1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Потеклото на притисокот врз жената да биде мајка

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од WildMk, 9 мај 2019.

  1. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.566
    Допаѓања:
    160.689
    Пол:
    Женски
    Само на форумов колку пати сме прочитале - Не знаеш ти како е ,не си мајка па да дебатираш на темата. Кога ке бидеш мајка ке знаеш.
     
    На PaLaVa, Someonespecial, ane.bella и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.213
    Пол:
    Женски
    До пред 3 години бев убедена дека не сакам да имам деца. Тој став го имав уште од дете, а му го кажав и на мм пред да се земеме. Тој знаеше во што се впушта, картите беа отворени. Во меѓувреме, ми се случи семејна трагедија, го изгубив татко ми, и одеднаш нешто кликна во мене. Иако тврдев дека никогаш нема да имам деца, еден ден посакав свое. Буквално преку ноќ, немам објаснување зошто и како. Се сложивме со мм дека сакаме и двајцата, и бидна, родив прекрасна ќерка.

    Е сега, да кажам нешто друго. Брат ми и снаа ми се во брак скоро 15 години и немаат деца. Не можат да имаат, ни природно, ни никако, освен да посвојат. Арно ама, притисокот врз нив не престанува ни до ден денес, постојатно слушам како им викаат да си посвојат, дали биле сигурни дека не можат да имаат :^), и такви слични небулози. Дрскост, невидена дрскост! Зарем не им е доволно тешко што морале да се помират со судбината дека никогаш нема да имаат свое чедо, па мора и други да им кажуваат и дотураат сол во раната? Решиле дека штом не можат да имаат свое, не сакаат да посвојуваат и нема да имаат дете. Толку. Ја почитувам нивната желба.
    Јас имам зборувано со нив на темава, но само кога тие први ја почнале. Никогаш не сум се осмелила да солам памет за толку болна за нив тема. Нема нешто повеќе што посакувам од тоа да станам тетка, но тоа е надвор од мојата моќ и мое е да прифатам дека тоа нема да се случи никогаш. Мајка ми, од друга страна, на почетокот не можеше да се помири со тоа, па постојано им праќаше статии, наоѓаше „магични“ доктори кои лечеле неплодност, цело време само за тоа им зборуваше. Брат ми и јас, па и снаа ми, ја опоменувавме многу пати, ама она беше фатена како слеп за стап. Еден ден, татко ми покоен ја седна, така фино, убаво и смирено и' кажа некои работи, и жената оттогаш збор нема кажано. Се помири со тек на време.
    Поентата ми е, да, и на нас ни е тешко кога близок не може да има потомство, а сака :!:, а можете само да замислите како им е лично ним. Да не сте им во кожа. Сведок сум била на прелеани солзи од кои душава ми се скаменувала, но тоа е што е.

    И треба да се почитува индивидуалната желба за имање/немање дете. Не секој мисли дека мора да биде родител, и тоа е сосема во ред.

    Емпатија, тоа е она што ни недостига. Како народ, како индивидуи, на секој можен начин.
     
    На PaLaVa, sparklie, MarigoldA и 32 други им се допаѓа ова.
  3. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.677
    Допаѓања:
    14.260
    Пол:
    Женски
    А ние шо сме веќе самостојни,со кариера,со кров над глава,со прекрасен човек покрај нас сега можит единствена и наредна цел да ни е дете и смртно да го посакуваме то или требит да се консултираме со вас м?
    Сакате никој да не ве осудуват дека сте решиле да немате деца ама сакате да ги осудувате оние што сакаат да имаат и не бираат начин да стигнат до тоа. Какво лицемерие ццц
     
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.787
    Допаѓања:
    259.813
    Каква врска има ова со "потеклото на притисокот врз жената да биде мајка"?
    Ти немаш притисок, си сакаш, сосема легитимно.

    Трајанка ете не сака, ама не' интересира зошто околината ја притиска и упорно и' вели дека не е комплетна без деца. А таа скроз комплетно си се осеќа.
     
    На PaLaVa, Someonespecial, Amellie13 и 8 други им се допаѓа ова.
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    Не знам само јас ли сум на тоа мислење, ама според мене има прилично големи промени по повод ова прашање, посебно во нашата генерација.
    Да, сите знаеме како било порано, како се воспитани нашите родители и како не воспитале нас, или барем се обиделе, и можеби обидот(сеедно свесно или не) да ни наметнат свои ставови по разни теми и области од животот.
    Но, денешните девојки, жени, се далеку понезависни и помалку подложни на општествениот притисок.
    Инаку да, притисокот денес го делат двајцата брачни партнери, за разлика од порано кога би главно само врз жените.

