1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Потеклото на притисокот врз жената да биде мајка

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од WildMk, 9 мај 2019.

  1. Independent Girl

    Independent Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2018
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    1.189
    Пол:
    Женски
    Значи жена сама ако не се издеградира не знам кој, дали мнозинството имаат некој вроден мазохистички синдром па сакаат да патат еве не знам ама сам да си набиваш нож тоа не ми е јасно.

    Притисокот врз жената да има деца постои со векови наназад и треба да се искорени многу жени ради притисок од блиските и пријателите и воопшто мислењето у општеството на сила раѓаат само за да не бидат отфрлени и осудувани, воопшто не е наивно некој да те осуди со зборовите нечовечност ако не си мајка, тоа се груби осуди кои вршат притисок а не постои таков притисок врз жена да нема деца тоа не е соодветен збор, нема никаква осуда тука само утеха, затоа што ако некој навистина не може да има деца единствено ти преостанува да ги утешиш како знаеш и умееш а зависи до индивидуата дали може или не може да се помири со тоа.
     
    На CameliaMiller, Someonespecial, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.326
    А да имам и една слика јас, дечко ми и кучето и баш има и коментар под неа не ви треба куче деца ви требаат хехехе. И на раб кога ја покажав сликата ми рече една блиска колешка ајде догодина место куче бебе да држиш вака. И никој од нив не е со намера да ме навреди, баш мислат дека добронамерни совети ми даваат, а јас озбилно тоа го осеќам како притисок. И од дома. Ајде колку време сте заедно кога ќе чуваме внуци. Дури баба ми еднаш ми рече ајде остани трудна што се мислиш гледаш дека сега така модерно е. И стварно ми се здосади од муабетов, пред една недела бев на семинар и една прв пат ја гледам во живот, се запознавме и ми кажува јас два сина имам ајде ти што чекаш уште. Што чекам? Некогаш ми иде да си напишам на фаца, муабети за кога свадби и кога ќе раѓаш СТОП!

    И само по себе прашањето нема смисла, ако некоја неуспешно се обидува да забремени со години и ти и речеш ајде што чекаш раѓај?! Чекан да те удри.
     
    На CameliaMiller, Someonespecial, nextredstyle и 3 други им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Зошто го осеќаш како притисок? Оти дозволувате небитни луѓе да ви влијаат на психа?
    Ајде што чекате? -бззззз
    Ништо.
    Не земајте сѐ при срце. Свашта ќе ви викаат во животот. Мора да научите прво себе си да се заштитите. За ваше добро.
     
    На oblace1, sparklie, CameliaMiller и 9 други им се допаѓа ова.
  4. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.326
    Не се небитни фамилија ми се, а и лесно е да кажеш така, и така сакам и јас, ама на психата не можам да и наредувам. Се замарам и се нервирам пошто не можам кафе да се напијам или ручек да помине без овие прашања. И притисок ми е, стварно некогаш се осеќам безвеза кога слушам од секој тоа па тоа. И ко што пишав порано дури и таксист кога ме праша колку години си, а деца имаш ми рече ајде девојче раѓај дур е време после касно ќе ти биде.
     
    На CameliaMiller, Someonespecial, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  5. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Со вакви "притисоци" од типот кога свадба кога деца се соочуваме сите. Мене не ми ствара притисок али едноставно ме нервира. Бркајте работа аман и казна затвор за сите хехе ајде кога свадба и дечиња!!
     
    На FireSagittarius, CameliaMiller, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  6. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.326
    Па добро муабет си правиме, ако на секој вака абе бркај работа не се замарај аман, ќе треба сите да си ќутиме и само сликички да си испраќаме.

    И не дека јас во депресии сум од ова и ноќе не спијам и само на тоа мислам, само едноставно ме нервира тој муабет и не сакам никој да ме прашува ни да ме тера, ако сакам кога ќе сакам ќе раѓам и тоа е. Или ајде кога свадба мене ме прашуваат. Ај да клекнам јас да го побарам.
     
    На CameliaMiller, Independent Girl, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Тие што така велат да си бркаат работа не ние жртвите:D
     
    На CameliaMiller, Purplelilac и nextredstyle им се допаѓа ова.
  8. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.326
    Баш жртви, јас би еден закон да не внесат таму со некоја точка во дискриминација, ко што има дискриминација на основ пол, етничка припадност, раса и тн нека има и дискриминација по основ нераѓање и не е во брак а заминале годините.
     
