем така ми го имаат објаснето. За да се подготви телото за раѓање, се активираат едно чудо хормони, кои ја минимизираат болката при самиот чин, т.е ја прават поднослива. Поднослива на ниво на менструална болка. Поболна ми била извесна медицинска процедура на пример, веројатно заради ефектот на хормоните. Отиде темава малку подалеку од насловот, ама веројатно е нормално. За себе можам да кажам, ако не го сретнев вистинскиот човек, можеби никогаш немаше да ми кликне желбата за дете. Кај некого можеби може да се јави желба за дете, и без вистински/конкретен човек, незнам. А инстинкт веројатно се развива, кога тоа суштетство ќе почне да постои во некаква форма во твојот живот. Сепак, мајка/родител си само на своето дете, и само за него би направил се без размислување.
Не знам дали не ја долови поентата која сакав да ја споделам или се надоврзуваш на друга тематика. Не зборувам за црна сиромаштија каде во едно сопче или шупа живеат фамилии со неколку деца. Зборувам за мнозинсвото, оти нели, реално, оние кои ги споменав не дека не постојат, ни се во мал број. 9 од 10 ми се чини тука викаат сакаат да дипломираат, работат, да стекнат финансиска независност, да се доизградат итн. Зарем не е тоа притисок? Ете, @forumce сподели искрен и реален пост надвор од оваа шема. Оти некогаш, да, трудејќи се да бидеме подобри родители од нашите или да понудиме повеќе од тоа што ние сме го добиле ја губиме целта пред очи.
Мене никој не ме тераше да раѓам дете. Напротив ме тераа прво да завршам факултет, дипломирам, да се вработам па после брак и дете. Тоа е притисокот со кој сите се соочуваме, а не е само притисокот за брак и дете. Кога се омажив сеуште одев на факултет. Сите се изненадија. Ее па зошто сега, па мали сте уште, заврши си факултет прво па после брак, сигурно си трудна беа секојдневни коментари на луѓето. Ама не ми беше гајле. Ова што јас го пишав во претходниот пост е секојдневие на најголем број на Македонци. Јас со мојава струка во државава не гледам некоја си кариера. За мене градење кариера не постои, постои само работење на работата што ја сакам. Затоа и не гледам некоја смисла во тоа прво да градам кариера па после брак и се останато.
Заклучивме. Заклучивме дека за секого неговото е најбитно и највистина и немаме никаква објективност, ниту пак осет за тоа што се случува надвор од светот во кој живееме.