    Не сметам дека некој е исфрустриран/лош /злобен и се што горе некој спомена доколку нема дете. Верувам дека е избор и го почитувам истото.
    Штета што Имелда не е веќе активна. Пробав да ја тагнам, ама ете, не успеав. Она ми беше чист пример за ова за кое зборувам.

    По повод исфрустрираноста, да, постои, и на жалост е прилично распространета, но од сосема други причини. Личната неисполнетост, сеедно на љубовен/професионален/приватен план, неостварени планеви и соништа итн. Па и недоволно секс :tmi:.

    Така да дали е некој исфрустриран што не сака да има и нема дете?
    Не.

    Колку подобро би било доколку секој го слуша оној внатрешен глас, доколку секој ја следи својата замисла за среќен и исполнет живот, доколку секој се труди да ги исполни сопствените критериуми за среќен живот а не оние на околината итн.

    Да се биде родител е избор. Сакаш или не сакаш.
    Сеедно кое од овие две, го почитувам и се надевам на негово остварување.
    НЕ сме сите по ист калап правени и немаме сите однесување по некоја однапред пропишана шема. Секоја индивидуа решава за себе и така треба да биде. Од страна никогаш не би се осмелила да наметнам мислења/ставови или да етикетирам поради нивниот избор.
    Тоа што за мене е среќа, моите избори, моите одлуки..се само мои. Не очекувам друг да го копира моето однесување и да мисли и чуствува исто како мене.

    И да. Човек се предомислува или го дооформува своето размислување и став.
    Јас сум пример за истото.
    Имав партнер со кој бев 8 години, имав желби, планови, соништа...во кои дете не ми се вклопуваше.
    Сакав да учам, сакав да работам, сакав да шетам, сакав видам/посетам/доживеам што е можно повеќе.

    И баш како да светна некоја ламбичка во главата го посакав истото. Да бидам мајка.
    Почуствував дека постигнав се што посакав, дека сум спремна, дека имам што да дадам и тука не мислејќи на финансии.

    Така да, да, човек созрева, се менува, се предомислува.
    Некој нема никогаш, ќе си остане на својот став, друг заа година, пет, десет....ќе го смени.
    Се додека човек знае што сака и што го прави среќен и се труди да да го живее животот за себе е добро.
     
    На LejlaD, sparklie, do-re-mi и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.677
    Допаѓања:
    14.260
    Пол:
    Женски
    Се надоврзав на коментар од темава погоре....
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Леле бе аман.
    Од една страна имаш луѓе кои жените (и 90% само жените) што решиле да немаат деца, ги етикетираат ко монструми, бесчувствителни, нешто им фали во главата и што ти не.
    Од друга страна, муабетот барем Вајлд што го почна, е дека секоја жена, и тие што се борат за дете - треба да се чувствува комплетна самата како личност, да не помислува така негативно дека е „некомплетна“ низ борбата.
    Во кој паралелен универзум овие две работи се исти?!
    Никој не ви рече дека треба да се откажете, ниту дека сте неедуцирани и неостварени во други полиња.

    Истата идеја е непријател на секоја жена, љубопитното прашање „ајде кога деца“ ги погодува и жените што не сакаат да родат, и оние кои долго време не можат и се борат. Освестете се.

    Инаку, по вашиот критериум Stressed, ти не би требало ни да пишеш во темата... Нели *лично, на твоја кожа* не си осетила каков е тој притисок од околината да треба да сакаш да имаш дете?
     
    На Amellie13, sanja.burgundy, nextredstyle и 10 други им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.220
    Пол:
    Женски
    Ама кои сме ние да кажуваме дека некој требало комплетно да се осеќа и без дете? Дали е тоа подобро од оние што вршат притисок дека мора да се има дете?
    Секој си има различни работи што го исполнуваат и му требаат во животот. Ако за некој тоа е дете како можеме да му кажеме дека не треба да е така? Нели и тоа е еден вид притисок?
     
