1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Потеклото на притисокот врз жената да биде мајка

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од WildMk, 9 мај 2019.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Го избегавам тој 'адет'
    Обично викам: Се' што сакаш да ти се исполни.
    Од кај знам дали сака дете, или Ролс Ројс?
     
    На CameliaMiller, Biljarkata, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  2. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Мене повеќе ми се креваше притисокот мислејќи секој месец да не останам трудна..пуста мака на женскиов пол.
    Било како да сме задоени, глава не ме болела од такви моабети....едноставно сега луѓево се искултивизираа и не поставуваат многу прашања, ама сепак редот на нештата е тоа, жена да роди дете, да се продолжува лозата...ништо страшно.
    Кој може, може а кој не може, господ нека му поможе.
    притисок имаме од многу работи што се случуваат во светот, а дека баш од тоа кога трудна ќе останам и дали воопшто ќе останам е ствар на секоја единка, дали сака да разговара за тоа или не.
     
  3. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    А кога ќе бидеш баба и кога ќе ти велат ајде баба па на мекици за внукот да викаш, а!??
    Ќе се топориш како ајфилова кула:rofl:
     
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Е баш таквото размислување не чини.

    Што е битно чија лоза ќе 'продолжи'?

    Демек, без мојот генетски сет, светот нема да чини

    Ќерка ми неколку пати ми има речено дека не сака деца.
    Неколку пати ми има речено дека не сака маж, а сака дете.

    За ниедна изјава не сум ја прекарала.

    Ако роди и е среќна, ќе ми биде ќеф... Ако не роди и е среќна, пак ќе ми биде ќеф.
     
    На CameliaMiller, Someonespecial, Independent Girl и 3 други им се допаѓа ова.
  5. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    па зошто тогаш одиме на работа, зошто ствараме...за децата нели, да имаме што да им оставиме.
     
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.468
    Допаѓања:
    82.146
    Пол:
    Женски
    Не се секогаш од жени,ајде сега да не правиме драми без основа,ова ко оние муабети само жени оговарат,мажи не,а вистината е дека мажите се можда и поголеми трачари.:D
    И мажи вртат такви муабети,мене ми имаат мажи речено,ајде трето машко,им реков не сакам машко и што сега.
     
    На nextredstyle и WildMk им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    А за себе не можи?

    Има и мажи, ама поќето жени наметнуваат.
    И со тоа, услуга на мажите им прават.
    За да се продолжи патријархалната, шовинистичка пракса.
     
    На CameliaMiller, violetblue и nextredstyle им се допаѓа ова.
  8. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.649
    Допаѓања:
    161.739
    Пол:
    Женски
    Епа баш оти не кај секој пар одговорот е - Дај боже .
    Имав еднаш така малку непријатна ситуација и од тогаш се трудам да не благословувам на тој начин
     
    На CameliaMiller, nextredstyle, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Искрено, мене нема да ми биде баш топло околу срце, сакам внуци, сакаааааааааааааааааааааМ:hug::hug::hug::hug:
     
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    На една свадба.. Честитам на младата и младоженецот: 'Ај честито'.. - и младоженецот ми врати: 'Фала, и тебе по глава'. :rofl:
     
    На CameliaMiller, Biljarkata и nextredstyle им се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Јас прв дечко озбилен си фатив. И братучедка ми одма се омажи тогаш. Честитаме, сме се собрале на веридба. "Ај и на твоја глава". Мајка ко мајка, се запали да не ми се прибрза: "аааа, не фала, мала е таа". :rofl:
    Како го извади :D а знам дека ја јадеше црвот да не се заебам оти постар беше од мене едно 4-5 години. Треба некогаш да и кажам дека никогаш не ме убеди ни секс да имаме :rofl:
     
    Последна измена: 10 мај 2019
    На Harper, CameliaMiller, duffi и 5 други им се допаѓа ова.
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.692
    Допаѓања:
    116.545
    Пол:
    Женски
    Џабе се воспалија некои членки. |(
    Нема осуда за и кон тие што сакаат да имаат деца и што само уште тоа им треба за да бидат комплетни.Ако,ваше право си е. (y)
    Баш ние што не сакаме или бар за сега не сакаме,се чувствуваме осудени.
    Кога дечко,кога венчавка,кога ќе родиш дете ?
    Чекај,ќе се премислиш на 30...
    И од фамилија и од пријатели ги слушаме истите муабети,па и на форумов.
    Моите родители стално ме напнуваат за ова.
    А,бе,ај,жената само за тоа ли е?
    Ма,дај...
    Не е! |(
     