    На CameliaMiller, Biljarkata, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Па и фамилија се небитни, оти не гледаат во тој момент за твој интерес. Гледаат за нивни. И мене ме чепкаат од дома, најблиските. Па ќе им речам тие да си родат или ќе им се смеам на зборовите. Буквално, делумно од работа со луѓе, делумно од што сакам разумот да си го зачувам се научив да не регистрирам зборови што може само да ме изнервираат. Цел живот некој ќе ве влече за нешто. Нема поента да се ставаат туѓите чувства пред твоите. Кажи им ако сакаат деца тие да си родат. Јас на мајка ми така и викам :rofl:
    Сестра ми еднаш мала така на дедо ми рече. Оваа ни 7 годинки немаше, тој на еден Бадник се фати како внук немал. Сестра ми ни две ни три, како си беше такво буцкасто и нон стоп луто: "Еве бе дедо, ти и баба родете си." :D
    Нон стоп некој ќе ви се меша во животот за работи кои не го интересираат.
    "Оти не си купиш стан, толку мала плата имаш?"
    "Уште си на истата работа, не можеше подобра да си најдеш?"
    "Паметна си, убава, образована. Ама да си најдеш некој богат и со стан, куќа, да се наместиш."
    "Од толку наши мажи, ти реши од далеку да бараш? Сигурно те вара, маж си е маж."
    И цел живот ќе биде така.
    Да слушам и да дозволам секој коментар да ми влијае на психа би полудела за 2 месеци, преку сила. Луѓето нема да престанат сѐ додека им придаваме значење на нивните зборови.
     
    На do-re-mi, CameliaMiller, Biljarkata и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.643
    Допаѓања:
    161.585
    Пол:
    Женски
    Мајка ми која бдв ме сака најмногу и сигурна сум дека многу сака внуче од мене , секој ден ми го збори истово.
    Ја разбирам , те разбирам и тебе што сакаш да кажеш.
    Само , многу е тешко да се прифати сето тоа, барем мене ми е тешко. Свесна сум за све.
    Ама еве не прифаќам дека тоа е тоа, дека не бива.
    Кој знае до кога ...
     
    На mal.ecka, CameliaMiller, Bridget и 4 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    А сте заприметиле дека тие муабети: Ајде кога дете? До година со дете. Кога второ? ... итн - се секогаш од жени?
    Маж никогаш не ми рекол ништо во врска со тоа кога ќе се мажам, кога ќе имам дете, дали ќе имам второ.. никогаш.
     
    На Harper, MarigoldA, mal.ecka и 17 други им се допаѓа ова.
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Никогаш нема ни да ти рече. Децата се женска работа ;)
    Што му е гајле на маж за деца...

    Во превод:
    Има два типа на мажи:
    1. Оние со стил родови улоги и жена гледа деца. Тие нема да те прашаат оти тоа е женска работа. Жената нивна ќе те праша.
    2. Оние во стил секој придонесува во семејството. Тие нема да те прашаат затоа што знаат дека не е на место прашањето.
     
    На CameliaMiller, Biljarkata, Peperutce1115 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    279.336
    Се сложувам, барем моето искуство е исто.
    Посебно со коментари дали ќе се обидуваме додека не се роди машко:mm:.
     
    На mal.ecka, CameliaMiller, Biljarkata и 3 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Непочит е тоа.
    Зошто непочитта да е од жени кон жени?

    Сте размислувале некогаш зошто е баш така?
    Искрено, лично, немам некоја солидна теорија ...

    Ениуан?
     
    На CameliaMiller, Someonespecial и Independent Girl им се допаѓа ова.
  15. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    @Animali

    Toa e тој дух!
    Ти си мојот soulmate friend! Радост ме облеа после постoт. Одлично е чувството да знаеш дека не си сам со ваков став.

    Околу темава..
    Дефинитивно немам што да кажам што веќе не знаете. Премногу притисок е наметнат од околината.
    Балканот е средина со двојни аршини, каде истите веднаш после раѓањето се екстраполираат, заедно со родовите улоги и идентитети, кои сами по себе не се лоши, но човековиот вид уште од почетокот со развивањето свест, си зема за право да ги злоупетреби.
    Средината сама по себе, секако мора да има одредени полови и родови назнаки по кои би се разликувале едни од други, (машки/женски) но истите треба да служат само како потсетник за документирање, а не како темел за тоа како треба да се доделат улогите во текот на понатамошниот живот.