    На Harper, cresa-jagoda, AnnabelLee и 6 други им се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.378
    Допаѓања:
    34.165
    Пол:
    Женски
    А зошто побогу би требало да се чувствува комплетна, ако ете она смета дека не е? Исто како што вие сметате дека сте комплетни без дете, така и овие жени сметаат дека без дете не се целосни, исполнети, итн... Што е толку тешко да се сфати и почитува ова? Од една страна дискутирате на тема за притисок врз жената, а вие истото го правите :?:
     
    На Harper, cresa-jagoda, Martka и 7 други им се допаѓа ова.
  10. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.184
    Допаѓања:
    5.301
    Пол:
    Женски
    Околу комплетирањево... Причини за некомплетност, милион.
    1. Некомплетна, зошто нема работа;
    2. Некомплетна, зошто има работа, ама слабо платена;
    3.Некомплетна, зошто нема факултет;
    4.Некомплетна, доктор на науки,ама работи на не баш соодветно место;
    5. Некомплетна дека нема маж;
    6. Некомплетна, има маж ама типот едноставно не чини;
    7. Некомплетна, нема дете;
    8.Некопмлетна, едно дете има, треба повеќе...
    И така натаму...
    До бескрај...
    Сите сме некомплетни на овој или оној начин.
    И сите од некоја причина сме изложени на некаков притисок од околу.
    Работата е колку ќе дозволиме да не притискаат
     
    На cresa-jagoda, done, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.109
    Допаѓања:
    164.721
    Јас муабетов би го направила за себе ама обратно. Не злобна, љубоморна, ама откако имам дете сум полоша кон околината, викам по маж, краток ми е фитилот. Може до годините е, а? Може затоа во приказните бабите се вештерки а дедото е, хм, дедо мраз;). Не е тоа само различна варијанта на мизогинија уствари:?:?
    Не ми е детето под притисок праено, инаку.
    А мешање во туѓи животи, никогаш не престанува. После едно дете, ќе има едикојси да праша, кога второ, ако имате три, е што ви требало третото...
    Ама не живееме за другите, самите ги правиме своите избори, самите си поставуваме цели
     
    На RedWine, gjoker4e, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    Да, ние шириме муабети дека деца не треба да се раѓаат, дека ич не е убаво со деца, кој ги измислил не знам, па така се створи една одбивност и сите се под некој притисок дека ако родат дете животот ќе си го уништат па треба да се концентрираат само на кариера или нешто друго. Баш исто како и во обратната ситуација каде се очекува и поддржува по секоја цена раѓање во спротивно џабе живееш.
    Позитивен пристап кон ситуацијата е, каков притисок? На крај секој ќе си се чувствува така како што се чувствува но еден нов ветер кој вели дека животот (може да) е вреден и без деца (или без било што го посакуваш а немаш) не може да шкоди.
     
    На Someonespecial, nextredstyle, Doozy и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.677
    Допаѓања:
    14.260
    Пол:
    Женски
    Можда имам притисок,ама то не причината шо САКАМ бебе.... се осеќам некомплетна бе зато шо така сум си го замислила животот и то е то. И ако не успеам да се остварам како родител секогаш ќе ми фалит то,ова не се посакувани чевли па ај не можам да си ги дозволам па преку ноќ ќе се убедам дека не ми се потребни.
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.220
    Пол:
    Женски
    Ама како е позитивен пристап кога некој сака дете, се бори да го добие, сам кажува дека се осеќа некомплетно поради тоа и некој му вика, ама ти треба да се осеќаш комплетно и без дете? Како е позитивно да му се кажува како да се осеќа кога некој едноставно не се осеќа така? Тоа демек треба да помогне?
    Едноставно не е тоа мала работа за некој да се помири и да си рече, е добро де, ако не бидне никому ништо, што ми гајле. Никој толку не се мачи за од друга страна да се помири лесно дека може и без дете да биде комплетен. Се потценува желбата за дете во случајов. И лесно е да се потцени ако сам не минуваш низ тоа веројатно.
     