    На CameliaMiller, Herrera, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  13. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Секогаш на пошироки фамилијарни собиранки или општо прослави со постари луѓе, знам дека на репертоар ќе ме чекаат овие прашања, знаеш дека како помлада ќе бидеш во спотлајтот меѓу душобрижниците и треба да дадеш отчет до кај си со факултетот, работата како е ( аааа осигурана ли си ( мислиш во 2000та сме) , платата добра е, пуштија к15 ?!?! , што не го поведе дечкото, ааа немаш дечко како така, па во најубави години а сама, до кога мислиш така, те на Петранка ќерката што убаво живее со дечкото, ја прошета по цел свет - последно во Маврово беа, треба да се уозбиљиш уште малце дете ќе дојде на ред хе хе хе.

    Никогаш нема да им дадам одговор што сакаат да го чујат, ама никогаш. Поготово не на некои кои ги среќавам еднаш у годината. Дај боже, ќе биде, или во план сум, нема никогаш да изговорам ако стварно не го мислам тоа, па како сакаат нека се осеќаат
    Последно на слава бев, ем не си по такви ствари, туку идеш да ги испочитуваш, за да прават да ти е незгодно со тоа што ќе ти скокаат на глава со интимни прашања.
    Ми се запнаа со дечко thing и како ишло времето за дете, и сите очи во мене, бев надркана тој ден, и им реков не знам уште, кога ќе има нешто првин ќе се консултирам со сите вас и заеднички ќе донесеме одлука, не се секирајте ќе бидете известени за се. Мајка ми ме газеше по ногата под масата да се стопирам, ама пукнав. Овие заќутаа сите, ни а ни б.
    После тоа не се ни појавив пак кај нив, нека им текне зошто.

    Безобразие и простоќа.
     
    На smooch, Biljarkata, CameliaMiller и 12 други им се допаѓа ова.
  14. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Реин, јас ова „секоја жена треба да се чувствува комплетно и без деца“ го сфаќам како позитивна мантра, reassurance, empowerment.
    На ист или сличен начин би утешила блиска личност која има проблеми со самодовербата од било кој аспект. Било тоа да се осеќа надворешно неатрактивна, или не успеала да заврши образование/да најде одредена работа, а и сега тоа е доста тешко да се оствари, и поради тоа вели дека се чувствува помалку вредно и некомплетно. Било што и за сите проблеми што Блек најт еве ги наброила.
    Како така сме немале право да речеме некому дека не треба да се осеќа некомплетно? Зарем и на девојка што си го презира телото мислите дека не треба, та дури и немате право да ѝ „наметнете“ како да се чувствува? Зошто, зошто отскокнува желбата за дете од сѐ друго, и сѐ се сфаќа како навреда само кога таа е во прашање?

    Следниов дел нека го прескокнат оние на кои не им се читаат филозофии, посебно за феминизмот и патријархатот:

    @DAngel Енџи, те прочитав во другата тема за она - ќе излегло дека жениве уствари не сакаат деца, туку општеството ги тера така да мислат.
    Ти како бескомпромисен феминист, зарем навистина не гледаш влијание на патријархатот и во ова?
    Не мислиш ли дека да не е патријархатот, барем делче од жените на светско ниво кои поминуваат низ оваа голгота - наместо тоа би ги дишеле со полни гради тие години, среќни, со внатрешен мир и пред сѐ со нечепнато здравје од хормонални терапии?
    Не сум знаела како иде тој процес, да, но откако прочитав детали во темана, не би ми се ни згрешило веќе да кликнам на теми за вештачко. Не за друго, туку баш оти срце ми се кине, иако спротивното се сфаќа. Тортура е тоа, психофизичка и емотивна тортура.
    Во моја замисла за идеален свет, ниедна жена не би поминувала низ тоа.
    Такво размислување имам воопшто - почитувам од срце секој борец, но самата борба, страдање и болка не сметам дека апсолутно ниеден ги заслужува, ниту го учат нешто, ниту има причина за нив. Не сакам нивна глорификација и објаснување како потребни и правилни од било каков аспект. Поради ова и ја отфрлив целосно религијата.

    Значи пак ќе нагласам, зборувам за на светско ниво и за сопствени филозофии и утопија, а не за никого од тука.
    Мешање во туѓи животи е она што се прави во јавни фаци на пример, а не размислувањето во писмена форма на глобално ниво за општествени феномени. Ако е така, врвни интелектуалци, психолози и антрополози си го посветуваат цело постоење да се испомешаат во туѓи животи.
    Ве молам, ако ви е чувствителна темата, прескокнете ја цела и оставете да дискутираме и филозофски и хипотетички - доста беа навреди и преиспитување на нечија емоционалност и морал.
     