    Пишав во една тема за ова, а еве и повторно..
    Притисокот кај жената не почнува во нејзиното возрасно доба. Почнува од втората година на животот, преку одбирање "женски" играчки, па сè до процесот на нејзино образование каде се очекува да ги има сите петки во училиште (пошто нели е девојче и е срамота да има лоши оцени).

    Подоцна, од жената се очекува да дипломира, вработи и нормално, највисокиот стадиум од животот - да се омажи и роди. Но, не ради себе!
    Не, не, ни случајно ради себе. Туку за неговото Височество, врхунацот на сите живи мери и критериуми - мажот.
    Значи сешто прави една жена, секој нејзин подем, (успех), е ставен под лупа и не ѝ вреди доволно доколку нема со кого да го сподели!
    Јинг и Јанг нели, вечната спротиставена енергија. Трагикомично enough, right? :D

    ...

    Уште во својата адолесценција сфаќаш дека излезите во град, средувањата, поминувањето убаво со друштво, се само еден неминовен макотрпен процес кој се сведува на биолошка потрага по компатибилен партнер..
    Што е најтрагично тоа можеби нема да го сфатиш на 16, 17 години, но како одминува времето сигурно ќе ти стане јасно зошто списокот на другар(к)и ќе почне да се проретчува. Нема да ги има веќе по клубови или кафичи..зошто станале сериозни, фатиле девојка/дечко. :)

    Лошата традиција оди до степен каде сè мора жената да прави добро, со умерен, женствен и мил став. Ни случајно не смее да покаже "машки" oсобини пропратени со 'I don't care attitude' особено кога доаѓаат во прашање овие животно приоритетни теми, како мажачка и дете, зошто женственоста е нејзино ,,архетипно оружје/однесување" whatever.
    Зошто ако не се однесуваш ,,женски" потоа следи онаа култна реченица - ,,ама женско си, сега на 12, 16 мислиш вака, ама понатака ќе си сакаш и ти семејство и детенце"
    Каде е кофата да се исповратам? |(

    Да сумираме - достигнувањата во животот кај една жена се мерат низ безбројни бројки и нијанси. Основата на традицијата е сведена на тоа колку деца имаш и колку си успешна за да го задржиш дечкото да те омажи.
    Трагедија.
     
    Последна измена: 10 мај 2019
    На smooch, CameliaMiller, Independent Girl и 9 други им се допаѓа ова.
  16. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    притисокот си го прави сама на себе секоја жена, некоја повеќе, некоја помалку......Море што бош моабети се изначитав.....:!:
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.643
    Допаѓања:
    161.585
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум прашала некој пар ,т.е жена - ајде кога дете ,или па кога машко .
    Ама .. Честопати знам да направам глупост од типот : кога честитам брак на некого да му речам - со среќа и побргу на мекици да каните ,пример . Или на кумот на свадбата да му честитам кумство и да му посакам побргу да крсти .
    И ова не ми се допаѓа воопшто .
    Ама некако ми се испушта од уста доста често .
    Од маж некој немам слушнато ваква благошевка :)
     
    На mal.ecka, CameliaMiller, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Е како да не, сама си го праела.
    Демек не знајш ти дека сме задоени растени и живеени со идејата дека 'треба вака-треба онака'.

    Ќе речам дека не ми е гајле... на крај и нема да ми е, ама во моментот ко ќе слушнам нечија вербална дијареа, притисокот ми се крева.
     
    На CameliaMiller, Independent Girl, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    И што има страшно во тој адет така да се каже?
    Одговорот е само - дај боже, дај боже! - и толку.......
     
  20. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.219
    Пол:
    Женски
    Јас чуствувам притисок. Откако се земав, секој пат кога ќе сретнам некој од пошироко семејство ми викаат ИМА НЕШТО НОВО? И се смешкаат. Аман заман, ни година не сум во брак. Да не збориме што на секоја здравица викаат Ајде вие наредна година со бебе. И тоа од познаници кои не ми значат ништо во животов. А моите родители ми немаат спомнато ништо за деца буквално.
    Ми смета ама не пробувам да не се нервирам.
    А сакам дете. Се изнашетав, изградив бизнис, го пронајдов вистинскиот.
    Животот не ми е совршен ама нема ни да биде никогаш.
    Од страна на другарки кои имаат деца,не сум осетила притисок и не сум добила никакви коментари.
     
    На CameliaMiller, Independent Girl, Nigredo Odor и 3 други им се допаѓа ова.