    На Harper, do-re-mi, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  15. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.184
    Допаѓања:
    5.301
    Пол:
    Женски

    Ко јас да го пишував ова. Да, полоша сум кон околината, ич око не ми трепнува, ама не во смисла да немам разбирање, да го натурам своето дете пред другите, да терам друго дете да се откаже од играчката оти мојата заплакала, да тероризирам се наоколу за негов каприц, не... Но , кога се работи за рекла-казала зошто моето дете не отишло на гости кај роднинчето за кое се сомневам дека баш не е најдобро со здравјето, оти не сакам да го тутнам во гужва со потенцијално и докажано болни луѓе и притоа сум терсене, ненормална, недруштвена и не знам каков outcast, е тука не есапам никој. Ни маж, ни свекрва, ни Јанко, ни Петко. До таму сум. Исто ако треба некој да се мрде од комфорната зона, зошто детето треба да се носи на доктор, да јаде, да пие, да се поправи нешто и слично.
    Друго, зошто немам второ и нема да имам... Прашања од овој тип за мене се терор и најчест и светски за жал распространет крик на човечки простотилук и непочитување на жената како индвидуа неретко наметнати и од самите ЖЕНИ.
    Прво, може не сакам! Себична сум била, па и да сум, си имам свои желби, потреби, работи кои ме усреќуваат и со второто би била значително лишена од реализација на истите, а со оглед на околностите во кои се наоѓам.
    Второ, може некоја има проблеми во бракот. Сопруг влечко, турни ме да кинисам, чмае по кафани, дома го нема, не знае чаша да измие, па второто дете баш супер ќе дојде, мајката да не знае дал да гледа прво ил да дои второ, ил куќа да куќи...
    Може има здравствен проблем, а срцето и крвари за второ.. Еее ова било оправдано.. Замисли, оправдано било!!!!
    Ама, секоја од горенаведените, ќе мора како учениче пред табла детално да им одговори и образложи на љубопитните бабароги ЗОШТО!!!!
    Потеклото не знам од каде е, најверојатно во недоволното разбирање и почитување, па иљубов кон туѓиот избор и индивидуалност. Од желбата за споредби со друг и потребата постојано неколму да му се наметнува животот да си го живее низ призма на вечни обврски, страдање, мачење, зошто тоа е доколку животот го живееме по ордеден туѓ зацртан образец.
    Никој никому не му прави штета со тоа што не раѓа, било прво, било второ или n-то дете.
    Јер комшикана, колешката, другачката не ќе ми го чуваат. Само сеир ќе фаќаат кога ќе се зезнат работите.
     
    На RedWine, Biljarkata, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.683
    Дваесет и први век, а во нашето општество сеуште се ставаат под лупа жените со нивните лични избори. Еве на пример мајчинството. Мајчинството е личен избор на жената, кое само по себе повлекува многу и бара многу. Причините зошто една жена не сака да биде остварена како мајка се нејзина лична работа. Дали станува збор за жена која сака да се посвети на својата кариера, на патување или жена која од здраствени причини не сака или не може да има деца е апсолутно небитно. Зошто? Затоа што сите сме различни, секој е приказна сам по себе, различни работи не исполнуваат, задоволуваат. Сите имаме различни дефиниции за среќна и исполнета жена. Значи одговорот на прашањето дали вистинска жена е само онаа која е оставарена како мајка е големо НЕ.

    Мене една од најголемите желби ми е еден ден да се остварам како мајка и да ја почувствувам таа најсилна и безгранична љубов што постои на светот. Детето е единственото нешто што се сака повеќе од самиот себе. Инаку себе си се сметам за амбициозна девојка, што сака да се образува, да стекне диплома, да обезбеди сигурен живот, да не зависи од никој и ништо. Сакам да успеам да изградам добра кариера и сметам дека може да се постигне баланс помеѓу градење кариера и оформување семејство. Не знаеме што ни носи животот, па кога некогаш би била во позиција да бирам помеѓу кариерата и семејството, никогаш не би ја одбрала кариерата пред детето.

    Значи и покрај природата и биолошкото отчуквање на жената, таа никогаш не треба да се третира како фабрика за правење деца. Право на избор има секој. Почитувам одлука на секој.
     
    На cresa-jagoda, Someonespecial, Amellie13 и 10 други им се допаѓа ова.
  17. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.842
    Пол:
    Женски
    Од секогаш сум сакала да имам дете. И имам. Таа е најубавото нешто што ми се случило во животот. Не се осеќав дека некој ме притиска да имам бебе. Сакав. Се каам што не ја родив порано.
    Е сега темата дека некоја е комплетна со бебе или некомплетна без. Мене тоа ми нема врска баш искрено. Никогаш никого нема да убедувам дека треба да има дете. Нити ќе осудам ако реши да нема. Секој има различна перцепција за исполнетост. Секој има право да биде среќен онака како што смета дека би бил.
     