    На Biljarkata, CameliaMiller, Herrera и 6 други им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Дека секое сакање на деца е ради патријархатот? Во другата тема се жени кои очајно сакаат дете. Заради патријархатот сакаат очајно дете?
    Губите осет со реалноста. Ако ти не сакаш дете, не значи дека секоја жена не сака.
     
    На jacqueline.s, Harper, An-na и 9 други им се допаѓа ова.
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    ^Има уште еден аспект на феминистичката филозофија што ја начна, @Someonespecial.
    Многу жени се свесни дека сакаат деца и планираат да ги имаат. Но модерното општество ги тера на подоцна. Факултет, магистратура, работа, свој стан, доволно пари.
    И веќе е доцна.
    Има жени на 30 - млади се многу, но јајниците не им се. Да не навлегувам во хормони и глупости, доволно има по другите теми. Дали е наметнато од општеството? Па нормално дека било личен избор да чекаат ама да не се лажеме дека и со тоа чекај имаш време не се влијае на жените денес. Некогаш општеството влијаело патријархално, сега тоа останало од постарите генерации и некои подзабегани млади. Другите, либералните, влијаат во друга насока. И безброј жени се зезнале поради тоа па сега го одат патот на вештачко. Не затоа што патријархатот ги заебал, туку зашто сакаат бебе а не биле свесни дека им отчукува биолошкиот часовник.
    Јас би им рекла на сите млади што планираат подоцна да си замрзнат јајцеклетки, на пример. Ама глупо е да напишам такво нешто.
    Зашто секоја жена одлучува за себе. Нели тоа е поентата?
     
    На jacqueline.s, smooch, Harper и 6 други им се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.692
    Допаѓања:
    116.545
    Пол:
    Женски
    Никој не ги вреѓа тие што сакаат да имаат деца.
    Ако на некои им треба дете за комплетност супер,ама на некои не им треба,и тоа е супер.
    Џабе е ако жената има солидна плата,ако нервно не е способна да одгледува дете.И одлично е ако е свесна за тоа затоа што тоа значи дека има совест и морал.
    Општеството се меша,а не смее.Тоа е личен избор.
     
    На Herrera му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Чувството на некомплетност е последица. Мене еве ми е болно да читам дека некоја жена се чувствува некомплетна, самата тоа да го кажува. Од било која причина. А за секоја друга причина се смета за емпатија, додека тука е мешање и забегување од реалноста.
    Јас ваква млада жена не познавам, ниту сум слушнала ни прочитала слично чувство и искуство од некоја во Македонијава или Балканот.
     
    На Herrera и Purplelilac им се допаѓа ова.
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Па самото тоа ти кажува колку си неинформирана на тема неплодност.
    Каква жена не познаваш?
    Со pof? Eве да се запознаеме, мило ми е.
     
    На jacqueline.s, Harper, duffi и 5 други им се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Не е либералните. Пак не е до жените. Капитализмот е. Оти не е нормално да мора двајца да работат за да можат едвај да преживеат и да не можат да си дозволат дете. А секој сака да го пружа најубавото на децата. Не верувам дека би биле воркохолици баш да не мораме. Труди се, работи, ќе биде, ќе успееш, ќе напреднеш. А што убаво би било еден месец тој да работи, еден месец јас, да имаме сѐ и 2-3 деца плус на тоа и сѐ што ни е потребно. Никој не избрал повеќе од третина од денот во работа да го поминува од што му е убаво.
    Озбилно не познаваш? Никогаш никоја не рекла "не ни е сега време за деца?"
    Ти ако го оставиш сега факултетот и не го завршиш, ќе се чувствуваш ли комплетна? Сите сакаме секоја желба и цел да ни се исполни. Кога не ни се исполни не повредува. Еве, иди во темата кажи им "абе не сакате вие деца, општеството ве тера да мислите дека сакате.". Секој човек сака да е успешен. За некој успех се децата. Да не ја добиеш работата која ја посакуваш, секако дека е пологично дека ќе ги засукаш ракавите и ќе пробаш пак.
    Од една страна вика "не се откажувајте, одете на лекари", а од друга "абе да остајте, не ви требаат деца". Никако нема логика.
     
    На jacqueline.s, Harper, duffi и 5 други им се допаѓа ова.