    На Martka, nextredstyle, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.787
    Допаѓања:
    259.813
    Ајде сега, ветеното, да си напишам на темата.
    Малце зезнато од телефон... ама ќе се потрудам.


    Потеклото, не верувам дека можеме точно да го дефинираме. Сите видови опстојуваат со размножување. Зборуваме за милениуми наназад. Прокреацијата е ултимативната цел на било кој вид и најчесто, не постои рационална крајна цел, смисла - доста нихилистички кажано.

    Сега, тргнувајќи од природното, да се сетиме дека ние, како човечки суштества, се разликуваме од сите останати суштества најмногу по една одлика - а тоа е нашата свест.

    За разлика од мачката, жирафата, глушецот - се' што ние правиме е смислено и целисходно.

    Постоењето на општеството значи постоење и на улоги во истото. Од основната клетка - семејството.

    Со векови мажите биле тие кои ја носеле храната, ловеле, а жените раѓале и се грижеле за потомството.

    Сепак, да зборуваме за минатиот век, кој на сите ни е близок и разбирлив, затоа што верувам сите сме родени кон крајот на истиот, башка имаме доста јасни сознанија за однесувањето на луѓето.

    20тиот век е век на многу промени, на многу пронајдоци, на многу општествени промени.
    Светот за жената, во 20ти век е променет. За прв пат, жената добива исто место во очите на законите, со мажот. Претходно, нејзиното место и нејзините права се сведувале на мажење, раѓање, одгледување деца, грижа за семејство.

    Образованието, вработувањето, не биле никако нешто поддржано ниту од семејството, ниту од државите.
    Секако, постојат исклучоци, зборуваме за генералната популација.

    Тука доаѓаме до светските војни, посебно ВСВ, каде што државите имаат потреба од работна сила, и почнува "трендот" на вработување жени. Се' повеќе жени се образоваат и за прв пат, пронаоѓаат друга амбиција освен онаа добро да се омажат.

    Тука доаѓаме до моментот на феминизмот како движење, кој не би да го дискутирам баш во ова излагање, но важно е да се напомене дека жените добиваат право на глас, во најголем дел, во првата половина од 20тиот век.
    Медицината не заостанува, па околу истиот период се создаваат и првите контрацептивни таблети.

    Значи, за разлика од 50 години претходно, за разлика од векови претходно, сега имаме жени кои се образоваат и масовно стануваат дел од сите сфери на работната сила, жени кои активно се вклучуваат во бирање на политички претставници и жени кои знаат дека вредат повеќе од машина за раѓање, башка што знаат и како да не станат истото.

    Е сега, секако дека не сите луѓе се согласуваат со овој нов "феномен".
    Ниту жени, ниту мажи.

    До денешен ден, има луѓе (жени и мажи) кои сметаат дека местото на жената е дома, да раѓа и чува деца.

    Денес, во 2019та година, ние се' уште се бориме за еднакви плати.
    Во земји, малку позаостанати како нашава, се' уште во голема мера постојат машки и женски улоги во домот.

    Сетете се на вашите баби и дедовци.
    Дали искрено мислите дека вашите баби биле поттикнати да се образоваат, да создадат кариери за себе, да одберат дали воопшто сакаат брак и деца?

    Колку жени политичари, доктори специјалисти, адвокати, судии, машински инженери, електро инженери имало во втората половина на минатиот век?
    Знаете ли дека биле учени да одберат професии од кои можат да се повлечат, за да можат да одгледуваат семејство?

    Многу пред воопшто да се омажат, биле учени дека ТРЕБА?

    Денес е малку поинаква сликата, но... далеку од многу поинаква.
    Уште од нас се очекува да сакаме да бидеме родители.

    Еве, да не одиме подалеку.
    Неколку пати на форумов само имам кажано дека се' уште немам никаква желба за прокреација. И секогаш било тоа осудувано :) Но, во ред е. Можеби ќе се премислам, што рече @Sexybaby86 . Ништо страшно.

    Друго ми е мене страшно.
    Постои голема осуда околу оние кои свесно одлучуваат да немаат деца.
    Карактеризирани се како неисполнети, лоши, бесчувствителни, недоволно добри. Постои тенденција оние кои се мајки да се ставаат на пиедестал, дека вредат повеќе од оние другите.

    Сега, може секој да каже - ама јас не мислам така.
    Не мислам ни јас, ниту па некој гласно ќе каже. Нема :)

    Можеме да се лажеме дека по дома мажите еднакво учествуваат во грижата за веќе родените деца. Да се лажеме дека го имаат истиот притисок од семејството, општеството и да - природата. Тика-така биолошки часовник, сите се раѓаме со одреден број на јајце клетки. Времето не е на наша страна.

    Потеклото на социјалниот притисок е ехо на минатиот век. Потеклото на природниот притисок е нашиот биолошки часовник.

    Имам уште многу да допишам... во нареден пост, стеј тјунд :D
     
    На LejlaD, Someonespecial, ane.bella и 11 други им се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    Не -треба да се чувствуваш туку -можеш. Избор ти дава, опција. Што треба друго? Да гледаш како се мачи и пропаѓа со психа и да е ок затоа што тоа таа го сака? Ок, нејзин живот, но на некои можеби им треба и друга перспектива, не се сите исти. И не се потценува тука желбата за дете, никој не вели -престани со пробување, доста беше и ориентирај се на други ствари, туку да се тргне притисокот -мора по секоја цена. Оти на крај краева, ако не бива -не бива па не знам што да направиш. И?
     
    На Someonespecial, Amellie13, nextredstyle и 7 други им се допаѓа ова.
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Се' додека сакаат дете, се по доктори за неплодност и имаат надеж, се чувствуваат некомплетни. Секогаш има нешто што уште може да се направи. Ќе бараат начин да се чувствуваат комплетни без дете тогаш кога ситуацијата ќе е дефинитивна.
    Ова дека од другата тема почна муабетот.

    Се' додека жена цели кон докторат или лидерска позиција, мисли дека ќе се докомплетира кога ќе го добие тоа. После ќе има нова цел без која не е комплетна. Никогаш не сме 100% комплетни.

    На темава, сите што веќе се мајки сигурно ќе се изјаснат дека не го родиле под општествен притисок. Го сакале. Или се лажам?

    Па и тие што сакаат дете а се мачат да го добијат... го сакаат. Не е дека некој ги тера да се замислуваат ко мајки и никако поинаку. Сами себе така се гледаат. Исто ко тие што не сакаат деца не се гледаат така. Сами така решиле, ваљда не дека е модерно да се фокусираш само на кариера.

    Општествен притисок врз жените има. Коментари од секаде - кога ќе раѓаш, па да не ти е доцна, па ова па она.
    Ама еј, сите подеднакво сме жртви на тоа. И тие што родиле, и тие што не сакаат да родат, и тие што сакаат ама некако потешко им оди. Од каде идејата дека само жени од последнава категорија се жртвите?
    Види, не страдаат поради тоа што немаат дете а околината тоа го очекува од нив. Страдаат затоа што немаат дете, точка.

    Општествен притисок има и врз таа што сака да се мажи и да роди на 22. Мала е, ништо не видела од животот и треба да се оствари како личност прво.

    Точно, кога гледаш дека е тешко секогаш си ја имаш алтернативата - што ако не излезе ко што сакам? Сите си го размислуваат тоа. Ако не се случи, ќе бараат начини да се справат со болката и да се чувствуваат комплетни без дете. Се' додека има надеж, не гледам причина да се помират. Животот може да е вреден и без деца, и тоа како. И жената што сака дете го сфаќа тоа. И пак сака дете.

    И на крај - не сакаш деца, општеството те суди. Што тоа ти менува во изборот? Притисокот ќе смени нешто? Не.
    Може да има тригер кој после години мислење дека не сакаш да бидеш мајка, ќе ти го смени мислењето одвнатре. Не верувам дека е од општеството. Ете тие што мислеле поинаку а веќе родиле веќе се изјаснија.

    Не е дека научен труд може да изведеме од темава, со заклучоци во проценти на влијание на општествен притисок и вистинска желба во одлуката на жената. Секој си е приказна за себе. И секој за себе ќе си каже ова го сакам затоа што го сакам а не затоа што баба му на маж ми ме праша ајде кога дете и не затоа што е супер либерално да велиш дека не сакаш.
     
    На Harper, do-re-mi, Biljarkata и 6 други им се допаѓа ова.